Здраво дечки,
Дали има некој кој може да ми прати рецепти за маџун и 'рчели. Мислам дека вака се викаат точно. Едното е гроздов мед, другото е во комбинација со тиква. На интернет ги пребарував сите можни термини ама никаде неможам да најдам рецепти, па претпоставувам некој од вас може да праша по дома или баба па да ми каже. Битно е да ги имаме на располагање сите затоа што се традиционални рецепти.
Благодарам однапред.
Еве.
Состојки
- 1 кгр. тиква
- 1.400 гр. шекер
- 3 л. вода
- 1/2 пакетче лимонтус
- варовита вода
1. Тиквата исчистете ја, излупете и исечете на парчиња како вие ќе одберете – има ребрасти ножови, една справа која вади спирали од тиквата, специјалното лажиче за вадење топчиња… останува на вас и зависи која алатка ја поседувате.
2. Растворете ја варта во вода, оставете да се сталожи, прецедете ја водата и ставете ја исечената тиква биде облиена.
3. Кога веќе тиквата ја добила потребната цврстина, се вади и се добро мие во неколку води.
4. Во тенџере ставете го шеќерот, додадете ја водата, ставете на оган. Кога ќе проврие водата со шеќерот (не правите шербет) ставете ја измиената тиква и нека се вари.
5. Кога ќе почне да се згустува шербетот, почнете да ја прскате тиквата со вода за да овозможите да се истата добро свари.
6. Пред самиот крај ставете лимонтусот, уште малку да повари и тргнете.
7. Во топлите рачели доколку имате ставете малку листови од цвекето Розетла, кај нас го викаме Кат,рче- прекрасна арома ќе им даде.
Рецептата за маџун веројатно друг ќе ти ја напише.