Тиква

  • Креатор на темата Креатор на темата wild dolphin
  • Време на започнување Време на започнување
Мразам тиквиии... :pov: Ич не можам да ги јадам, ама навистина. А тоа ми е траума од кога сум била бебе изгледа, ама дугачка е приказната. :icon_lol:
 
ее, сега ќеф ми напрајвте :). Немам јадено кузнај колку време , а си сакам баш да јадам.
Е сеа за инает утре одма купвам и си печам дома :icon_lol:
 
Некни јадев. Супер беа така по на мајками некој си рецепт баш прсти да излижеш.
 
Некни јадев. Супер беа така по на мајками некој си рецепт баш прсти да излижеш.

па дај тогаш постирај и рецепт и ние да пробаме! најмогу заради тоа и ја постирав темава да соберам рецптеи :pos2:
 
Мммм обожавам....Единствената причина зошто ја сакам оваа сезона е баш поради тиквите...Им го обожавам мирисот. А коолку се само слатки со шеќерче, прсти да излижеш..:pipi:
 
Мммм обожавам....Единствената причина зошто ја сакам оваа сезона е баш поради тиквите...Им го обожавам мирисот. А коолку се само слатки со шеќерче, прсти да излижеш..:pipi:


да со шеќер или со мед се супер ама се многу калорични така но секако супер...
 
Ауу, јадам и тоа многу. Поготово тикварник ко што го прави тетка ми. Да ти е мерак да го јадеш. :)
 
После ручек јадев тиква ама беше ладна зошто вчера ја печевме. Ме интересира како ја сакате тиквата топла или ладна?
 
После ручек јадев тиква ама беше ладна зошто вчера ја печевме. Ме интересира како ја сакате тиквата топла или ладна?

мене топла повеќе ми се свиѓа иако и ладна не ми е лоша!

Ауу, јадам и тоа многу. Поготово тикварник ко што го прави тетка ми. Да ти е мерак да го јадеш. :)


да или мене ми го кажаа како ТИКВАР ај кажи рецепт те молам!
 
мене топла повеќе ми се свиѓа иако и ладна не ми е лоша!




да или мене ми го кажаа како ТИКВАР ај кажи рецепт те молам!

Ау да знаев како се прави. Тоа ти е нешто ко кора омотана во тава, а во средината имаш тиква.
 
Пита од тиква


Потребни состојки:


  • 6 Шекер лажичка/ки
  • 50 грама Шеќер во прав
  • 1000 грама Тиква
  • 500 грама Тенки кори
  • 150 грама Путер
  • 50 милилитри Масло
  • 2 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 3 Јајца/це

Подготвување:

Исчистената тиква се ренда крупно и заедно со путер се динста додека не испари целата течност. Кога ќе се олади се додава една по една жолчка, при тоа постојано се меша, шеќер,ванилин шеќер и снег од белките.

Во подмачканата тепсија се ставаат две три кори што се прскаат со масло, па врз нив се распоредува дел од филот со тиква. Се покрива покрива со кори. Питата се пече на температура од 200 степени додека се вцрви. Готовата пита се сече на коцки и се премачкува со шлаг, или се посипува со шеќер во прав.
 
Ммм, печена со шеќер и цимет:drk:
 
Ммм, печена со шеќер и цимет:drk:
Пола соба во визба е полна пет различни врсти, за варење, за печење, за тикварник. Јадам само еден вид тие што се пржат со презла или брашно, другото ништо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom