Статуси од фб профилот на еден ептен креативен тип - Влатко Васиљ.
-Субрата Рој, многу многу не си ласкај.
И Љубе Бошковски исто го пречекаа на аеродром коа си доаѓаше од Хаг.
-Ма ќе поднесам и поместување на локални избори па и одржување на предвремени парламентарни избори ама не можам да поднесам нови избори за најубаво бебе преку Енци-Менци. Не можам!
-Утре треба да биде неработен ден за јавната администрација.
Денес митингот ќе ги истошти и умори луѓето.
-Македонска научна фантастика:
Сe собрале роднини и пријатели на слава и не се скарале за политика.
-Глеам низ град почнале да ја носат новата пролет/лето колекција на Сељо.
-Ветер откорна дрво во Центар.
Овој пат тоа е ДЕЛО на природата а не на градоначалникот.
-Субрата Рој брате мој, јас те опоменив, ти не ме послуша. Ти реков да не се гушкаш, ќе те снајде истата судбина на Љубе, ти не, ќе се гушкам. Епа сега ќе имаш шанса да се изнагушкаш.. у затвор!
-Без паника, не беше земјотрес, опозицијата ја дрма власта.
-Ж зашто ја тупи со БЦ на локални избори?! Не озбилно.. Зашто? Ако крадел, иди уапси го, не туку ми збори секои избори, секое јавно излагање само за него. Плус ја не разбирам, човеку ти 7 години владееш у држава и не најде ништо со што моеш да го уапсиш? Епа или вие сте неспособни или БЦ не украл? Трето нема..
-Баросо загришен за ова, Баросо загришен за она, Баросо загришен за тоа.. Ти работиш ли бе човек нешто друго освен што само си загрижен? Ти ебам животот што го имаш, цел у грижи ти помина.
-Македонија е рекордер по број на овци меѓу земјите од поранешна Југославија.
-Ахмети со „калашњиков“ повикува на митинг во Кичево.
Горан Брегович like this.
-Штом Латас почна да го напаѓа твитер значи дека власта почнала да се плаши од твитер.
-Низ улиците шета страв, смрди на сиромаштија.
А вие си зборувате за дела! Иронично!
-Имало бомба во Сител!
...Ивона не си ласкај, најмалку си ти!
-Вреќите со брашно неам со што да ги земам. Дајте ми и кола.
-Денес на Боцевски му е најтешко.
Сите ќе треба да ги заокружи!
-Почна да се слави низ градовите. Апелирам: Што и да правите пазете на „каблите“. Последните избори беа фатални за Мартин. Да не се заборави и да не се повтори!
-Изгледа дека онаму каде ДПМНЕ не победи, се уште не е броено!
-Најскапото нешто, најевтино го продаваат. Достоинството.
-Сезоната се уште не е завршена, одиме на ТИТУЛА! - Рекоа од врвот на Ливерпул и го назначија БЦ за нивни претседател.
-Аиии, глеам дузина бели влакна низ коса.
Знаев, знаев дека имам нешто со Џорџ Клуни.