Каде и дали треба некаде да реагирам или да се жалам ? Балкан Енерџи груп е криминал !
Најнапред Ви пожелувам Добродејде и секое добро на Вас и Вашата Фамилија.
Бакан енерџи е само преименувана Топлификација. Се работи за исти вработени, исти директори, сместени во исти згради .
Она што од Вас бараат да им платите, не се должи на „ поминување на цевки “ и „ топли ѕидови “, туку на одлука на Регулаторната комисија.
Овде можете да ги погледате Правилата врз основ на кој Ви праќаат фактури:
http://www.erc.org.mk/odluki/2012-07-30- PRAVILA SNABDUVANJE TOPLINSKA ENERGIJA.pdf
Според член 66, ставовите 1 и 2, од оваа одлука сите исклучени корисници се присилуваат да повторно се приклучат. А ако одбијат, се присилуваат неограничено долго да и плаќаат на Топлификација, надомест за некаква „ ангажирана моќност “.
За овие Правила, се поднесени околу дваесетина иницијативи до Уставниот суд, почнувајќи од август 2012, меѓутоа Судот сеуште не се изјаснил.
Исто се поднесени жалби до Европскиот суд за човекови права во Стразбур и Комесаријатот за човекови права на ООН, во Женева. И на овие жалби сеуште нема одговор.
Ете таква е моментната ситуација.
Мој совет е да не ги плаќате овие фактури.
Дури и да Уставниот суд ги одбие иницијативите и не ги поништи овие срамни Правила, сеуште ни останува правната борба пред редовните судови.
Во Република Македонија, постојат други Закони врз основ на кои ќе се спротивставиме. На пример во Законот за облигациони односи, предвидено е, за засновање на облигационен однос, да постојат (1) изрази на волја, (2) предмет и (3) основ на облигациониот однос. А ниту едно од ова не е исполнето, а Законите и Уставот се посилни од Правилата на Регулаторна
За да подготвите за правната борба пред редовните судови, пожелно, а не е задолжително, е да вложите приговор на ваквите фактури. Во постот # 841, на страна 57 е предложен текст на таков приговор. Можете да го ископирате, надоплните и корегирате според Ваша желба и да го поднесете. Тоа е безплатно.
Јас за сите досегашни фактури поднесов приговор.
Исто можете да се напишете претставка до Народниот правобранител и Постојаната анкетна комисија за заштита на правата на човекот при Собранието на РМ. Ако сакате можам да ја постирам мојата претставка, како идеја како Вие да составите своја претставка.
Ете толку..
Уште еднаш Ви посакувам Добредојде и не се грижите, Вие не сте сами, туку не имате нас, од Кајгана, за пријател!