Ех, FlashForward... Уште не ми се верува како со толку јак пилот ја заебаа серијата после 4та епизода...Првава епизода е фантастична... ама не сакам да судам според неа. И Flash Forward ветуваше многу повеќе од старт и на крај не испадна ништо.
Ќе има многу ликови, тоа е сигурно. И тоа од животот на Кифер. Работел како новинар а после тоа и на милион други места. Сигурно од таму ќе има ликови, слично како со типот кој не успеал да ја спаси жена му. Тие ликови ќе значат нешто за него ова она. Плус ќе има зашто и како малиот има таква способност. Ништо чудно и да отидат на погорно ниво и малиот да предвиди терористички напад, нели е Кифер за тоа специјализиран. И то.Добро беше, ама според вашиве коментари очекував многу подобро.
Сакам научна фантастика, ама да биде добро осмислена. Малце беше "оглупавена" серијава, премногу се користеше 318 (пожарникарот, датумот, саатот, автобусот), едноставно премногу и ми стана одбивно. Ама морале така, за да сфатат глупиве Американци.
Кифер беше добар, ако Гловер има постојана улога серијата ќе добие на квалитет и...таа социјалката не ја знам, не глумеше лошо. Проблемот е, за да биде успешна ко првава епизода, треба да се менуваат ликовите кои ќе бидат "допрени" секоја епизода, да видиме како ќе се движи тоа. Ако останат на истиве ликови, ќе и се случи фејл, скоро сигурен сум.
Па и подобро да не вадат сезони ако тоа значи заебување на приказната т.е. серијата. Ете, баш за Heroes, колку добро си идеше првата сезона, па извадија втора (што веќе беше послаба) и на почетокот на третата се откажав...Денес го изгледав пилотот и дефинитивно е еден од подобрите почетоци на серија што сум ги гледала.
Сепак имајте предвид дека вакви приказни знаат тотално да се заплеткаат без врска и да се изгубат сценаристите во својата работа. И Heroes стартуваше бомбастично ама после падна премногу. Јас ќе продолжам да ја гледам, да видам како ќе се развива.
П.С Ваков тип на серија нема шанси да извади повеќе од 4 или 5 сезони. Ај да видиме дали сум во право