Кој се победниците од 9 и 10 знае некој?
Од клубот Кастро ни испратија две интересни информации. Еве ја првата: Вторите двајца финалиста од Тотал Дем-о Фестот се: Фул Стоп и Серпентин Фајр од Скопје. Тие на 24-ти јануари ќе им прават друштво на Хив Кру и Д.Ц. Бараба и Ерор, победниците од хип-хоп вечерите во рамките на фестивалот.
Следниов викенд се очекуваат и последните двајца финалисти.
Втората вест вели дека во вторник (за Стара Нова Година), во клубот Кастро од 23 часот па натаму, ќе настапат 2 состава кои последователно ќе се менуваат до раните утрински часови.
Тоа се Брејкдаун Бенд и Џеилбејт!
Повелете!