Страв ми е да постирам летни слики од авантурите по аутобаните на Дојчланд и Франција на Инстаграм со Бадем - Вуртемберски ѕверки од мотори и коли, со другарите педери, да не се налутат роднините од Аусралија.
Шегата на страна. Со еден човек од Австралија го правевме муабетот дека Македонците се пеколно љубоморен народ. Имал многу прилики и работни можности во животот, не само таму, туку и тука во Европа, и одма го земаат на заб. Ова ствара оттуѓеност и прикриен презир кон своите, го заприметив. Пошто за да ги сакаш, додека гледаш дека пеколно те мразат, треба да бидиш со дијагноза мазохист.
Ајде да бидиме комплетно искрени. Дали мразат заради немањето на пари? Да, дали е оправдано? Нели секој човек заслужува да живее квалитетен живот и да можи да се оствари кариерно. Па оттука би рекле, мразат, оправдано е. Ама Македонците бре батко, тие не мразат само заради финансиска моќ на другиот. Тие мразат за сосема други афинитети, од Господ дарувани - како ментални капацитети, креативност, физичка убавина, дури и за другари можат да ти љубоморат. Пред да ми плукниш в лице мене, плукни му на Господ. Пошто тој е крив? А после тој? тој ќе ми ти го покажи убаво местото, точно кај ти е. Ова е одлика по која делиме од сите други народи на Балканот. Мислев дека знам многу за своите, за животот да ми покажи дека после 3 децении живот таму, не сум знаел ама баш воопшто. И не сакам да знам повеќе, тој пасус од животов заврши.
Јас одлучив да не мразам. Опкружен сум со луѓе кои ги сакам, и тоа е мојот мир повреден од сите депозити. Последен пат ко чекав на Аеродром бев опкружен со Македонци за прв пат, после година и шест месеци. Тие 2 часа чекање (го задоцнија авионот), беа врел шамар на реалноста, чувствував како воздух да неможам да си земам. Толку простачки муабети се вртеа по тоа столовите, повеќе не беше воздушен патички терминал, туку меана. Крчма полна незауздани свињи. Далеку ќе одат.
Овде има луѓе - илјада пати поубави од мене, повисоки мажи, со пошироки рамена, жени какви што нема да имам никогаш - луѓе со извонредни интелектуални капацитети за мене недостижни, од овдешни фамилии, на кои самите предци им оставиле толку многу, од страна на недвижнини, куќи, коли, ранчој.
Јас сум одушевен од нив. Тоа се моите европјани. Такви ги сакам, и кога ги гледам такви, полна ми е душата. Тие се моја гордост, иако немам многу со нив. Туку е разликата меѓу јас и ти. Јас простиот, и ој ти кајгана паметниот. Биди ми поздравен и не се грижи толку за мене, не ја гнасам веќе твојата чиста сорта, уште неколку години и ќе заборавам од што сум бил дел. Нити си засегнат од мене, ниту пак јас од тебе.