TikTok

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Што бара 10 годишно дете на ТикТок или било која социјална мрежа? :(

Како најлесно да отарасиш дете од себе.Дај му мобилен и завршена работа.Син ми 5 год има и махер е за јутуб сам влегува и го барата телефонот на татко ми.Можам да замислам дете од 10 год што се може да направи (за жал)
 
Што бара 10 годишно дете на ТикТок или било која социјална мрежа? :(
Еее во неделата муабет, јас испаднав крив на крај :(

T8RZJkR.jpg
 
За тик ток разбрав дека постои од внукот, кој има само осум години :facepalm: он ми се пофали дека си направил акаунт, а има и на јутуб( срам ми е дури да кажам а и уште не ми се верува како можат овие мали мозочиња да имаат толку знаење, а да го прашаш колку е 9x5 незнае.
Ми покажа што има на таа мрежа и малтене коса ми се крена на глава...тешки глупости за собирање на лајкови, опасни предизвици кои можат да ги доведат до фатални последици.
Родителите се криви пак ке кажам, друштвото...и Бог нека ги чува, живееме во лудо време:(
 
Немојте да заборавете да и кажете дека постои и Likee на децата (y)
 
Нема ништо чудно ако 10-годишно дете сега во 2021-година има социјална мрежа. Не знам за другите, јас на 10 години имав МСН (и тоа затоа што цел клас имаше, јас бев меѓу последните), после се појавија тие Hi5, Piczo и останатите :D

Самото воспитување на родителите, и самото дете си се одговорни за нивните постапки. Исто е и со било кој порок, или штетна навика, или лошо однесување.

Ако се до толку смотани, да си го загрозуваат животот, да се повредуваат за лајкови и да се брукаат на интернет, тогаш најверојатно и го заслужуваат тоа. Не, не зборам за 3-4 годишни дечиња што појма немаат од животот, збориме веќе на 9-10 години, каде што полека почнуваш да распознаваш што е нормално, а што не.

Имаше муабети што најверојатно биле вистина, ама не сум сигурен, кога беа актуелни Телетабиси, деца се фрлале во шахта...

Дел се криви и цртаните/социјалните мрежи, ама и самите деца треба да знаат што е добро за нив, а што не :)

Дека тикток е несоодветна апликација за деца под 13 години се согласувам, ама само поради провокативните содржини што ги има во голем број. За тоа што се глупираат на видеа, толку им е паметот :D
 
Ако се до толку смотани, да си го загрозуваат животот, да се повредуваат за лајкови и да се брукаат на интернет, тогаш најверојатно и го заслужуваат тоа. Не, не зборам за 3-4 годишни дечиња што појма немаат од животот, збориме веќе на 9-10 години, каде што полека почнуваш да распознаваш што е нормално, а што не
А 9-10 годишни деца имаат појма од жквотот? Тоа е баш периодот кога децата се најранливи. Периодот кога зовриените хормони управуваат со нив, а не разумот и свеста.

Што знам, океј е да имаат социјални мрежи бидејќи невозможно е во 21 век да го заштитиш детето од таквиот начин на живот. Не е убаво ни да го чуваш во стаклено ѕвоно и да го изолираш скроз. Ама да воспоставиш авторитет и да контролираш како твоето дете се однесува на интернет секако дека можеш.
 
Ја на десет године ако ги испрљаше панталоне к'д си играше с'с другари едеше ќутек ко магаре. А с'к деца на 10 године имав Тик-ток на телефон. Или напреднале деца или ја сам т'к бил заостанат. Жално за овој дете што умрело ради глупости.
 
Ја ижам Тик-Ток,го симнав за тепање време дур лежев во болница со Корона,па снимав видеа каде што ја парадирам короната,видеа со медицинските сестри,отн итн.Топ апликацика за тепање време.
Не сум подпишан на никој од македонските Тиктокери
 
Ние со другарите од детството Блекаут игравме уште во почетокот на деведесеттите. По цели денови, на училиште, на улица, дома, секаде и никогаш не се случи ниту слушнавме за инцидент.
Сега единствени пријатели им се социјалните мрежи и телефоните. Тажно.

ТикТок инсталирав ко бев во изолација од грип и издржав дури два дена до деинсталација. Идиотизам на тацна за собирање на поголема бројка на следачи кои лајкнуваат и споделуваат глупирања.

Ми се згади, физички. Буквално.

Нешто сериозно не е во ред.

Господ нека им е напомош на децата!
 
Ја ижам Тик-Ток,го симнав за тепање време дур лежев во болница со Корона,па снимав видеа каде што ја парадирам короната,видеа со медицинските сестри,отн итн.Топ апликацика за тепање време.
Не сум подпишан на никој од македонските Тиктокери
eхеј, полека малку
многу брзо го помина делот со видеата со медицински сестри
какви видеа, какви сестри, полека.... има луѓе тука детаљи што ценат
 
eхеј, полека малку
многу брзо го помина делот со видеата со медицински сестри
какви видеа, какви сестри, полека.... има луѓе тука детаљи што ценат
Во основно глупирање и снимање дуети ))) тик ток е мн.популарен тука.Скоро на нивото на Инстаграм.Многу јавни личности имат тикток
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom