Нема ништо чудно ако 10-годишно дете сега во 2021-година има социјална мрежа. Не знам за другите, јас на 10 години имав МСН (и тоа затоа што цел клас имаше, јас бев меѓу последните), после се појавија тие Hi5, Piczo и останатите
Самото воспитување на родителите, и самото дете си се одговорни за нивните постапки. Исто е и со било кој порок, или штетна навика, или лошо однесување.
Ако се до толку смотани, да си го загрозуваат животот, да се повредуваат за лајкови и да се брукаат на интернет, тогаш најверојатно и го заслужуваат тоа. Не, не зборам за 3-4 годишни дечиња што појма немаат од животот, збориме веќе на 9-10 години, каде што полека почнуваш да распознаваш што е нормално, а што не.
Имаше муабети што најверојатно биле вистина, ама не сум сигурен, кога беа актуелни Телетабиси, деца се фрлале во шахта...
Дел се криви и цртаните/социјалните мрежи, ама и самите деца треба да знаат што е добро за нив, а што не
Дека тикток е несоодветна апликација за деца под 13 години се согласувам, ама само поради провокативните содржини што ги има во голем број. За тоа што се глупираат на видеа, толку им е паметот