Ајде малку да промовираме некоја од трките кои ни следуваат, па може ќе се најде некоја по ваш вкус.
Раштак треил
Планинска трка која за првпат ќе се одржи оваа година и тоа на 16ти септември. Има две трки, едната рекративна на 6.7 километри, а другата на 13.5 километри, првата има 300 метри качување вкупно, а втората (која патем е два круга од рекреативната) има нормално 600. Да напоменам, дека котизацијата за истава трка е бесплатна, а организаторот ве носи со Јсп автобус до стартот, а и има парични награди за првите тројца + некое картонско медалче за спомен. За бесплатна трка, сепак доста се потрудиле, некои наши трки на кои што се плаќа котизација за награда даваат тефтерче и ваучер 1000 денари за патики од 150 евра. Како и да е, секој кој што сака да се прошета низ планина на ова не баш популарно место (освен ако не сте Радишани/Љубанци тој крај), а притоа и да притрчка малку на чист воздух, еве му една одлична бесплатна можност. И да се пријавувате само со стискање гоинг на евентот на Фб, директно ве пишуваат на стартна листа
Крали Марко треил
Оваа трка е веќе традиција, се одржува во Прилеп секоја година и ако не се лажам е најмасовна планинска трка во нашата мила земја. Лани имаше една трка 100км+, оваа година ја тргнале, но останатите 16км, 34км и 67км остануваат. Не сум трчал на тркава, ама мислам дека организаторите коректни се со маркирање, вода, медали и сите работи, но проблем правеа локалното население кое ја менуваше трасата и многу многу луѓе се губеа и ја промашуваа патеката... Трката се одржува на 21ви септември.
Десетта трка во Најк лигата
Овие се тие трките што почнуваат кај скејт паркот кај Жабарот, се трча до палас и назад. Секој си трча, претходната учевствуваше и човекот во количка, ако се сеќавате на скопски со син му што истрчаа полу или цел маратон. Тркиве се тотално за дружба, така да слободно пробајте се ако сте слободни, независно од вашата спремност. Трката се одржува на 30ти септември
Скопје ран 10км
Оваа е трката на илинденска лани што се случуваше за првпат. Лани доста добра организација беше, мислам за првпат имаше новитет на фб автоматски да ти излагаат сите слики од трката каде што го има твојот лик, без ти да се бараш по огромни албуми и слично. Лани имаше доста учесници, така да можете да се пробате, времето би требало да е погодно за трчање, со оглед на тоа што трката е на 7 октомври.
Уште неколку трки за кои немам многу информации што да пишам, а може да ги разгледате се и
Born 2 Run Kumanovo и
Китка треил. Во октомври имате и полумаратони во Солун(ноќен), Софија и Подгорица, а сега во септември и во Белград, ако сакате нешто надвор од Мкд, може да ги ѕирнете.