The world gone mad

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Eve me i mene posle podolgo vreme so edna nova tema.
Deneska (to est pred saat i nesto vreme) e 1 Septemvri. U pocetok na sekoj mesec po navika mislam, i toa filozofski.
Ona za sto deneska mislev e toa deka svetot od den do den stanuva pekol (dobro, ne bas vo bukvalna smisla na zborot).
Sekoj den se sretnuvaat lica koi sto vo sebe nosat se sto ona sto ne treba da se nosi, lica koi sto patat, lica koi sto nemaat pomos, lica koi sto mozat a ne davaat pomos.
Sakav od vas da dobijam to est da iskazete mislenje za toa kakov vi se cini svetot okolu vas. Dali vie u tek na mesecot ili denot ili godinata go gledate svetov ednostavno lud ili samo jas vaka bladam prvo septemvriski?
M?
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.366
Поени од реакции
25.096
Браво за темава Сторм Ејнџел. Мое мислење: гледајки го светот што ме опкружува во ова мизерно место, и гледајки ги случувањата надвор земјава, мислам дека светот оди во погрешна насока. Секој ден се убиваат луѓе, се краде, немаштија е, луѓе боледуваат од милијарда различни болести. Го проучував минатото на моите родители, јебига, немале ништо а пак биле здрави и среќни., Се гледам себеси сегашноста. Имаме компјутери, двдја, системи, филмови, музика, имаме се, а не си ја гледаме најважната работа-здравјето. Па колку луѓе умираат во денешно време од рак, сида, леукемија и слично. Колку само мали дечиња се насвртени кон цигарите, алкохолот и дрогата. А камо ли да зборуваме за нашите деца некаде по 20 години? Мислам дека светов нема да продолжи вака...
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не знам дали било вака од секогаш,но сепак јас сум разочарана од светот.Не знам можеби тоа сум само јас,но...сепак.
Каде и да се свртам гледам омраза,ривалство,луѓе кои сакат да си наштетат меѓусебно.Лично јас,не ја разбирам таа омраза.
Сите полуделе по тоа да изгледаат совршено,да имаат што повеќе пари,никој не се запрашува како им е на другите околу себе.Премногу себичност,премногу егоизам.Ете што гледам јас.
Како да се изгубени сите општествени вредности,секој се оддалечува од секого,нема веќе топлина,љубов и пријателство.(Се рабира дека се уште го има,но е намалено)Љубовта е се поретка и поретка.Луѓето се заслепени за материјални ствари и не им е битно за ништо друго.Некако мислам дека живееме,чисто онака колку да се рече дека сме оставиле трага на светов.Колку млади се самоуништуваат со секакви одвратни навики,мислат дека изгледаат кул,а не се.
Војни има еден куп,луѓе гладуваат,умираат,ама на никој не му е важно тоа.
Не ми е јасно зашто постојат сите овие работи,не ми е јасно зашто е се така изопачено.
Можеби пак,јас сум таа која смета дека работите треба да бидат поинакви и дека ова што се случува не е во ред,па проблемот е во мене.Како и да е не ми се допаѓа ова што го гледам.
 
Fallen`Angel

Im Gotham's Reckoning
Член од
26 мај 2007
Мислења
5.658
Поени од реакции
75
Светот е само пекол од некоја друга планета !
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Секогаш било вака..ништа ново на западу..
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Не полудел светот, светот одсекогаш бил луд.

Никогаш не сум имала добри впечатоци за светов, така да ако почнам да филозофирам, ништо добро нема да кажам. Си го замислувам светот како огромна канализација во која пловат милиони гомна. :icon_lol: Ваквите компарации, кои ми минуваат низ глава без оглед на тоа дали е почеток на септември или крај на април, во никој случај не се продуктивни и бесмислено е дури да се споделат со една јавна маса. Сепак, креативно е да се гледа светов и на поинаков начин, освен на оној „Планета Земја, шест милијарди“ начинот.

Поентата со канализациите е што нема потреба да се чистат. Створени се за фекалии, создадени се да бидат баш какви што биле замислени. Никој не смее да се жали што живее во близина на канализација, зошто не помислил што би се случило доколку фекалиите од неговата клозетска шоља наместо во канализација би оделе надвор во неговиот двор, на пример. Колку што смрди, толку е и полезна канализацијата. Ама колку што е полезна, толку е подобро да бидеш подалеку од неа и пеколно би било да се живее во неа.

Така и со Земјава. Нештата се усрани-точно. Ама тоа е едноставно начинот на кои работите функционираат. Кога овој свет на кој живееме барем еден ден би бил поинаков, подобар, посветол, без убиства, војни, глад, омраза, природни непогоди, криминал од било кој вид, кога барем еден ден би царувало само љубов, светлина и цвеќенца- тогаш ќе кажете дека светот полудел. Вака сега, во оваа состојба во која што е, не полудел, туку се наѓа во својата секојдневна „нормална“ состојба. Состојба по дифолт. :icon_lol:

Кој се` не пробал да го промени светов, демек на подобро. Кој се` се нема пожалено. И јас се жалам. Ама промени, освен во еволутивна смисла, нема да има. Со милениуми нештата се движат само кон полошо и полошо. Или тапкаат во место, стојат на статус кво, зависи кој како гледа на работите. Битно не одат кон подобро.

Затоа научете да живеете во „лудиов“ свет, зошто баш и немаме многу опции. :icon_lol: Џабе ќе се филозофира, кога ништо практично не може да се превземе. Светот функционира во беспрекорно подреден хаос, а ние можеме колку сакаме да го „обвинуваме“ дека полудел, дека смрди, дека е тапа. :icon_lol: Финтата е што на крајот сите се адаптираме. Уствари не на крајот, туку уште од самиот почеток. Се приспособуваме на Земското Лудило и стануваме дел од Масовната Шизофренија. :icon_lol: И после мозгај колку сакаш, ништо важно нема да се смени.
Добро, освен глобалното затоплување, што сепак спаѓа во негативните работи. :)
 
Gadfly Baba

Registered Loser
Член од
20 февруари 2007
Мислења
997
Поени од реакции
21
МИНАТО:Мајмуните полудеа и слегоа од дрвата.....
ДЕНЕС:Денес......
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Со милениуми нештата се движат само кон полошо и полошо. Или тапкаат во место, стојат на статус кво, зависи кој како гледа на работите. Битно не одат кон подобро.
Храбра констатација.

Во делимична врска со темава...
Синоќа го гледав Сфера. Убав филм.

Додека размислувате за можните постови тука, Серпико ви ги препорачува*: Heal The World - Michael Jackson, Mad World - Tears For Fears и Livin' On The Edge - Aerosmith.

*Интересно било да зборуваш за себе во трето лице еднина. Големо фала на Владо Бучковски!
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Светот сеуште е во една динамична рамнотежа, која рамнотежа го одржува да постои, разликата е во тоа што некогаш едни работи биле дефинирани за негативни/позитивни, сега други. Зависно од моменто тнекогаш повеќе ги гледаме негативните, некогаш позитивните
но истое многу важно и тоа кои сакаме да ги гледаме.
 
Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Светот сеуште е во една динамична рамнотежа, која рамнотежа го одржува да постои, разликата е во тоа што некогаш едни работи биле дефинирани за негативни/позитивни, сега други. Зависно од моменто тнекогаш повеќе ги гледаме негативните, некогаш позитивните
но истое многу важно и тоа кои сакаме да ги гледаме.
се согласувам , колку и да ни е погодено нешто секогаш ќе може да најдеме некоја причина за да се жалиме....
Затоа луѓе , сите оние гупости кои ве прават гневни, прогласете ги за небитни , ставете ги на статус Игнор и шибајте..ќе ви биде поубаво
само глејте да не игнорирате некоја битна работа , оти....
 
Tanurovski

How you doin'
Член од
21 јуни 2007
Мислења
56
Поени од реакции
4
Да не ве цитирам сите до сега, само ќе кажам дека сите сте во право и се согласувам со вас. Светот во кој живееме е пекол, канализација и што уште не. Немора да ги гледаме глобалните проблеми како што се гладот, немаштијата, војните и слично, за да го заклучиме тоа. Секој треба само да го погледне своето секојдневие. Скоро сите окулу тебе те гледаат само од корист. Вистинското пријателство и љубовта се многу многу ретки. Колку пати имам слушано од луѓе како најдобриот другар или другарка ги има з**бано за ова или она, па и на сопствена кожа го имам почуствувано тоа. Од оној што најмалку очекуваш, ќе ти зарие нож во грб.
Морам да ги издвојам следниве цитати со кои 100% се согласувам.

Затоа научете да живеете во „лудиов“ свет, зошто баш и немаме многу опции. :icon_lol: Џабе ќе се филозофира, кога ништо практично не може да се превземе. Светот функционира во беспрекорно подреден хаос, а ние можеме колку сакаме да го „обвинуваме“ дека полудел, дека смрди, дека е тапа. :icon_lol: Финтата е што на крајот сите се адаптираме. Уствари не на крајот, туку уште од самиот почеток. Се приспособуваме на Земското Лудило и стануваме дел од Масовната Шизофренија.
Затоа луѓе , сите оние гупости кои ве прават гневни, прогласете ги за небитни , ставете ги на статус Игнор и шибајте..ќе ви биде поубаво
само глејте да не игнорирате некоја битна работа , оти....
 
Bush(av)

Aut inveniam viam aut faciam.
Член од
30 април 2007
Мислења
758
Поени од реакции
7
Аргх...у последно време ми се чини дека го осеќам тоа Гон Мед на моја кожа. Основните морални и човекови вредности се изопачени, ми се чини to the point of no return. Едноставно, се деградираат луѓето и нивната интелигенција. Се менуваат сликите за совршен свет, децата се уништуваат како личности...Ах, ме погоди темава!
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Светот е луд... отсекогаш. Како што изминува времето само станува полуд и полуд трудејќи се да го достигне својот максимум. Веројатно и тоа ќе се случи еден ден...прашање е само дали ние ќе доживееме да бидеме сведоци на тоа.

Од ден на ден се повеќе се разочаруваме од сето она кое се случува. Ама ајде да се разбудиме од соништата и да го прифатиме фактот дека живееме во тој луд свет. Розевите наочарчиња веќе ништо не значат, за некого тие и не постојат. Моменталниот двоглед покажува само војни, предавства, разочарувања, недоверба... Малкумина се оние кои имаат нешто човечко во нив, а и нивниот број полека но сигурно се намалува. Допуштивме неколку луѓе да ги контролираат сите сфери на планетава и сега се придржуваме според она што тие го диктираат. Постојат и исклучоци, бунтовници што би ги рекле, но и тие прават се во некои одредени граници.

Светот е тој. поредокот е тој истиот...Ништо нема да се смени само за еден или неколку. Колку и да звучи расипнички играјте по правилата на себичноста - изгледа тоа е единствената виза за во иднина. Бидете скептични за секоја работа која ви е понудена, верувајте некому а можеби ќе биде полесно и никому. Накусо научете да живеете во светот таков како што е. Потрудете се да се адаптирате на сите промени кои следат, а верувам нема да бидат убави... Сепак и покрај се, обидете се да сочувате барем нешто човечко во вас за да ве потсетува дека сте човек со сништа, човек со чувства скриени под маска која светот налага да ја ставите на вас за да успеете.
 
Член од
20 јуни 2005
Мислења
132
Поени од реакции
2

Не би се сложил со тебе посебно не со ова последново. Секој може многу лесно да се адаптира на настанатата ситуација, да замижи и да си ја гледа својата работа, најлесно е да се откажеш и да речеш -ова не работи не ме интересира. Но, викаш "Сепак и покрај се, обидете се да сочувате барем нешто човечко..." дали на тој начин би останале луѓе? Точно е дека светот е луд, точно е дека има премногу беда и војни околу нас, но ако само оставиме да не повлече текот на настаните необидувајќи се да промениме ништо, нема ни да добиеме ништо. Јас викам да застанеме спроти ветрот, да ги погледнеме работите од посветлата страна (секогаш постои таква). Некој горе напиша дека вистинските пријатели се многу ретки, дотолку подобро ќе научиме повеќе да ги цениме. Колку и да изгледа изопачен, лош и налудничав светот во кој живееме, сепак тој е тој и ние сме тие кои треба да се потрудиме да го промениме на подобро.
 
Не може секој да се адаптира на настанатата ситуација. Да беше така немаше да размислуваме и пишуваме на темава. Точно е дека гледајќи за подобра сопствена иднина не обрнуваме толку внимание на другите, гледаме да ги завршиме оние работи за кои сме сигурни дека ќе бидат успешни. Сакале или не да признаеме длабоко во нас сите сме себични, кај некои таа себичност е поизразена кај некои помалку. Сакајќи да успееме ставаме маска на непоразителност и цврста решеност да успееме...за сметка на тоа човечкото го потиснуваме длабоко во нас. А тоа сепак постои, не исчезнало, не сме го заборавиле.
Вистинските пријатели се ретки пред нив нема маски, пред нив доаѓа до израз онаа човечност за која зборував. Тука само ќе дополнам ретки се и оние кои имаат вистински пријатели.:wink:
Не можеш сам против ветерот факт. Секогаш гледај со малку скептицизам на работите за да уживаш во она што ќе следи. Ако гледаш премногу оптимистички можеби и повеќе ќе се разочараш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom