Недела ко недела, досадна.. Не ми се спие, нема кај да идеш, нема низ улициве никој да скита па мораш да седиш дома на фејсбук и да читаш политички статуси..
Поголема казна од ова нема
Ова е грејпфрут, неговата големина е прилично колку една тупаница, а мене ТОЛКАВИ МИ ГИ НАПРАВИВТЕ СО ПОЛИТИКА И ГЛАСАЊЕ, баш сум ви благодарен, и ве замолувам да објавувате уште слики и статуси од политички евенти за да можат да ми пораснат поголеми.
Државата се сака со дела. Ја делиш на два дела и во едниот дозволуваш: генерално негирање на системот, нефискализација, протести за судење на обвинети за убиство на пет дечиња пошо некој таму знаел дека не се виновни, слободно пушење по сите кафани и кафичи, палење државни знамиња, не толку тивка континуирана агресија и уврх свега борба за човекови права бикоз итс невр инаф. Во другиот дел дозволуваш попуст од 50% на казната од 1,500 евра бидејќи оградата во пушачката тераса во кафичот била 1,8 наместо 1,5 метри. Well Fuck off! Go home dela, you're drunk.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.