И понатаму нема било какви вест од Уставниот суд кога ќе одлучи за судбината на исклучените. Ниту во весниците има некакви вести околу ова. Но исклучените се уште добиваат фактури и тоа, од минатиот месец зголемени за 34%.
( Добиваат „ништо“ а тоа „ништо“ ете поскапело за 34%)
Одолговлекувањето на одлуката на Уставниот суд е очигледен доказ дека Јавната власт е силно заитересирана за овој случај или подобро кажано силно е заинтересирана да исклучените повторно се вклучат во системот на АД Топлификација.
Во играта учествуваат
-Топлификација со своето дело ТЕ-ТО
- Исклучените
- и Јавната власт, преставувана со Регулаторната комисија за енергетика и Уставниот суд зад кои сосема извесно стојат многу повисоки личности.
Јас припаѓам на страната на исклучените и за интересите на исклучените се борам. За мене Топлификација и Регулаторна се непријатели. Но за да се победи непријателот, треба да се познава.
Се бориш за правата на потрошувачите и ги почитувам твоите напори ама гледам дека си во заблуда и не си информиран за некои работи.
ТЕ - ТО гасната централа е сопственост 80 % на руската фирма Синтес од Лебедев кој се занимава со бизнисот со гас и продажба на струја и има повеќе такви гасни централи во Европа и Азија.
20 % сопственици се А.Д. Топлификација
Основната дејност на ТЕ- ТО е производство на струја , а пареата која се користи за затоплување на 30 - 70 % на Скопје се јавува како нус производ односно се ослободува при процесот на производство на струја.
Значи ТЕ - ТО е проект на А.Д. Топлификација со намера за поефтино затоплување на Скопје.Поради високите цени на гасот ТЕ-ТО не може да работи рентабилно односно претрпува загуби. И затоа во поголемиот дел од сезоната не работи додека да дојде ( и ако дојде ? ) јужниот тек и ефтиниот руски гас.
Само Топлификација А.Д. има опрема за затоплување на Скопје . Дел од Топланите работат на гас , а дел на мазут кој претрпе големи измени во цената и е скап.
Планот на Топлификација беше со странски партнер да изгради уште една таква централа , за Козле , Карпош , Ѓорче за цело Скопје да биде покриено.
Топлификација А.Д. поради оправданиот револт од потрошувачите и се поголемиот број на исклучени ( 35 % ) се откажа од бизнисот со затоплување и ги врати лиценците. Од 01.01.2013 со оваа дејност се занимава Балкан Енерџи Груп.Таа е фирма ќерка на Синтез како што кажува и самото име затоплува неколку поголеми градови на Балканот.
За затоплување на Скопје по сезона потребни се 25 - 30 милиони евра , а Топлификација го даде во залог сиот свој имот и се задолжи кај банките со цел да го затоплува Скопје.Најголем должник на Топлификација остана државата , Сител , општините и секако граѓаните.
Значи на нашите сметки пишува БЕГ ( Балкан Енерџи Груп ) и сите поплаки и претставки треба да се однесуваат кон нив. Кога го превземаа бизнисот ветија намалување на цената на парното и подолго затоплување но сметките останаа исти. За сметка на уклучените цената на парното се зголеми кај исклучените. Државата односно Грујо стои позади ова со донесени закони во Македонскиот парламент .
Топлификација никој повеќе да не ја спомнува. Да последните неколку години услугата беше никаква бидејќи не можеа да обезбедат поефтин гас и чесно се откажаа бидејќи немаат толку милиони и задолжени се кај сите банки. Дури и претплатеното им го вратија на граѓаните.
Наши непријатели сега поради високите сметки се :
Грујо диктаторот ( кој ги контролира судовите РКЕ и сите инструменти на власта)- кој го даде бизнисот на Руси , за сметка на домашна компанија предложи штетни закони за граѓаните и Топлификација А.Д. а не е влијателен на светскиот енергетски пазар, да обезбеди на пример поефтин гас .
РКЕ ( регулаторна комисија за енергетика ) која донесува штетни одлуки поради нивното незнаење и нестручност а партиска обоеност
БЕГ кој иако од кога го превзема бизнисот цената на гасот се намали за 25 % не ја намалија цената на парното односно ја намалија на уклучените за сметка на исклучените.
Случајот е ист како со ЕВН односно ЕСМ. Бидејќи македонските менаџери и министри се неспособни ЕСМ го продадоа на австриската ЕВН .Кога беше ЕСМ плаќавте толку големи сметки за струја ? Сега и евтината тарифа ни ја укинаа .
Така сега власта односно фамилијата се здружи со БЕГ и ќе не учат и воспитуваат дека е добро да плаќаме парно , да се уклучуваме во системот , можеби ќе ни наредат и мерачи дома , за наредните 35 години колку што им трае лиценцата ќе се научиме а тие ќе не крадат и парите ќе ги носат за Русија. Ќе има за сите и за фамилијата и за Русите . А ќе плаќаат граѓаните .
П.С. Јас не сум член на ниту една партија . Како потрошувач сум многу револтиран за високите сметки. Топлификација го грееше Скопје од 1965 година и сметките кои сме ги плаќале ќе ги бараме . Не верувам дека ќе добиеме некогаш пониски сметки , може само повисоки но оптимист сум дека ќе ги заштитиме нашите права како потрошувачи . А тоа можеме само заедно. Значи ако некој имал право да се исклучи никој да не може да те натера да се уклучиш или не дај боже да ти ги покачува сметките како што прават . Утре Грујо и извршители ќе ни прати.