The Walking Dead

Супер епизода, прави психопати овие нашиве јунаци, Рик нема одамна ебнато ништо, затоа го фаќаат вакви кризи па му паѓаат на ум секакви работи (да го утепа маж и на Џеси).

Од сите луѓе баш Дерил дојде да се спријателува со гејот :D

А Керол, трансформација на лик страшно нешто, тешко во иднина било кој маж да може да ја тепа како на времето што и правеше нејзиниот.

Овие староседелциве од Александрија ептен го изгубиле осетот каде и во кој свет живеат, арно му вика Саша, ќе страдаат многу од нив до крај на сезона, ама арно рече Рик, имаа среќа шо ние сме тука, оти некои сумњиви типови шетаат околу (обележаното зомби).

Ако прогнозираме кој ќе умре до крај на сезона и моите предвидувања одат на Саша или Мишон, едната е скроз отидена у умот, а Мишон од вистински воин се претвора или барем лробува да биде некоја нормална секојдневна жена, не и личи тоа неа.

Како и да е, очекувам се подобри епизоди до крај и фантастично финале.:pistoldz:
 
Ќе видиме како ќе испадне , ама мислам дека добра идеја е спин оф на серијава (y)
 
Забава,алкохол,муабети,чисти луѓе избањати. Розита не ја познав, поубава ми беше прљава. Керол ко нова сосетка у "Очајни домаќинки", а муабетов на Абрахам и Мишон за у "Скриени страсти" скрипта.

:tvg:
 
Забава,алкохол,муабети,чисти луѓе избањати. Розита не ја познав, поубава ми беше прљава. Керол ко нова сосетка у "Очајни домаќинки", а муабетов на Абрахам и Мишон за у "Скриени страсти" скрипта.

:tvg:

Се согласувам со ова 100%
 
WTF :eek: :несвест: Каква епизода :uzi: Едвај чекам да го скинат копилето Николас[DOUBLEPOST=1426513133][/DOUBLEPOST]
Everybody ate Chris
 
Последно уредено:
:vozbud: леле леле епизодава
Попов го нема го нема и на крај се избаци со јадење гомна :pos:
Толку беше од парадајзов, попов ја напуни главата на старава плус сеа коа ќе дознае за син и.:pistoldz:
Значи Керол најјака! :gjavol:
 
Керол и Рик се Too Far Gone , бетер од Гувернерот се :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom