TomTom за iPhone

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.222
Поени од реакции
34.509
Производителот на навигациски уреди TomTom штотуку ја објави на iTunes својата нова апликација,
наменета за корисниците на iPhone 3G и iPhone 3GS.


Апликацијата овозможува целосна turn by turn навигација, гласовна навигација и лесен интерфејс за употреба кој е карактеристичен за TomTom уредите. Новата апликација на TomTom користи и нова технологија за одредување на крајната дестинација, наречена IQ Routes, која се темели и на искуствата на самите корисници, а не само со одредување на најкратката оддалеченост до целта.

Цената на TomTom навигацискиот софтвер за iPhone изнесува 99 долари, а во пакетот доаѓаат вградени мапи од САД и Канада, додека мапите од Европа, Австралија и Нов Зеланд може дополнително да се купат и инсталираат.

Освен тоа, компанијата наскоро планира да понуди и оригинален TomTom држач и полнач за iPhone кој ќе може да се прицврсти во внатрешноста на вашиот автомобил.


Кајгана
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.887
И со ова ќе има и за Македонија мапи или не ?
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Едно навидум офтопик прашање:

Многу нет троши апликацијава? За наш буџет?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.222
Поени од реакции
34.509
Едно навидум офтопик прашање:

Многу нет троши апликацијава? За наш буџет?
Не троши нет GPS-от. Троши само батерија :)
Не е ова Google Maps па да симињаш мапи преку интернет. Мапите еднаш си ги ставаш во телефон, а потоа GPS уредот се поврзува со сателити и те лоцира на мапата.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Не троши нет GPS-от. Троши само батерија :)
Не е ова Google Maps па да симињаш мапи преку интернет. Мапите еднаш си ги ставаш во телефон, а потоа GPS уредот се поврзува со сателити и те лоцира на мапата.
Aха, поврзувањето со сателитот е класичен телефонски прием? Нема да се плаќа накнадно нешто?
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Ондак убер-кул апликација! Looking forward finding cracked version of it...And for Sony Ericsson -.-
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.222
Поени од реакции
34.509
Aха, поврзувањето со сателитот е класичен телефонски прием? Нема да се плаќа накнадно нешто?
Не, читај тука повеќе околу технологијата.
Станува збор за посебен приемник. Кој функционира дури и доколку немаш кредит, интернет или било каква телефонска картичка...

Јас на мојот телефон (Nokia E71) веќе користам GPS со мапи од Македонија и регионот, но не TomTom туку Garmin.
Една од причините поради кои го баталив iPhone-от беше недостатокот на соодветен GPS софтвер.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.142
Поени од реакции
11.770
Барем засега, Garmin има далеку подобра покриеност на Македонија отколку ТомТом.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Барем засега, Garmin има далеку подобра покриеност на Македонија отколку ТомТом.
Да ама Garmin е над 10 000 денари, а апликацијава ќе ја кракнат за нецели 2 дена и ќе ни биде без пари :wink:
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.142
Поени од реакции
11.770
Зборувам за софтверот Гармин комбиниран со Адриа рут, кој исто така е кракнат и одговара на било кој ГПС уред.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Некое “евтино“ линкче за симнување на TOMTOM и по можност мапа од Македонија (и балкан), може? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom