Продолжение од # 907 страна 61
Во претходниот пост ги споредивме цените на горивата и видовме дека цената на еден KWh добиен од природен гас е 4,3 пати повисока од цената за еден KWh добиен од јаглен. Денес да погледаме колкави се цените на струјата.
Цената на струјата за домаќинствата во Македонија според високата тарифа е 6,56 ден/kWh, а за дуќаните и слично е 10,20 ден/kWh. Ова се цени, кои ги плаќаат крајните корисници и се со вклучен ДДВ од 18% и со вклучена „ ангажирана моќност “ од 33%. Без овие две ставки високата тарифа за домаќинствата изнесува 4,18 ден/kWh, а за дуќаните избесува 6,51 ден/kWh. Овие цени се определени со одлука на Регулаторната комисија, која можете да ја погледате како точка 3.2, на следнава интернет станица
http://www.erc.org.mk/odluki/2.%20EE-C-2012.07.25%20EVN%20%20SNABDUVANJE%20%20ODLUKA%202012.pdf
Меѓутоа ЕЛЕМ како проиводител на струјата добива само дел од оваа цена и според одлуката УП1 бр.08-115/12 од 25 јули 2012 година; сумата која ја добива ЕЛЕМ изнесува 2,3704ден/kWh.
Оваа одлука можете да ја погледате овде
http://www.erc.org.mk/odluki/1.%20EE-C-2012.07.25-%20ELEM%20PROIZVODSTVO.pdf
Цената која ја добива ЕЛЕМ за произведената струја e2,3704 ден/kWh, ако ја пресметаме оваа цена во долари таа изнесува 0,049 US$/KWh или во евра изнесува 0,039 EUR/KWh.
( 49 US$/МWhили 39 EUR/МWh)
Да погледаме каква е можноста ТЕ – ТО да проиведува струја по оваа цена.
За еден час работа ТЕ – ТО ќе произведува 230 МWh и за тоа ќе троши 57 илјада метри кубни гас. За илјада метри кубни кон “Гаспром експорт“- Москва, е 495 US$/1000 nm3. И лено може да се пресмета колку ќе чини еден МWh струја произведен во ТЕ – ТО
495US$* 57 илјади nm3/230 МWh = 122,7 US$/МWh( пресметрани се само трошоците за гас)
Разликата помеѓу оваа цена и цената која ја добива ЕЛЕМ за произвоство на струја некој мора да ја доплати и таа изнесува:
122,7 US$/МWh - 49 US$/МWh = 73,7 US$/МWh
Секој час, ТЕ ТО ќе произведе 230 МWh и со секој произведен МWh ќе се направи загуба од најмалку 73,7 US$/МWh. Еден ден има 24 часа, еден месец 30 дена и можат да се пресметаат месечните загуби или колку треба да се дотира Топлификација
За секој месец работење на ТЕ - ТО оваа разлика изнесува.
230 МWh *73,7 US$ загуба * 24 часа * 30 дена = 12 204 720 US$ загуба
Секој месец граѓаните на Скопје треба да платат 12 милиони да ја дотираат Топлификација и ТЕ – ТО за „ когенеративното “ затоплување. Ако овие 12 милиони се поделат на сите сеуште приклучени корисници ( 20 илјади ), секоје домаќинство ќе треба месечно да плати 610 US$. Ако „ помогнат “ и исклучените ( 20 илјади приклучени + 10 илјади исклучени ) сите 30 илјади ќе треба да ја помогаат Топлификација со 406 долари месечно
Ете таква иднина на Скопјани му обезбедија „ визионерите “ од Топлификација и Регулаторна – граѓаните на Скопје да ја дотираат Топлификација со 400 долари месечно за да функционира нејзиниот штетен и патетичен бизнис план.
Веројатно Скопјани ќе го направат тоа.Но пред да го сторат тоа, Скопјани ќе треба ги вратат парите кој се инвестирани во ТЕ – ТО. Во следното продолжени ќе анализираме колку пари се вложени во „ Најголемата приватна енергетска инвестиција “ .