Tип на денот (Читај правила во прв пост)

  • Креатор на темата Креатор на темата tufekciev
  • Време на започнување Време на започнување
Еве што уствари гледам јас за денеска да уплатам...
Нојштад - Рапид 2
Соединети А.Д. ( Дами) - 3+
Коритиба ( Бразил вечерва ) - 0-2
 
Еве шо изиграв:

Динамо З. дава 2 гола
Нојштад-Рапид 2+
Интернационал-Васко Де Гама 1Х
Кортријк-Андерлехт 2+
Грасхопер-Базел 1 хен (+2)
Ст. Гален-Цирих Х2

коеф. 5.5 влог 2 евра
 
Добро бе до кога на вакви утакмици ке паѓаме....
Белинцона - Вил ... гостиве на претходните утакмици со просечни екипи имаат 1 постигнат гол 4 примени и 2 пораза , сега со Белинцона екипа која секоја година е во топ 5 екипи водат 0-2 во прво полувреме ! дур не почнат нормалните првенства не се надевам на добивка ! :(:mad:
 
Кое срање .. највеќе мразам утакмици шо ги сметам за посигурни коа не излезат, а излезат оние шо ги мислам дека ќе бидат изненадувања .. разлиакта е шо изненадувањата ги играм со мал влог :S

Алтах - Гродиг 0:1 (y)
Виена- Линц 0:0(y)
Луштенау- Полтен 1:1(n)
Капфенберг - Хорн 3:3(y)
Хартберг - А.Луштенау 0:1(y)
Ниор - Клермонт 1:1(y)
Шатеру - Лавал 1:1:confused:
Нант - Истре 1:1 ( у 89 го примат морони .. ):гомце:
Ле Авр - Арле 1:2 :coffee:
Оксер - Ним 2:0:rolleyes:
Атвидаберг - Ербро 1:1 :facepalm::гомце:
--- надополнето: 28 јули 2012 во 09:51 ---
Ќе почнеме прво со Австриската Бундеслига.

Ги имаме следниве дуели :

А.Виена - Штурм 1.95 3.10 3.30
Салцбург -Матерсбург 1.35 4.50 9.00
Нојштад - Рапид Виена 4.25 3.50 1.70

Дербито е во Виена, каде ќе се сретнат А.Виена,еден од кандидатите за титула оваа сезона и Штурм, екипа која оваа сезона направи целосен ремонт на тимот.
Виена го доведоа Вршич ( од Олимпија , везен играч ,лани постигна
22 гола за словенската екипа) и тој треба да биде огромно засилување за домаќините. Во нападот го имат Линц,искусен напаѓач, и Лун , стрелец на победничкиот гол во првото коло против Волфсбергер. Дефанзивата мислам дека ќе имбиде најслабата точка,бидејќи тројца од петте дефанзивци им се помлади од 23 години.Голманот исто така е млад 22-годишен,доаѓа од младинскиот погон и цела кариера е во Виена( лани имаше 22 старта за Виена). Се на се, екипа со добар напад,силен среден ред , одбраната ми е енигма и добар голман.

