Тоше Проески

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Daa i ja sum ZA temava, tie so stvarno go slusaa Tose, mu gi kupuvaa cedinjata i sega go slusaat. Ne togas ko pocina tie so do vcera ni na koncert ne mu bile, ni pa kupile edno cd od nego plakaa, rikaa, a sea ko pomina vreme takvite i go zaboravija. Vakva legenda ke zivee vecno i zasluzuva da zivee vecno i zasluzuva da ima aktivna tema na site forumi.
 
The Hardest Thing во Украина

3D3AB9B237A93B458695BBC75FF4FB7A.jpg


Во популарната радио-емисија во Украина - Битка на вкусови, во која секоја недела гостуваат две познати личности од украинскиот јавен живот и предложуваат по еден свој фаворит - песна, Виталиј Козловскиј нам добро познат по гостувањето на концертот на Тоше во Охрид 2006-та, како и по учеството на Големиот хуманитарен концерт во чест на Тоше на 5. октомври 2008 година, за свој фаворит во битката на вкусовите ја предложи песната The Hardest Thing.

Во моментов песната на Тоше води, а ако победи ќе стане Хит на радио станицата за следниот период. Гласањето е отворено и преку Нет!
 
Во моментов песната на Тоше води, а ако победи ќе стане Хит на радио станицата за следниот период. Гласањето е отворено и преку Нет!
The hardest thing убедливо води, а неговата предност константно се зголемува од минута на минута, доказ дека нашиот Тоше е ценет надалеку од Македонија и Балканов, а верувам дека така ќе биде уште долго време:smir:
еве ја моменталната состојба на гласањето

tossee.jpg
 
РАЗГОВОР СО ДОРА РИСТЕСКА, СЕСТРАТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ
Ако е Божја волја,Кристијан нека оди по патот на Тоше
Немам сила повторно да се соочувам со сите успеси и разочарувања што брат ми ги помина во текот на својата кариера, но љубовта кон музиката кај син ми е преголема и ќе го поддржам во желбата да пее, вели Дора
42C273F02203D84CB814620D724B29DF.jpg

Дора: Наша желба е да останеме сами со болката, но очигледно тоа е невозможно
Велат, со текот на времето човек учи да живее со болката предизвикана од голема трагедија и наоѓа начин да ги лекува раните. Но пораката на оваа стара изрека не може да се почувствува при посетата на семејството Проески. Се чини дека таму времето застанало на 16 октомври 2007 година, денот кога загина нивниот син. Се' е исто како и пред една и пол година. Тагата лебди во секој агол на домот, а тишината ја нарушува само детскиот џагор на Кристијан (11) и на Никола (5), децата на Дора, сестрата на Тоше. Видливо скршена од болка, додека зборува за него солзи и' се слеваат низ лицето. На моменти и' се губи гласот. Шест години постарата сестра на Тоше се' уште не може да поверува дека нејзиниот сакан брат повеќе го нема.

- Многу е тешко. Се трудиме да живееме, но никако не можеме да се помириме дека се случи таква трагедија во нашето семејство. Секогаш сме со мисла дека од некаде ќе се врати. Механички ги извршувам нештата. Одам на местото каде што е тој. Дури не можам да го наречам тоа место - негов гроб. По трагичниот настан не одам повеќе на работа. Не излегувам никаде, бидејќи секаде се слуша неговата музика. А јас не можам тоа да го издржам. На моите сега им требам најмногу. Затоа поголем дел од времето го минувам со нив.

* Како се твоите родители?

- Исто како и првиот ден кога се случи трагедијата. Одат двапати дневно на гробот на Тоше. Секоја вечер во 21 часот го палат кандилото во манастирот „Св. Преображение“, а потоа си доаѓаат дома. Сите денови се исти. А секој нов ден носи поголема тага.

ГО СУНУВААТ ВО ЦВЕЌЕ

* Во текот на изминативе една и пол година многу луѓе од Балканот и пошироко го посетуваа неговиот гроб, но доаѓаа и во вашиот дом. Како ги издржувавте тие мигови?

- Тоше ги сакаше луѓето, беше дружељубив и вратата на нашиот дом беше секогаш отворена за сите. Сакавме да ја продолжиме таа традиција и до пред извесно време ги пречекувавме сите што доаѓаа во домот на моите родители. Но, одеднаш ги изгубивме и последните атоми од силата, а здравјето на моите родители стана се' послабо. И денес доаѓаат луѓе на неговиот гроб, а потоа одат во манастирот „Св. Преображение“. Сите се тажни. Видливо е дека загубата на Тоше многу ги погодила.

* Што најчесто зборуваа за него?

- Некои од нив кои го познаваа се присетуваа на средбите со него. Други, пак, раскажуваа колку бил хуман и како им помогнал. Многу од нив зборуваа дека им се појавил на сон и ни ги раскажуваа соништата. До неодамна ги запишував во посебна тетратка речиси сите нивни соништа. Претежно го сонуваат во убава ливада со многу цвеќиња. Во два случаја, на луѓето што го сонувале им порачал дека неговото вечно живеалиште сака да биде во манастирот, каде што го пронаоѓал својот мир. Но, тоа се само соништа. Многу необична беше случката за која не' известија луѓето од околните села. На третиот и на деветтиот ден од смртта на Тоше тие виделе светлосен лак што се појавил над градот и по извесно време паднал точно на Гумење. Дури почнале да се јавуваат кај луѓето во Крушево да прашуваат што се случува во нашиот град. Ние не видовме ништо, затоа што таа вечер имаше магла и беше врнежливо. Но, луѓето тврдат дека тоа се случувало и дека го гледале со свои очи.

* Го сонуваш ли често?

- Секоја вечер се молам да ми дојде барем на сон да го видам. Но, тоа се случило само двапати. Беше облечен во белите тренерки што ги сакаше, ме прегрна, ме бакна и си замина.

* Во текот на неговата кариера, вие со семејството бевте настрана и никогаш медиумски не се експониравте. По неговата смрт сте во центарот на вниманието. Како ја доживеавте таа промена?

27F7821BFB57854C86C60264FE55CD2B.jpg

Кристијан, Никола и татко им Славе низ разговор за Тоше ги чуваат убавите спомени
- Многу тешко. Од сите страни буквално бевме медиумски бомбардирани. Ја разбирам и ја почитувам вашата работа. Затоа би сакала да ја разберете и нашата и ситуација и големата болка. Некогаш ќе прочитам некоја информација за брат ми, но често за пишувањата за него дознавам од мојот сопруг. Наша желба е да останеме сами со болката, но очигледно тоа е невозможно.

* Неодамна името на Тоше беше инволвирано во судскиот процес меѓу Андријана Будимир и Лилјана Петровиќ. Имате ли коментар за тој случај?

- Немам. Тоа е нивна работа. Беше тажно што името на мојот брат се споменува во таква конотација и во судски процес. Но ние, како семејство, во овој случај сме немоќни.

САМО БЛАГИЦА НИ ДОАЃА

* Зборуваше ли Тоше пред вас за својата интима?

- Да, многу бевме блиски. Знаев за сите негови вљубувања и разочарувања. Често бараше совет од мене. Некои од неговите девојки и пријателки ги носеше на гости во домот кај моите родители. И сите беа пречекани најпријателски и со многу љубов. Но знам дека приватноста не сакаше никогаш да ја експонира во јавноста. Беше тажен кога во некој медиум ќе прочиташе нешто поврзано за неговиот приватен живот.

* Дали некои од неговите пријателки доаѓаат и денес во домот на твоите родители?

- Само Благица од Неготино. Прекрасна девојка, која уште тагува по мојот брат и веројатно овде, во нашиот дом, бара утеха за својата болка.

* А Андријана?

- Последен пат беше кај моите родители на девет дена од смртта на Тоше. Не комуницираме со неа, но, ве молам, не би сакала да зборувам за тоа.

* Дали ги слушаше песните од англискиот албум на Тоше и дали го виде документарниот филм за него?

- Не. Не можам да го слушам неговиот глас, ниту да го гледам ликот на Тоше на телевизија. Ниту јас, ниту моите родители. Тоа за нас е преболно и претешко. Моите родители воопшто не го вклучуваат телевизорот, а кај мене, поради децата, се вклучени само каналите со цртани филмови.

* Песната „My little one“, што вашиот постар син Кристијан ја сними со Тоше, доживеа премиера на големиот хуманитарен концерт што се одржа лани на 5 октомври на Градскиот стадион. Како го испративте Кристијан на тој голем настан?

- Го испратив со солзи и со многу болка. Се присетив кога Тоше замина на својот прв настап. Додека се одржуваше тој концерт, бев дома кај моите родители и немавме сила да зборуваме, бидејќи само плачевме.

* Многумина во Кристијан го бараат наследникот на Тоше. Ќе го поддржите ли ако реши да гради музичка кариера?

- Тоше и Кристијан беа многу поврзани. Тој му ја всади љубовта кон музиката и постојано го учеше да свири и да пее. Но никогаш не сакаше да ги експонира своите внуци во јавноста. Се сеќавам кога го снимаше спотот за песната наменета за УНИЦЕФ, „Мојот свет“, во кој се појавуваат многу дечиња. Мајка ми тогаш го праша: „Зошто не ги зеде и нашите внучиња да се појават во спотот?“. Тој само се насмеа и и' одговори: „Кристијан е многу талентиран. Ќе дојде време кога ќе и' се претстави на јавноста. Засега сакам да го држам понастрана, бидејќи е тешко да бидеш дел од естрадата“. Навистина, патот на мојот брат беше многу тежок. Успеа да ги совлада сите разочарувања бидејќи премногу ја сакаше музиката. Затоа, немам сила повторно да се соочувам со сите тие нешта. Ќе ми биде тешко ако и Кристијан тргне по музичкиот пат. Сепак, ако има желба, а гледам дека и кај него љубовта кон музиката е преголема, ќе го поддржам. Мојот брат беше единствен и не би сакала да го споредувам со никого. Но ако е Божја волја, Кристијан нека го продолжи неговиот пат.

* Како тој и вашиот помал син Никола ја доживеаја смртта на Тоше?

- Кристијан беше како во шок и многу тешко го прифати тоа. А Никола, и денес често го бара и прашува: „Кога ќе си дојде мојот најмил вујче од пат?“

94449A7D76C78D4CAC2EB3F565A4B330.jpg

Местото на тага и спомени секогаш покриено со цвеќиња

МИ ОСТАВИ 26 ПЕСНИ

* Тоше остави многу песни зад себе, кои ги создаде сам и не се промовирани во јавноста. Знаете ли за какви нумери станува збор?

- Последен пат слушнав две негови нови песни, една недела пред трагедијата. Ме викна и ми рече: „Цеце, слушај што сум направил“. Тоа беа нумери во рок-стил, кој најмногу го сакаше. Потоа, го затвори синтисајзерот и ми се обрати со зборовите: „Овде имам 26 песни со музика и текст. Им недостигаат само аранжмани. Те молам, чувај ми ги“.

Тие композиции ќе се појават на нов, постхумен албум на Тоше. Но, не би знаела да ви кажам кога.

* Тоше често истакнуваше дека и ти многу ја сакаш музиката и дека убаво пееш. Дали е точно дека инсистирал да ги пееш придружните вокали за албумот „Игри без граници“?

- Да, тоа беше негова желба. Но не ја прифатив таа идеја бидејќи сум многу повлечена и срамежлива.

* Почна изградбата на Спомен-куќата, а наскоро и на меморијалниот центар. Ќе најдете ли таму барем мала утеха за вашата болка?

- Со Спомен-куќата ќе продолжи да живее споменот на Тоше, што тоа е мала утеха за нас. Но и' благодарам на Владата за се' што направи, им благодарам и на сите луѓе кои покажаа безрезервна почит кон ликот и делото на Тоше и кон нас како семејство.

извор:дневник
 
DVD-то на Тоше од Скендерија во Југотон

2D5CDF8E2E923546BA3FE610624CDD2A.jpg


Во музичката продавница Југотон во Скопје од неодамна се најдоа во продажба DVD-то од концерт на Тоше Проески во сараевска Скендерија, и аудио-CD, кое претставува звучна снимка од истиот материјал. Сите фанови можат да ги набават по цена од 300 денари (исто чини и DVD и CD). Двете изданија се во продукција на белградската издавачка куќа Хај-Фај центар.

На албумот се наоѓаат вкупно 24 теми снимени на концертот во Скендерија во 2006-та година. Аудио-цеде содржи 20 композиции. На DVD-то Тоше за прв пат ја отпеа Тако ти је мала моја..., од репертоарот на Бијело дугме, но и антологиските: Мој дилбере и Бацила је све низ ријеку, од легендарните Индекси.

21545DC7016A57419E0C17C18DD4E99D.jpg


Станува збор за изданија кои мора да ги има секој колекционер на делата на музичкиот великан Тоше Проески!

ИЗВОР!
 
Уште еден мегахит на Тоше

СЕ ЧЕКА УШТЕ ЕДНА ПЕСНА ОД ТОШЕ
Још увек сањам да смо заједно чека зелено светло за објава


0D2DAA854C65374C988974EDD66058DB.jpg
Наводната изјава на познатиот хрватски композитор Мирослав Рус дадена за српските медиуми, а во која се вели дека синглот "Још увек сањам да смо заједно" ќе биде пуштен на втората годишнина од смртта на Тоше Проески, нема врска со вистината. Според менаџерката на Проески, Љиља Перовиќ се уште не е решено кога песната ќе биде пуштена во јавноста бидејќи за тоа треба да се донесе заедничка одлука со семејството на трагично загинатата ѕвезда.

"Да, Рус би сакал песната да се промовира на годишнината, но се уште со семејството не е прецизирано кога и на кој начин тоа ќе биде реализирано", ни рече Петровиќ, додавајќи дека промоцијата ќе биде направена во периодот кој ќе се смета за најсоодветен.
"Још увек сањам да смо заједно" е работена во времето кога се снимаше последниот албум на нашата најголема музичка ѕвезда "Игри без граници", а инаку е комплетно завршена и само се чека зелено светло кога ќе се пушти.
 
Македонскиот фестивал во Лондон ќе го отвори филмот за Тоше

BC48313CF4351249BB32DB895EE154D7.jpg


Од 23. април до 7. мај во Лондон ќе се одржи вториот по ред Македонски филмски фестивал. Фестивалот не се одржува секој ден, туку предвидени се шест фестивалски дена во текот на кои ќе можат да се видат шест филма, а публиката ќе може и да поразговара со некој од гостите.

За отворањето на фестивалот, кое е закажано за 23 април, резервиран е филмот за нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески, The Hardest Thing на Боштјан Слатеншек. Како што знаете, танува збор за документарниот филм направен во англиско-словенечко-македонска копродукција, кој го следи создавањето на неговиот последен албум.

02BB45B70E9F3747B2A7D626C3C43288.jpg


Оваа манифестација е во организација на Круг - група индивидуалци, чија цел и идеја е да ја презентираат македонската култура, традиција и наследство. Отворањето на фестивалот и останатите денови се одржуваат во киното Принц Чарлс, а затворањето ќе биде во Британската академија БАФТА.

За разлика од лани кога на овој фестивал беа прикажани малку понови македонски филмови, годинава публиката во Лондон ќе може да види неколку од постарите наши антологиски филмови. Меѓу нив се Среќна Нова 49 од 1986 и Солунските атентатори од 1961 година...


Утрински весник

(превземено)
 
Во Хрватска, и понатаму, голем интерес за Тоше!

57657F37FB1DBB4FB50BA470F46BE6D4.jpg


Според официјалната топ-листа на најпродаваните албуми во Хрватска, изданијата на нашата музичка легенда Тоше Проески и понатаму се меѓу најбараните.

Имено, актуелното CD The Hardest Thing на листата на лиценцни изданија се наоѓа на десетото место, додека Игра без граница е меѓу првите 40 – на 34-та позиција. Обата албума во Хрватска се во издание на Хит рекордс.

Но, тоа не е се. На ХрТоп20 листа, во делот за поп-рок музика, синглот на Тоше – Среќно, не криви ме, од албумот Игра без граница, цврсто ја држи првата позиција. Зад него, со безмалку 400 гласови помалку се најде Тони Цетински...


ИЗВОР!
 
VIDITE JAS SLUCAJNO GO NAJDOV OVA NA YOU TUBE KOMENTARI NA EDNA PESNA OD TOSE I GO KOPIRAV OVDE!!!

Tose Proeski,rodjen 25.01=26,
umro 16.10=26, u sati =26,
tose 26godina,
1997 je poceo radit pjesme 1+9+9+7=26,a 26 (Gematria), 26 znaci Gospod!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
menadjerka Liljana(49), vozac Gjorgji(32)>> 2+6+4+9+3+2=26
26*26*26=17576 (1+7+5+7+6=26)
 
Вториот македонски филмски фестивал во Лондон се отвори со филмот за Тоше Проески

831A35727AE32944B1F7D9DFB63340E2.jpg


Вториот по ред македонски филмски фестивал во Лондон почна синоќа со прикажувањето на филмот Тоше - The Hardest Thing, на словенечкиот режисер Бостјан Слатеншек, посветен на страствената и бескрајна љубов на Тоше Проески кон музиката и на подготовката и изработката на британскиот музички компакт диск на трагично загинатата македонска пејачка ѕвезда, јави дописникот на МИА од Лондон.

Како гостин на вечерта присуствуваше музичкиот продуцент на Тоше во Велика Британија Енди Рајт, кој по проекцијата на осумдесет минутниот документарен филм, снимен во Лондон, Скопје, на Јамајка и во Дубровник, како и на мегаконцертите на скопскиот градски стадион и во белградската Арена, кусо зборуваше за својата работа со македонскиот пејач.

4787EDFEDDE2FF408D77B0F72BA39A38.jpg


Филмот е тажно потсетување за човекот што го нема повеќе меѓу живите, но Тоше ќе остане засекогаш запаметен по својот талент и по својата веселост и бодрина, рече продуцентот Рајт.

Годинешнава смотра на македонскиот филм во британскиот главен град продолжува со филмот Контакт на Сергеј Станојковски. Во текот на фестивалот британската публика и Македонците кои живеат и работат во Велика Британија ќе може да ги видат и филмовите Среќна Нова 49 на Столе Попов, Солунските атентатори на Жика Митровиќ, снимен во далечната 1961 година и најновото документарно остварување на Киро Урдин Вода и оган.

Претпоследната вечер на фестивалот е посветена на македонскиот режисер Антонио Митриќески и на проекцијата на неговиот игран филм Преку езерото, како и на документарецот Љубовта на Кочо Топеничаров. Фестивалот се затвора со филмот Прашина на Милчо Манчевски.

ИЗВОР!
 
Игралиште на кое спортувал Тоше причина за протест

67601B968BA3F74284C59900F2AF9D9A.jpg


Со песни од Тоше, и со македонски ора денеска во Крушево фановите на Проески, протестираа против дислокацијата на спортското игралиште во центарот од градот – објави Канал 5 телевизија во своите попладневни вести.

Крушевчани и обожавателите на големата поп ѕвезда Тоше Проески велат: Со пари од ФИФА игралиштето беше поставено пред четири години. Тука Тоше играше одбојка, кошарка и мал фудбал. Поради тоа локалните власти направиле грешка кога одлучиле да го дислоцираат за да изградат градски пазар.

10A83632A458C04E891655137C77E9A0.jpg


Наводно поради страв да не бидат видени од локалните власти, крушевчани серџиски од страна го следеа и го коментираа протестот. Но, истовремено и со различни ставови. За спортското игралиште. За катна гаража или пазариште.

Локалните власти со свој и став на семејството Проески. Да не се манипулира со името на Тоше.

BB0ADA686BDEE1439E324C50DF56CD14.jpg


Привремениот спортски објект ќе биде дислоциран. Доколку се најде решение со сопственикот на локацијата ќе се гради градско пазариште. А ќе се решава и проблемот со паркинг простор во Крушево – стои во веста објавена на Канал 5 телевизија.


ИЗВОР!
 
Споменик во чест на Тоше Проески

DC1A2E4355401149B35C88CAFE6881EF.jpg
Познатиот вајар и книжевник Борис Стапарац, кој во селото Житиште направи споменик на Роки Балбоа, неодамна ја заврши и скулптурата на нашата музичка легенда Тоше Проески. Статуата е висока два и пол метра, а е изработена во моделиран бетон. Тешка е повеќе од една тона, и по потреба може да се излие во бронза.

Во една од молитвите во светиот храм го почувствував духовното присуство на Тоше и истиот момент знаев дека морам да го извајам. Знаев дека морав да го замолам Господа да создадам дело достоинствено на неговата убавина – вели Борис, и додава:

Убавината на Тоше е огромна. Ако некој ја имаше насмевката на ангелот, гласот на серафим и поглед полн нежност и љубов – тоа беше Тоше – вели авторот, кој на споменикот на македонскиот великан му се посветил цела година.

За сега не се знае каде ќе биде поставен споменикот, а веќе се заинтересирани неколку градови од поранешна Југославија.

По споменикот на Тоше, Борис Стапарац има намера да изваја споменик на боксерот Мохамед Али.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom