- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
- Возраст
- 72
Да ги подсетам исклучените дека имаат право да достават приговор за фактурите.
Еве како изгледа мојот последен приговор, па кој сака нека направи copy - paste, нека го прилагоди текстот како му одговара и според своето мислење.
Поднесувањето на приговор е бесплатно
...................
До БЕГ, подружница снaбдување .................. (центар, исток, запад, север) 1000 Скопје
Од .................................................,
Ул......................................................, Скопје
Предмет : Приговор на фактура број...................................
Овој Приговор Ви го упатувам врз основ на член 21став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија број 01 – 1302/1. Овој став гласи: „ Снабдувачот е должен во рок од петнаесет дена сметано од денот на приговорот да се изјасни по приговорот во писмена форма. “
Барам од Вас, писмено да се изјасните по секоја точка од овој Приговор.
1.Приговарам зошто не ми испративте предлог договор согласно Член 66 став 3 од Правилата за снабдување со топлинска енергија број 01 – 1302/1. Овој став гласи: „ Снабдувачот е должен да им достави договор за снабдување со топлинска енергија на сите исклучени потрошувачи во колективните објекти за домување до 01. 09. 2012. “ Вие тоа не го сторивте – зошто?
2. Приговарам зошто токму Вие ми доставивте фактура и ме „ задолжувате “. Во Скопје и Република Македонија има и многу други снабдувачи. Член 66 став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија број 01 – 1302/1 гласи: „ Сите исклучени потрошувачи на топлинска енергија кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01. 10. 2012, должни се да плаќаат надоместок за ангажирана моќност ( фиксен дел ) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија “. А член 6 став од истите Правила гласи „ Снaбдувачот и потрошувачот се должни да склучат договор за снабдување со топлинска енергија во согласност со овие Правила “. Јас со Вас немам склучено договор, а Вие ми праќате фактура и ме „ задолжувате “, без постоење на договор и со тоа ми ја одземате слободата да склучам договор со Снабдувач според мој избор, како што е пропишано со Правилата за снабдување со топлинска енергија број 01 – 1302/1. Зошто ми ја ограничувате слободата да одберам и склучам договор со снабувач според мој избор?
3. Приговарам затоа што ме сметате за „ исклучен потрошувач од колективните објекти за домување “. Вистина е дека пред повеќе време се исклучив од системот на АД Топлификација, но веднаш потоа се приклучив на друг дистрибутивен систем. Врз основ на што, заклучивте дека јас имам статус на: „ исклучен потрошувач од колективните објекти за домување “, па си земате за слобода да ми праќате вакви фактури.
4. Приговарам зато што Вие во пресметка користите податоци добиени со мерење со начинот на мерење наречен „ мерење со калориметри “. Според моето уверување и мислење тој начин на мерење не е точен и представува измама и кражба. Овој начин на мерење не предвиден со закон или со друг пропис со задолжителна употреба како задолжителен начин на мерење. АД Топлификација во грејната сезона 2007/2008, без било каков правен основ и без моја согласност, го наметна овој начин на мерење. Наметнувањето на овој начин на мерење, како и неквалитетната, бедна и прескапа услуга се причини што јас се откажав од услугите на АД Топлификација. А и сега, повторно без моја согласност, ми изготвивте пресметка која базира токму на овој начин на мерење, кој според моето уверување и мислење представува измама и кражба, а јас не сакам врз мене да се применува тој начин на мерење, односно не сакам да бидам измамуван и ограбуван. Зошто го правите тоа?
5. Приговарам зошто фактурата ја нарекувате „ Фактура за испорачана топлинска енергија “. Вие не сте ми испорачале топлинска енергија, јас не сум добил било каква енергија од Вас. Не сакам да добивам било каква енергија од Вас или да имам било какви односи со Вас
6. Приговарам на точноста на очитаните податоци од мерачот за топлинска енергија, а кои се наведени во фактурата. Јас не сум присуствувал на тие очитувања на мерачот и ја оспорувам нивната точност и сметам дека овие вредности, кој наводно се очитани, не се точни.
7. Пригиварам, затоа што ме „ задолжувате “ и ако не користам Ваши услуги, а според Одлуката У. бр. 148/2008 на Уставниот суд на Република Македонија е одлучено да исклучените не плаќаат ништо.
Ве предупредувам дека со праќање на вакви, неосновани и неточни фактури и со вакви „ задолжувања “, Вие ги кршите моите основни човекови права кои ми се гарантирани со Уставот и Законите. Јас не сакам да имам било какви односи со Вас и не добивам и не сакам да добивам било што од Вас. Вие сепак неповикани „ доаѓате “ во мојот Дом, ми праќате „ Фактури за наводно испорачана топлинска енергија “ и ако ништо не сте ми испорачале и барате да Ви платам за тоа „ ништо “, а со тоа сакате да ни земете од храната која јас и членовите на моето Семејство ја јадеме и која сме ја добиле од Господ. Со тоа ме вознемирувате, го нарушувате интегритетот на мојот Дом, ме малтретирате, се мешате во мојата приватност, го реметите мојот личен и семеен живот, го нарушувате моето достоинство и углед, ми предизвикувате трошоци, го нарушувате моето здравје и здравјето на другите членови на моето Семејство. Затоа барам и Ви препорачувам да во иднина не го правите истово или слично на ова, во спротивно ќе бидам принуден да побарам заштита
Во Скопје на ………….. 2013 ...................................................