Ништофала друже

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ништофала друже
Кое срање .. највеќе мразам утакмици шо ги сметам за посигурни коа не излезат, а излезат оние шо ги мислам дека ќе бидат изненадувања .. разлиакта е шо изненадувањата ги играм со мал влог :S
Алтах - Гродиг 0:1
Виена- Линц 0:0
Луштенау- Полтен 1:1
Капфенберг - Хорн 3:3
Хартберг - А.Луштенау 0:1
Ниор - Клермонт 1:1
Шатеру - Лавал 1:1
Нант - Истре 1:1 ( у 89 го примат морони .. )
Ле Авр - Арле 1:2
Оксер - Ним 2:0
Атвидаберг - Ербро 1:1
--- надополнето: 28 јули 2012 во 09:51 ---
Ќе почнеме прво со Австриската Бундеслига.
Ги имаме следниве дуели :
А.Виена - Штурм 1.95 3.10 3.30Салцбург -Матерсбург 1.35 4.50 9.00Нојштад - Рапид Виена 4.25 3.50 1.70
Дербито е во Виена, каде ќе се сретнат А.Виена,еден од кандидатите за титула оваа сезона и Штурм, екипа која оваа сезона направи целосен ремонт на тимот. Виена го доведоа Вршич ( од Олимпија , везен играч ,лани постигна 22 гола за словенската екипа) и тој треба да биде огромно засилување за домаќините. Во нападот го имат Линц,искусен напаѓач, и Лун , стрелец на победничкиот гол во првото коло против Волфсбергер. Дефанзивата мислам дека ќе имбиде најслабата точка,бидејќи тројца од петте дефанзивци им се помлади од 23 години.Голманот исто така е млад 22-годишен,доаѓа од младинскиот погон и цела кариера е во Виена( лани имаше 22 старта за Виена). Се на се, екипа со добар напад,силен среден ред , одбраната ми е енигма и добар голман.
Штурм пак оваа сезона направи ремонт, доведоа 8 нови играчи,а си заминаа 13. Најголемо засилување им е Сукута-Пасу ( екс-Кајзерслаутерн,Ст.Паули) и имат нов менаџер чија филозофија е офанзивен футбал. Имат солиден тим,проблем може да биде неуиграноста,што донекаде се забележа против Салцбург минатото коло кога загубија 2:0. Лани одиграа 4 натпревари и сите 4 беа ГГ , две победи на Штурм дома 3:1 и 5:1 , една победа на Виена дома 2:1 и еден нерешен резултат 1:1. Двете екипи немат проблеми со повреди или суспензии,па ќе излезат со целосен состав денес. Очекувам офанзивна игра од двата тима, и ко најдобар избор тука мислам дека се : победа на Виена @ 1.95 или T1 2+ @ 1.90. Сметам дека Виена моментално е по компактна екипа, додека за Штурм не сум сигурен дека играчите се воиграни меѓусебе и адаптирани на тактиката на новиот менаџер.За другите два напревара, дефинитивно би го скокнал Салзбург , коеф не преставува никаков value , 1.35 е комичен коеф за екипа која беше елиминирана од ЛШ од шампионотна Луксембург,Дуделанж и тоа примајки 3 гола на домашен терен ! Атмосферата дефинитивно е катастрофална во екипата, додека Матерсбург ,иако е 2 класи послаб од Салзбург, мислам дека можеда направи изненадување ако бидат доволно концентрирани, оваа екипа е истата веќе подолго време со ист менаџер на чело,така да 1.35 за победа на нестабилниот Салзбург дефинитивно не вреди. Можда 3+@ 1.65 или 4+ @ 2.55 се подобри опции,имајќи во предвид дека Салзбург и Матерсбург играт офанзивен футбал. Кај Салзбург иста така се враќа од повреда и напаѓачот Сориано ( важен играч).Не сакам да го користам терминот зицер ( посебно не во оваа лига ), но друг збор за Нојштад-Рапид не можам да најдам. Двете екипи се тотална спротивност. Нојштад го имат најмалиот буџет во лигата,останаа без генерален спонзор,летово цел тим сосе менаџер си замина ( 17 футбалери си заминаа ,13 дојдоа)и во составот останаа повеќе млади играчи и се прв фаворит за релегација. Во првото коло беа уништени од Матерсбург со 2:0,тотално надиграни. Рапид пак е втор фаворит за титула,ова лето се засилија многу, играт офанзивен футбал , во првото коло го прегазија Тирол со 4:0. Коеф е добар @ 1.70 , не гледам како Нојштад би направил проблеми за Рапид на овој меч.Suma summarum : А.Виена - Штурм 1 @ 1.95 или т1 2+ @ 1.90 , Салзбург - Матерсбург no bet или 3+@ 1.65/4+ @ 2.55 , Нојштад - Рапид 2 @ 1.70.GL !!
Денес ќе се фокусираме на Бразилското првенство.
Бахиа - Коринтианс 0-2 @ 1.80 или Коринтианс 2 @ 2.10
Дуел помеѓу две екипи со променлива форма. Квалитетот е на траната на гостите кои се актуелните шампиони во Бразил и актуелни шампиони во Копа Либертадорес, додека Бахиа е екипа чија цел оваа сезона е опстанок во Сериа А , и моментално од 12 одиграни натпревари имаат само 2 победи , од кои само една победа на домашен терен. Всушност скорот на домашен терен им е : 1 3 2 со гол разлика 7:8. За денешниот меч ќе имат доста проблеми со составот бидејќи ќе им фалат 6 првотимци ( сепак имат голема клупа ) , но сите 6 се важни за тимот. Чиро и Соуса(најдобар стрелец) се први напаѓачи , Лулиха ,Клеберсон и Мансини( екс-Рома) се важни за средниот ред. Овие футбалери заедно имаат дадено 5 од вкупните 11 гола на Бахиа.Коринтианс полека влегоа во добра серија , немаат пораз на последните 4 наптревари ( 3 победи и 1 нерешена),притоа примајќи 2 гола , а давајќи 8. Денес ќе им фалат неколку клучни футбалери : Чикао ( дефанзивец , 2 гола ) и Емерсон и Едилсон ( напаѓачи). Сепак овој тим е полн со квалитетни футбалери : Лиесон, Гуереро ( екс-Баерн) , Ромарињо, Паулињо, Даглас итн. Лани играа меѓусебе двапати , две победи за Коринтианс ( 1:0 и двата натпревара).Коринтианс се дефинитивно поквалитетната екипа, плус и фактот дека кај Бахиа ќе фалат доста важни играчи и целосниот напад , а очекувам тврд меч со малце голови и најверојатно победа на гостите. Колку за инфо , Сантош веќе подолго време игра без своите најдобри играчи ( дел од нив се на Олимпијадата, дел се повредени) па затоа има само 1 победа од 12 меча со 7 дадени голови. Вкупно вечер ќе им фалат 10 играчи. Понте Прета исто така имат неколку изостаноци, но можат да ги заменат од резервите. Интересно , ниту еден од последните 10 меѓусебни дуели не завршил со нерешен резултат. GL!!