Touch

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
Одличен беше пилотот, ако бев разочаран од Алкатраз од оваа сум одушевен. Се надевам ќе продолжи во исто темпо.
 
Ауу многу добра серија,браво.
Кога излегува втора епизода?

едит: најдов
19 март :tapp:
до тогаш ке забравеме на серијата..
 
Првава епизода е фантастична... ама не сакам да судам според неа. И Flash Forward ветуваше многу повеќе од старт и на крај не испадна ништо. :)
 
Првава епизода е фантастична... ама не сакам да судам според неа. И Flash Forward ветуваше многу повеќе од старт и на крај не испадна ништо. :)
Ех, FlashForward... Уште не ми се верува како со толку јак пилот ја заебаа серијата после 4та епизода... :(
 
Да не повторувам се што беше напишано досега. Супер старт, посебна сцената со сликите на плоштадот. Многу моќно беше претставено.
Има надеж во серијава, ќе видиме до каде ќе избутка.
 
Врв, незнам за вас ама мене морници ме полазеа...
Се надевам дека нема да ја усерат серијава, одличен одличен старт
 
Добро беше, ама според вашиве коментари очекував многу подобро.

Сакам научна фантастика, ама да биде добро осмислена. Малце беше "оглупавена" серијава, премногу се користеше 318 (пожарникарот, датумот, саатот, автобусот), едноставно премногу и ми стана одбивно. Ама морале така, за да сфатат глупиве Американци. :)

Кифер беше добар, ако Гловер има постојана улога серијата ќе добие на квалитет и...таа социјалката не ја знам, не глумеше лошо. Проблемот е, за да биде успешна ко првава епизода, треба да се менуваат ликовите кои ќе бидат "допрени" секоја епизода, да видиме како ќе се движи тоа. Ако останат на истиве ликови, ќе и се случи фејл, скоро сигурен сум.
 
Ќе има многу ликови, тоа е сигурно. И тоа од животот на Кифер. Работел како новинар а после тоа и на милион други места. Сигурно од таму ќе има ликови, слично како со типот кој не успеал да ја спаси жена му. Тие ликови ќе значат нешто за него ова она. Плус ќе има зашто и како малиот има таква способност. Ништо чудно и да отидат на погорно ниво и малиот да предвиди терористички напад, нели е Кифер за тоа специјализиран. И то.
 
Ја симнав само ради добрите коментари на темава...сеа, кој ќе чека следна епизода :)

Има огромен потенцијал серијава, а истиот може да се искористи за да излезе серијава одлично или да се усере тотално..

за првава епизода, палци нагоре! :)
 
Денес го изгледав пилотот и дефинитивно е еден од подобрите почетоци на серија што сум ги гледала.
Сепак имајте предвид дека вакви приказни знаат тотално да се заплеткаат без врска и да се изгубат сценаристите во својата работа. И Heroes стартуваше бомбастично ама после падна премногу. Јас ќе продолжам да ја гледам, да видам како ќе се развива.

П.С Ваков тип на серија нема шанси да извади повеќе од 4 или 5 сезони. Ај да видиме дали сум во право:)
 
Па и подобро да не вадат сезони ако тоа значи заебување на приказната т.е. серијата. Ете, баш за Heroes, колку добро си идеше првата сезона, па извадија втора (што веќе беше послаба) и на почетокот на третата се откажав...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom