Тоше Проески

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Секогаш лудиот и пијанот ја кажуваат вистината ај баш да видеме дали има нешто точно. Кажува некои работи за кои има нешто сумливо пример човекот со камионот, продуцентите, перење пари и др работи. Никој од нас не е знаел Тоше кои непријатели ги имал, какви работи правела неговата продуцентска куќа, и на него не му е било се чисто. Имаше изјава дека и пред 16.10.2007 дома на неговите им се јавувале дека Тоше загинал и затоа кога се случила несреќата неговите не верувале мислеле дека е лага.
Или ќе излезе книгата на овај или пред време ќе биде испратен во пеколот.
А за изјавата дека е жив не е точно бидејќи пред да го закопат по барање на татко му сандкот го отворија, имаше линк на јутјуб на кој се се гледа и сега е избришан. ;)
 
Уште ли пари ке прават од Тоше, концерти, цдеа, па сега книги...
 
А да го оставевте човекот да почива на мира и вие и тој новинарот и сите,јас незнам зошто воопшто уште се дискутира на оваа тема кога факт е дека што и да се докаже ништо од тоа нема да ја врати нашата легенда меѓу живите!
 
Според мене типот сака да си го исплати трудот во кој што има вложено 4-ри години како што вели тој
Тоше беше голема звезда штета што тоа му се случи и нековиот живот заврши на тој начин, од друга страна пак има и некои неправилности ај да ги кажеме како што ги споменува Божиновски мада со него не би се согласил за многу работи

(Работата = Успех) Доколку најдеш некоја интересна приказна во случајов смрта на Тоше напумпаја додаи и некои елементи кој што ќе предизвикаат сомнеж и неправилности и како таква продаја. Нормално средствата кој што ќе ги собереш потенцирај дека ќе одат во "Хумани цели" ( деца без родители, нешто за Тоше манастир ) дека луѓето кој што ќе дадат пари да не помислат дека ќе ти го пунат џебот дека тие пари ќе идат за некое добро.

Во генот на нас луѓето е да не привлекуваат ваквите работи, дури и ќе платиме само за да прочитаме некоја приказна од некој си што нема што друго да прави со животот него да копа и ако нешто не најде па и да си изммисли нешто само за да шпекулира и да интригира.

Начинот на размислување мој е ваков:

1. Ако не му е до Пари како што наведува он зашто барал воопште некој да му ја издаде книгата
2. Ако до толку не сака од книгава да спечали зашто неговиот труд не го стави ОНЛАЈН односно нека си направи НЕ Профитерско Интернет издание
3. Кој денеска чита книги и така сме сите на комјутери
4. Прашај го дали ако јас ја купам книгата и ја ставам онлине дека мене нема да ме Тужи

Се е за профит, се е за пари
Верувам дека од насобраните пари ќе избере таква дестинација што ни името нема да му се чуе а тука некој ќе го направат Бог
Уствари не што ќе бега, ќе направи Смрта на Тоше Vol.2 со нови докази и трудови, може за 10 год ќе излезе како Тоше живее на некој остров и има 5-6 деца 2-3 жени и како пак сакал да се врати во Македонија .... аа кажи дека не ве заинтригирав :tapp:
 
Изгледа да. Затоа ќе видиш како ќе му се разграба книгата кога ќе излезе.
--- надополнето: 10 март 2012 во 14:36 ---
Изгледа да. Затоа ќе видиш како ќе му се разграба книгата кога ќе излезе.
--- надополнето: 10 март 2012 во 14:45 ---
- чекај малку, стрпи се да видиме дали ќе излезе,
да не му најдат од “влада“ некоја грешка во слики,
во точка и запирка или во нов ред голема буква и сл.
па отиде сето во “ѓубриште“ - џабе печатењето ало..
 
Зошто е темава во музика? Каква врска има со музика? Ова повеќе би идело во мистерии, кога веќе нема подфорум "бесмислени теории на недоветни умови желни за внимание и пари" :cautious:
 
Леле колку е напорен човеков...:facepalm: Чисто само сака да добива внимание, досаден е и тој е единствениот што си верува во информациите што ги пласира во јавноста.:вонзем:
 
Да не може чоек да умре на раат.
 
Дефинитивно е шизофреник... сигурно си умислил нешто у главата штом помешал и баби и жаби. Леле, значи какви се не лудаци се движат помеѓу нас, страшна работа :tapp:
Не се движи помеѓу нас, избеган е во Хрватска. Кога живееше и работеше во Куманово се ср’чка со некои битанги кои му дојдоа у радио и го истепаа.

Туку... да не судиме предвреме, можеби го имаме следниот Ден Браун пред нас, но не можеме да го препознаеме.
Парите ќе оделе како донација во дом за сираци, така разбрав.
Скокотни ме да се насмеам.

Зошто е темава во музика? Каква врска има со музика? Ова повеќе би идело во мистерии, кога веќе нема подфорум "бесмислени теории на недоветни умови желни за внимание и пари" :cautious:
Кога минатиот пат имаше буквално иста ваква тема, уште после 3-4 мислења ја заклучив и фрлив во Канта.

Со другите модератори ќе се договорам кај да ја префрлам, бидејќи темава дефинитивно нема врска со Музика.
 
Луѓе шо ви е на вас сите бе?? Тоше или стварно загина или пак си ја лажираше смртта како Елвис Присли за да се тргне од јавноста. Ако умрел тогаш е умрен во сообраќајна несреќа пошто НА НЕГОВОТО ТЕЛО ПО ОБДУКЦИЈАТА НЕ БЕА ПРОНАЈДЕНИ НИ УДАРНИ РАНИ НИ УБОДИ ОД НОЖ НИ КУРШУМИ. И дај престанете да ширите дезинформации и остајте го човекот да си почива во мир.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom