Само што ја изгледав последната епизода. Шта речи... Јака акција, пукање... Ама зошто мораше Хершел? Дефинитивно еден од напаметните ликови што сум ги сретнал досега на ТВ-серија или филм. За ништо не брзаше, секогаш се обидуваше да го направи најмудриот потег. Додека не се појави, тоа беше Дејл, што според мене, по смртта сега и на Хершел, логично е пак да има некаков таков лик.
Туку во последно време се' размислувам, дали воопшто мислат во следната сезона (бидејќи нема шанси во оваа), да дадат бар уште некакви информации за вирусот или што и да е што создава зомби? Следната ќе одат во Вашингтон, па затоа. Сурфав на интернет... Видов и една статија каде што ќе снимале спин-оф серија каде што тоа ќе било главна тема... Ако има некој плус да каже за ова прашање, нека каже.
По муабетиве, изгледа по осум месеци сите ќе си умрат. Да не се секирам многу.
BTW: Дур го чекам продолжението на чудово, си ги читам стриповите (graphic novels според Американциве - па ај, нека им биде). Си ги конвертирав во .pdf, си ги стаив во телефон и супер е за читање, мераци. Ако ги сака некој, just ask.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.