Сакаат да ги прикажат Рик и компанија, особено Рик, Керол и Глен како сите оние на кои гледавме негативно во претходните сезони, односно кои беа спремни да убијат и да продолжат понатаму. Дека не се само они добрите дечки кои што останале да живеат во овој свет.
Она што се случува надвор нема никаква врска со она што е внатре и принципите на кои функционира целиот град, иако тоа им е поентата на нашиве у Александрија.
Со последниве случувања, сакаат да создадат расправа кај ние што ја пратиме серијава, кои принципи треба да преовладаат и покрај невремето во кое живеат. Јес да ни е тапа и досадно, односно ја нема акцијата на која што сме навикнати, бидејќи играат на таа психолошка карта.
Најавата за финалето е интересна, ќе видиме до каде ќе стигне Рик, а и што ќе прават другиве што се надвор од Александрија, оние што Дерил ги брка со другарчето.