Штурм пак оваа сезона направи ремонт, доведоа 8 нови играчи,а си заминаа 13. Најголемо засилување им е Сукута-Пасу ( екс-Кајзерслаутерн,Ст.Паули) и имат нов менаџер чија филозофија е офанзивен футбал. Имат солиден тим,проблем може да биде неуиграноста,што донекаде се забележа против Салцбург минатото коло кога загубија 2:0.
Лани одиграа 4 натпревари и сите 4 беа ГГ , две победи на Штурм дома 3:1 и 5:1 , една победа на Виена дома 2:1 и еден нерешен резултат 1:1.
Двете екипи немат проблеми со повреди или суспензии,па ќе излезат со целосен состав денес.
Очекувам офанзивна игра од двата тима, и ко најдобар избор тука мислам дека се : победа на Виена @ 1.95 или T1 2+ @ 1.90.
Сметам дека Виена моментално е по компактна екипа, додека за Штурм не сум сигурен дека играчите се воиграни меѓусебе и адаптирани на тактиката на новиот менаџер.
За другите два напревара, дефинитивно би го скокнал Салзбург , коеф не преставува никаков value , 1.35 е комичен коеф за екипа која беше елиминирана од ЛШ од шампионотна Луксембург,Дуделанж и тоа примајки 3 гола на домашен терен ! Атмосферата дефинитивно е катастрофална во екипата, додека Матерсбург ,иако е 2 класи послаб од Салзбург, мислам дека можеда направи изненадување ако бидат доволно концентрирани, оваа екипа е истата веќе подолго време со ист менаџер на чело,така да 1.35 за победа на нестабилниот Салзбург дефинитивно не вреди. Можда 3+@ 1.65 или 4+ @ 2.55 се подобри опции,имајќи во предвид дека Салзбург и Матерсбург играт офанзивен футбал. Кај Салзбург иста така се враќа од повреда и напаѓачот Сориано ( важен играч).
Не сакам да го користам терминот зицер ( посебно не во оваа лига ), но друг збор за Нојштад-Рапид не можам да најдам. Двете екипи се тотална спротивност. Нојштад го имат најмалиот буџет во лигата,останаа без генерален спонзор,летово цел тим сосе менаџер си замина ( 17 футбалери си заминаа ,13 дојдоа)и во составот останаа повеќе млади играчи и се прв фаворит за релегација. Во првото коло беа уништени од Матерсбург со 2:0,тотално надиграни. Рапид пак е втор фаворит за титула,ова лето се засилија многу, играт офанзивен футбал , во првото коло го прегазија Тирол со 4:0. Коеф е добар @ 1.70 , не гледам како Нојштад би направил проблеми за Рапид на овој меч.
Suma summarum : А.Виена - Штурм 1 @ 1.95 или т1 2+ @ 1.90 , Салзбург - Матерсбург no bet или 3+@ 1.65/4+ @ 2.55 , Нојштад - Рапид 2 @ 1.70.
GL !! ;)

3/5 просечно ..

А.Виена - Штурм 0:1 :гомце: еден шут у гол имаа Виена :facepalm:
Салзбург - Матерсбург 3:2 очекувана голеада (y)(y)
Нојштад - Рапид 0:1 добар и зицерот(y) , запамтете гарант за против Нојштад ќе дават добри коеф на почетокот ,играјте против нив. Истото важи и за Рапид , само играјте на нив :)
 
^ Да ги ебам Рапид јас, 2+ ги имав, со играч повеќе само 0-1 заврши :facepalm:
 
За утре
Египет-1
Мексико-1
Бразил-1 и 3+
Јапонија-1
Уругвај-2
Велика Британија-1
Шпанија-1
Гент-1
Спартак М-1
 
Standard - Zulte Waregem 1
Ried - Wolfsberg 1
Rubin Kazan - Alaniya Vlad. 1
Spartak M - Volga 1
Dinamo Buc - CSMS 1
Gent - Lierse 1
Yamagata - MatsumotoYamaga 1
Aarau - Chiasso 1
Sporting C - Inti Gas 1
 
Дајте бе кажете некој добар 3 коеф да ставам... у последено време ништо не следам шо се дешава :S
 
Денес ќе се фокусираме на Бразилското првенство.

Бахиа - Коринтианс 0-2 @ 1.80 или Коринтианс 2 @ 2.10

Дуел помеѓу две екипи со променлива форма.
Квалитетот е на траната на гостите кои се актуелните шампиони во Бразил и актуелни шампиони во Копа Либертадорес, додека Бахиа е екипа чија цел оваа сезона е опстанок во Сериа А , и моментално од 12 одиграни натпревари имаат само 2 победи , од кои са
мо една победа на домашен терен. Всушност скорот на домашен терен им е : 1 3 2 со гол разлика 7:8. За денешниот меч ќе имат доста проблеми со составот бидејќи ќе им фалат 6 првотимци ( сепак имат голема клупа ) , но сите 6 се важни за тимот. Чиро и Соуса(најдобар стрелец) се први напаѓачи , Лулиха ,Клеберсон и Мансини( екс-Рома) се важни за средниот ред. Овие футбалери заедно имаат дадено 5 од вкупните 11 гола на Бахиа.
Коринтианс полека влегоа во добра серија , немаат пораз на последните 4 наптревари ( 3 победи и 1 нерешена),притоа примајќи 2 гола , а давајќи 8. Денес ќе им фалат неколку клучни футбалери : Чикао ( дефанзивец , 2 гола ) и Емерсон и Едилсон ( напаѓачи). Сепак овој тим е полн со квалитетни футбалери : Лиесон, Гуереро ( екс-Баерн) , Ромарињо, Паулињо, Даглас итн.
Лани играа меѓусебе двапати , две победи за Коринтианс ( 1:0 и двата натпревара).
Коринтианс се дефинитивно поквалитетната екипа, плус и фактот дека кај Бахиа ќе фалат доста важни играчи и целосниот напад , а очекувам тврд меч со малце голови и најверојатно победа на гостите.
Колку за инфо , Сантош веќе подолго време игра без своите најдобри играчи ( дел од нив се на Олимпијадата, дел се повредени) па затоа има само 1 победа од 12 меча со 7 дадени голови. Вкупно вечер ќе им фалат 10 играчи. Понте Прета исто така имат неколку изостаноци, но можат да ги заменат од резервите. Интересно , ниту еден од последните 10 меѓусебни дуели не завршил со нерешен резултат.
GL!!
 
Денес ќе се фокусираме на Бразилското првенство.

Бахиа - Коринтианс 0-2 @ 1.80 или Коринтианс 2 @ 2.10

Дуел помеѓу две екипи со променлива форма.
Квалитетот е на траната на гостите кои се актуелните шампиони во Бразил и актуелни шампиони во Копа Либертадорес, додека Бахиа е екипа чија цел оваа сезона е опстанок во Сериа А , и моментално од 12 одиграни натпревари имаат само 2 победи , од кои са
мо една победа на домашен терен. Всушност скорот на домашен терен им е : 1 3 2 со гол разлика 7:8. За денешниот меч ќе имат доста проблеми со составот бидејќи ќе им фалат 6 првотимци ( сепак имат голема клупа ) , но сите 6 се важни за тимот. Чиро и Соуса(најдобар стрелец) се први напаѓачи , Лулиха ,Клеберсон и Мансини( екс-Рома) се важни за средниот ред. Овие футбалери заедно имаат дадено 5 од вкупните 11 гола на Бахиа.
Коринтианс полека влегоа во добра серија , немаат пораз на последните 4 наптревари ( 3 победи и 1 нерешена),притоа примајќи 2 гола , а давајќи 8. Денес ќе им фалат неколку клучни футбалери : Чикао ( дефанзивец , 2 гола ) и Емерсон и Едилсон ( напаѓачи). Сепак овој тим е полн со квалитетни футбалери : Лиесон, Гуереро ( екс-Баерн) , Ромарињо, Паулињо, Даглас итн.
Лани играа меѓусебе двапати , две победи за Коринтианс ( 1:0 и двата натпревара).
Коринтианс се дефинитивно поквалитетната екипа, плус и фактот дека кај Бахиа ќе фалат доста важни играчи и целосниот напад , а очекувам тврд меч со малце голови и најверојатно победа на гостите.
Колку за инфо , Сантош веќе подолго време игра без своите најдобри играчи ( дел од нив се на Олимпијадата, дел се повредени) па затоа има само 1 победа од 12 меча со 7 дадени голови. Вкупно вечер ќе им фалат 10 играчи. Понте Прета исто така имат неколку изостаноци, но можат да ги заменат од резервите. Интересно , ниту еден од последните 10 меѓусебни дуели не завршил со нерешен резултат.
GL!!

FT 0:0
 
Пеколно жешко лето и мал избор на натпревари за правење парички .. Лоша комбинација :)
Но секој меч е потенцијална добивка, па нема многу летно хибернирање. Почнуваме понеделнички по поладните скандинавски првенства.

Брондби - Силкеборг
старт: 19:00 CET

Дуел на две изедначени екипи каде домаќинот ни е даден ко мал фаворит.
3-то коло од првата Данска лига, и ова првенство не почна добро за Брондби. Одиграа 2 натпревара , и двата ги загубија. Силкеборг победи во првото коло против Ејсберг со 3:2,па загуби дома во следното коло од Хорсенс 0:2.
Карактеристично за Брондби е тоа што оваа екипа е многу млада, да поченеме од нападот : Кристоферсен има 21 год, Акповета 20 , а Крон-Дели има 29 ,тој им е и најдобар играч и најмногу вреди од сите футбалери во тимот , па затоа и ќе биде продаден во скоро време бидејќи Брондби има проблеми со финансиите. Средниот ред им е : Сему 19 години, Ларсен 21, Јенсен 24 , Гертх 20. Одбраната исто млада : Думич 20 години, Нороузи 20, Стендеруп 23,Рандруп 24 и најстар првотимец им е американецот Гудсон со 30 години. Голманот Тернес е 26. Многу млада екипа. За денешниот дуел ќе бидат целосни.

Силкеборг е поискусна екипа , има постари футбалери во своите редови,помал состав од Брондби, денес ќе бидат целосни ,немат суспендирани или повредени. Истиот тим од лани , не направија скоро никакви промени во составот. И традицијата во поновата историја меѓу овие два клуба оди во корист на гостите.
Од 2009 година наваму имат играно 9 пати, Силкеборг има 4 победи , 3 биле нерешени , а Брондби успеал да победи само на 2 дуела. На тие 9 меѓусебни дуела , 7 пати било 3+ , од кои 3/4 биле на домашниот терен на Брондби.

Реално ако гледаме според досега прикажаното коеф на Брондби не преставува никаков value, туку вредноста на коеф лежи најверојатно во нерешениот исход ( од последните 4 меѓусебни во Брондби , 2/4 завршиле со нерешен исход). Силкеборг од 2001 година па наваму има само една победа на теренот на Брондби , а со оглед на тоа дека и двете екипи се доста изедначени мислам дека нерешен исход тука би бил најдобра опција. Втора опција би била 3+ @ 1.80, бидејќи овие 2 екипи често играт со доста голови меѓусебе.

Тип : X @ 3.30 или 3+ @ 1.80


Монако - Тур
старт : 20:20 CET

Мислам дека ова денес е најиграниот пар од понудата.
Знаеме дека Монако минатата година беше купен од руски милијардер , беа донесени доста квалитетни засилувања плус ко менаџер е доведен и Клаудио Раниери , финансиски се најсилната екипа во Втората лига , а и на хартија се најквалитетната екипа од Втората лига. Многу кладилници очекуваат Монако лесно да се врати во Прва лига и тоа како шампион оваа година. Раниери го најави стилот на игра на Монако за оваа сезона и цитирам : „малку шпанска креативност, малку италијански стил и малку англиска пожртвуваност.“ Како ќе му успее овој експеримент , ќе видеме.
За денес можеби ќе имат малце проблеми. Баразите,Апиа,Кулибали,Курзава, Сали и Рибас нема да настапат на денешниот дуел. Скоро сите се скапи засилувања. Но сепак Монако сеуште има добар состав.
Тур ова лето го напуштија доста футбалери , всушност сите најдобри футбалери си отидоа, па тренерот ( кој е познат по тоа што сака да работи со младинци) најави дека целта на Тур оваа сезона е опстанок во лигата. Згора на се , ќе им фалат и 5 футбалери за денешниот меч.
Не знам колку е важна традицијата ( со оглед дека двата тима се тотално различни од лани) ,но сепак ќе ја спомнам : 3 одиграни меѓусебни дуели , сите 3 завршени со ист резултат , 0:0. Тоа е поновата меѓусебна историја.
На подготвителниот период , Тур не успеа да направи ниту една победа , додека Монако загуби само од Њукасл.
Коеф , реално гледано не е лош @ 1.80 , и преставува мал value , но не знам колку влијание ќе имат квалитетните изостаноци кај Монако , иако е прво коло и почеток на првенството. Очекувам тур да излезе и да одигра бункер , додека Монако , познавајќи го Раниери , ќе игра претпазливо и ќе оди на 1:0 или 2:0. Сепак прво коло , многу непознати , па одеме само со победа на Монако,иако би ризикувал и со 0-2 гола.

Тип : Монако 1 @ 1.80

Другите мечеви се градското дерби меѓу Хакен и ГАИС , најверојатно победа на Хакен , ГАИС оваа сезона се премногу лоши. Следен дуел е последниот меч од Норвешка помеѓу Валеренга и Бран каде оечкувам офанзивен футбал и Валеренга да даде 2 гола. И од Финска имаме Интер Турку - Марихам, каде Турку е премногу непредвидлива екипа ( 2:0 дома со Хелсинки , 1:1 во гости со Твенте , 0:6 во гости кај Купс и 0:5 дома од Твенте) , а Марихам пак е екипа која 4 меча нема постигнато гол на во Турку , притоа губејќи ги сите 4 дуела. Тука најверојатно би ризикувал со 0-2 гола или Марихам не дава гол.

Па со среќа и да направиме некој $$$$$ ;D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom