Е па луѓе денес имаме доста ракомети каде јас гледам неколку добри за на хендикеп и неколку потенцијални изненадувања.
Тикет со хендикепи:
Норвешка-Франција 1 хен (+3.5)
Турција-Литванија 1 хен (+3.5)
Црна Гора-Израел 2 хен (-6.5)
Словенија-Исланд 2 хен (-2.5)
Вака имате 13 коеф. е сега за хендикепите негде може да се поинакви, овие се од вилхил.За Норвешка и Црна Гора сум повеќе сигурен. Словенија се добри ама сепак е тоа Исланд. Турција дома секогап играат пожртвувано, а Литванија не е којзнае што за да бидат толкави фаворити со 1.20 за 2-ка
Норвешка се во страшна форма, со подмладен тим, но секогаш супер-мотивирани, Франција се без Динар, Карабуе, Бертранд, Бараше, Гигу а уште еден не им игра поради аферата со кладење. Оваа може да се проба и чиста 1 сингл секако, на 4.75.
Црна Гора-Израел е можното изненадување на денот со 14 коеф за 2-ка

Причина? Прво ги видовте Црна Гора на СП колки беа килави. Е сега дали тоа беше намерно опуштање заради местење или сл...не знам, битно одиграа ептен слабо, шо може да значи дека немаат така силен тимски дух. Иако претходно во групава ја тепаја Германија на гости и Чешка дома, сепак не се така изразити фаворити како што ги прават со 1.02 за 1

. Плус во претходните квалификации веќе еднаш го јадеа стапот од Израел на гости со 5 разлика. Во оваа група Израел пак одигра 2 тесни утакмици со Германија дома 27-30 и Чешка на гости 27-22. Имаат Србин за тренер, Драган Ѓукиќ, и една недела се спремале во близина на Белград. Црна Гора е и без Марковиќ, битен играч, десен бек, кој најверојатно го бојкотира своето играње за Црна Гора за да има право на настап за Катар на СП 2015. Во најмала рака очекувам скапо да си ја продадат кожата Израелците што значи да не изгубат со повеќе од 6.
Нашиве стварно не знам шо да ги играм. Играме без Манасков, значи од контри, па и од позициона игра ќе бидеме ослабени по таа страна..ако ни тргне првото полувреме го добиваме сигурно, за после се е можно. Играме дома и ако го бидува новиов тренер...еј заборавив дека имаме нов тренер еј

, да видиме првпат како е без Шундо...не верувам да изгубиме 5-6 разлика, сепак играме дома, шпанските играчи се нешто поуморни од нашите пошто играат во јаки лиги...ваљда ќе биде 1 хен (+3.5)
