Tiesto

  • Креатор на темата Креатор на темата Clen 7
  • Време на започнување Време на започнување
Тиесто најдобар ди-џеј на сите времиња

Холандскиот ди-џеј, Тиесто е прогласен за најдобар ди-џеј на сите времиња според читателите на британскиот магазин Максмаг, посветен на денс и клубската музика.

42-годишниот Тиесто, чие вистинско име е Тејс Михил Вервест, досега има објавено четири студиски албуми и во 2008 година е номиниран за наградите Греми.

Според резултатите од он-лајн анкетите, на второ место e Ричи Хотин,а Свен Фет го зазема третото место.

getImageThumbnail.php



Извор : http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=102&eventId=70189

Според мене сосема заслужено..Има доста добри хитови и одлични спотови..
 
random bullshit...

Според мене сосема заслужено..Има доста добри хитови и одлични спотови..
Уште од старт ни даваш до знаење колку не правиш разлика меѓу диџеј и продуцент...
 
Не, не и не! :nenene: Значи искрено многу се нервирам кога се вадат вакви листи со најдобри Dj-и. Значи музиката е уметност, а во уметноста не можи да се кажи што е добро а што е лошо. Сето тоа е прашање на вкус. А нормално, за фкус не се дискутира. Да беше наградава за најуспешен DJ, ајде, држи место, бидејќи неговата музика (а колку е негова тоа е веќе друго прашање) е нај прифатена од широките маси, АМА, најдобар, не можи да се кажи.
Само еве, во интерес на дискусијава, доколку некој не се согласува со мене, нека ми кажи Тиесто, како dj, кој квалитети ги поседува. Значи настрана продукцијата, туку како dj, во однос на техничка спремност. Според мене, никаква. Се што прави кога пушта музика е beatmatch на „неговите“ песни. Слободно можам да кажам дека Чваре наш можи со заби да го јади во однос на техника, а не пак други dj и низ светов.
 
незнам дали САМО читателите на британскиот магазин Максмаг се рачунаат ако земаш на светско ниво, ама спотовите и хитовите сигурно немаат врска. има еден куп листи по нетов во кој што има гласање за најдобар дџ. http://www.djmag.com/top100 е меѓу нив.
 
незнам дали САМО читателите на британскиот магазин Максмаг се рачунаат ако земаш на светско ниво, ама спотовите и хитовите сигурно немаат врска. има еден куп листи по нетов во кој што има гласање за најдобар дџ. http://www.djmag.com/top100 е меѓу нив.
побарај на јутјуб за дџмаг како се гласа... а Тиесто искрено беше мнооогу добар ама сеа ја усра работата со промената на стил, можда сепак е јак технички ама музиката... НЕ!
 
тиесто ми нанесе шок :pos:
WgoMf.png

паѓам од смеење хахах
 
Многу го сакам овој миксов од Џон Леџенд, закон е овој нов тиесто. И red lights му е закон:icon_lol:
 
3 години нема пост на темата за Tiesto :facepalm:
 
Успат ја прекопав темава назад и глеам како сме се расправале со @Tonchie , ах али био сам млад.
Сеа, Тиесто би го слушал од пред 2006та евентуално. Ова новово срање чисто би го опишал со еден туторијал на soundcloud... нажалост и него комерцијалниот булшит биг рум хаус го згази, т.е. парите. Трансот што тој и многу околу него го правеа умре, достоен на истото остана Armin кој не ми е омилен али го фура истото.

и ова е тиесто, пред 20 години, џермански хардкор
 
достоен на истото остана Armin кој не ми е омилен али го фура истото.

и ова е тиесто, пред 20 години, џермански хардкор

Грешка си големаа.. Не го слушам јас Армин али од другари што правам муабет, не е веќе тој стариот Армин, почна и тој да навлегува полека полека накај електрото и бигрумот. Па и новава пинг-понг му е некој електро бигрум стил, нема ни т од транс. Преслушај му ако немаш слушано некоја од новиве епизоди, првите 30-40 минути му се бигрум и електро, натаму си фура транс, али пак не е тоа тоа...

Иначе се сложувам во целост околу напишаното за Тиесто.
 
Успат ја прекопав темава назад и глеам како сме се расправале со @Tonchie , ах али био сам млад.
Сеа, Тиесто би го слушал од пред 2006та евентуално. Ова новово срање чисто би го опишал со еден туторијал на soundcloud... нажалост и него комерцијалниот булшит биг рум хаус го згази, т.е. парите. Трансот што тој и многу околу него го правеа умре, достоен на истото остана Armin кој не ми е омилен али го фура истото.

и ова е тиесто, пред 20 години, џермански хардкор
Другар реално гледано веќе не е тоа тоа Тиесто што некогаш бил со годините се сложувам еве јас би додал може и до кај 2008 ете ај да речеме останал тоа што бил но од тогаш навака не е тоа тоа, тој се прилагодува според парите и секако според новиве некои ствари комбинации кои ги прават... за Армин и тој е иста прича како Тиесто повеќе фураат други работи отколку транс таков како што некогаш и двајцата правеа така да генерално гледано отидоа и двајцата во правец во кој не требаа но што е тука е.
 
Се сменија ептен времињата а Тиесто секогаш е пред времето, тој го поставува трендот не го следи. Доколку останеше на Трансот што сакале да признаеме или не е мртов денес ќе беше на нивото на Пол Ван Дајк што е тешко срање. Кога сме кај трансот и Армин е далеку од него само се фолира уште дека е достоен на стилот послушајте му ги сетовите на големите фестивали последните 3 години нема 10% транс во сетовите.

Тиесто од Калеидоскоп си форсира лесен хаус и прогресив хаус, сега во поново време електро, трап па дури и хард стајл. Си кажа тој во ова интервју пушта музика што луѓето ги прави среќни.


Што знам мене ми се супер сетовите и уживам да го слушам. Секако дека има од новите песни што ги мразам како ете новата со Icona Pop ама во глобала сум задоволен. Само тој ја надмина улогата на ДЏ и може да се каже дека има стаус на рок ѕвезда.

Најново од него е што има емисија и форсира малку дип хаус всушност целата емисија гостување на BBC Essential Mix e таков сет
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom