The Walking Dead

Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
Прејака епизода, многу беше драматично низ цела епизода, некои работи ги претпоставив.
Сеа Рик и плавушата на раат ќе се клецкаат :)
И секако добија уште еден воин Морган FТW :)[DOUBLEPOST=1427735261][/DOUBLEPOST]И уште нешто спремни се овие за вуците, знаат дека нешто лошо ги демне, така да само да не се повеќе бројни од нив и да не им пуштат билион зомбиња.


И аххх кој ке чека до есен у курац еј... Се соживувам ептен со серииве, зашто имаат крај :)

Ај ке почне гОТ па ке се утешам малце :)
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Страшно добро финале, толку беше тензична епизодата низ сите моменти за на крај да заврши антиклимактично. Ја Глен веќе го прежалив. Интересно како и Глен и Саша им простија на двајцата, посебно Глен, овој го извади надвор, пукаше у него, Ноа умре заради истиот и сега пак ќе го врати назад у Александрија, малце глупо, ама затоа тука е Рик да му пресуди.

Добро е шо старата Дејана конечно сфати што треба, иако тоа сфаќање на кошташте и синот и сопругот, но и Рик не дојде до овој стадиум само од седење, страдањето и болката го направија таков.

Али дефинитивно Керол е лик на сезоната, како само милозвучно и невино делува а колку е опасна. Лик што ја обележа сезоната, од Терминус па до финалето.

Морган сироти, цело време го барал Рик со тоа писменцето у рака.

Дали само ја очекував Дерил и тој пријателот негов да се залапаат у тоа колата кога беа заробени, ептен сумњива ми станува дружбата меѓу нив. :P
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Што знам мене ми беше онака "Мех" финале, очекував дека ќе скинат конци Дерил или Карл за да има што да си правиме муабет за до наредна сезона.
Плус и некоја надеж дека е на повидок некаков лек за болеста...Вака ќе остане дека цела наредна епизода ќе се тепаат со Волците.
 

THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
700
Поени од реакции
979
Финалево беше лудило се испотив додека гледав :vozbud:
Морган конечно се појави, а од волциве искрено повеќе очекував , имам неколку замерки за Глен пред се кој требаше да го убие копилето ама затоа Рик на крајот без да трепне го уби Пит..
Се на се одличен крај на најдобрата сезона до сега (y)
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Ау, заебана работа. Ќе ми треба време да го процесирам ова. Али една работа треба да спомнам сега. Морган кога ги спаси Дерил и Арон, и Дерил го праша зошто го направил тоа, овој му врати "Because all life is precious". И сега стигна да се сретне со Рик баш у момент на егзекуција. Заебана работа ептен. Можеби баш Морган ќе биде тој што ќе го прави балансот меѓу наивноста на овие од Александрија и драстичниве мерки на Рик и баграта. Како и да е, најјак е Морган!

- Companion unlocked ✓

 
Член од
24 февруари 2010
Мислења
598
Поени од реакции
406
Ебате Safe Zone. Си оставаат врати ширум отворени, људи прескакаат зидови кога ќе им текне и што уште не. Убаво им кажа на крај-Luck ends today.

Мишон:love:. Знаев дека си е лојална кон својата група. Што убаво си се држеа заедно низ цела епизода. Плус Абрахам и Јуџин пак си се другарчиња. Нема слаба карика во групава. Што фино лепо им опишаа на Александровци што значи Рик за сите нив.

Последните пола сат ги изгледав во еден здив. Цело време напнато не знаеш кој ќе скине конци. Реџ изгледаше разумно ама покрај Пит уште некој мораше да појде во финалево. Глен едвај спаси жива глава и си остана прибран. Ако не се лажам мислам дека нема ниеден човек вовакви ситуации убиено досега. Да беа Рик или Керол на негово место нема многу да се двоумеа. Керол човече аууууу. Сите збориме колку е Рик појден ама за Керол нема враќање. Ако изгледа прибрана, оваа е скроз полудена. Во моментов мислам дека нема нешто што не би сторила за опстанок на групата дури и ако треба да убие некој од нејзините.

Chain kill!!! Уште тоа го немавме видено. И тие двајца беа готови да не беше Морган. Цела сезона ни го најавуваат и еве го на крај. Одличен тајминг. На групава им фалеше морален компас и мислам дека Морган ќе ја игра таа улога сега. Плус одлично ќе ги употребат неговите вештини против Волциве. Сега засега не изгледаат опасно овие двајца ама имаат време до Октомври, ќе земат некое појачање:P.

Не очекува интересна сезона. Смена на управа, напади од надвор, испади од внатре, драми од типот your dad killed my dad.

Добри беа и сцените со Абрахам. Малце смеа не е на одмет. Во изразувањето само Џонтра може да му парира:ROFLMAO:
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Топп финале, презадоволен од во глобала сите, Керол тоа е тоа што се бара, си парира со Рикиов, тешки будали се сеа :)) да се знае кој е главен у куќа. Мишонкава верна си остана до крај, за Дерилчето не праам муабет пошо од почеток си е таков се надевам ќе си го одржи континуитетот, али најголемото доживување и возбудување пре пре пре кејф ми направи чичко Морган!(уште од самиот почеток на серијата до моментот кога пак се сретнаа го очекував да се појави, верував дека ќе има доста во тој лик) ака нинџа мајстор ил да не го речам ко "Донатело" со стапот е :) Али од него очекувам многу иако го начека Рик во таков момент на правење убиство на човек, сепак цело негово патешествие барајќи го Рик, мислам дека тој ќе биде една од клучните фигури на бандава, еден од најлојалните и најверни послушници на Рик.
Нас ни останува до есен да умреме и да си станиме walking dead, чекајќи ги новите патешествија на нашиве ликови...
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Финалево беше лудило се испотив додека гледав :vozbud:
Морган конечно се појави, а од волциве искрено повеќе очекував , имам неколку замерки за Глен пред се кој требаше да го убие копилето ама затоа Рик на крајот без да трепне го уби Пит..
Се на се одличен крај на најдобрата сезона до сега (y)
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Леле ама е тапа кога знаеш дека ќе умре Џери Спрингер. :tapp: Word of advice ко не сакате да ви се заебе серијата понатака седете што подалеку од стриповите. (Њот, не ги дискутирам стриповите само потенцирам) Штета добар и разумен човек загуби Александрија, само он е/беше на нивна страна :(
А попов бе... најглупо и најподло стоврење испадна од сите, на продуцентите поповите од МПЦ ко ѕвезда водилка да им била кога го креирале. :mad:
Керол Керол Керол, каков пресврт доби од гасеница во Оптимус Прајм, толку е опасна што мислиш дека би можела да ти го свирне меѓу очи во полн автобус. Се надевам дека ќе ја задржат и во наредните сезони, само да не ја направат психо оти како што стојат работите тенка е границата. TEAM CAROL WTF! ftw

Саша - лигуш и патетики кои не и се потребни на групата, или ќе ја изедат зомбињата или ќе се спрепне у дупка и ќумре, не гледам тука некое "созревање" кај ликов.
И за другите мислев да пишам нешто ама ме мрзи :D
Се чека следна сезона.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Скоро цела половина од сезоната не коментирам... eдно мислење имам пишано само. Се издези опак breaking bad моментат, character development wise, на пошироко ниво. И ќе си гледав онака епизода од епизода, како пуштање мозок серија да не бевте вие. Можеби ова тера од поодамна, ама сезоната апла акцентирано трансформацијата на групата, но не ми беше фасцинантното тоа, туку вашето/нашето навивање за ликовите, претставени малку од друго светло, не фатија на финта, оти очекувавме пак некој психопати другите да излезат, без да размислиме дека они уствари се најголемите, ама секоја акција упорно им ја поддржувавме и оправдувавме, и као арно вика Рик така е.. Страшно. Како навивањето за Волт апла. Алал да им е, серијава поставува стандарди. Драмата им беше најслаба алка, додека пак акцијата им ја поштовав у епизоди коа тераа 40 минути јако рокање. Ама ова развивање ликови/групата ми е оргазмично. После финалево сфатив дека серијата не ми била баш еднаш неделно пуштање мозок.. сум ја чекал. И оправдано. Квалитетно возење. Ептен за респект!

Идеме на најмрачно, adjust the screen brightness until you can see the logo. :D

 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Не се согласуваш ?
Ни најмалку... поготово првата половина од сезонава која беше утка невидена, од приспивните епизоди до пропусти и нелогични сцени .. се извади сезонава од кога дојдоа во Александрија, но тоа се одвај 3-4 епизоди кој стварно беа кул и надокнадија малку за очајната сезона... сите други сезони ги ставам пред оваа...
 

THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
700
Поени од реакции
979
Ни најмалку... поготово првата половина од сезонава која беше утка невидена, од приспивните епизоди до пропусти и нелогични сцени .. се извади сезонава од кога дојдоа во Александрија, но тоа се одвај 3-4 епизоди кој стварно беа кул и надокнадија малку за очајната сезона... сите други сезони ги ставам пред оваа...
Трета сезона ја ставаш пред оваа, каде сите епизоди се подготвуваа за војна и на крај Гувернерот ги уби сите негови луѓе и избега или втората со фармата каде апсолутно ништо не се случи ...
Само првата беше доста добра , но имаше само 6 епизоди
 

Kajgana Shop

На врв Bottom