The Walking Dead

Супер епизода! :)

Цело време беше тензично во затворот, темно, мистериозно...има многу потенцијал.

А и акцијата многу ми се дпоанда. Тоа е на повисоко ниво од втората сезона, супер бешее, крвишта на сегде. ..:P

Многу добар почеток, се надвам дека вака и ќе продолжат.
 
Ај да видиме, сега ја стајв да се спушта. :) Гледам позитивни ривјуз низ нетов. :)
 
Ау браво!

Неверојатни вести пристигнаа од телевизискиот свет. Една од најпопуларните телевизиски серии, The Walking Dead, вчера вечер ја имаше премиерата на својата трета сезона и освои импресивни 10.9 милиони гледачи, со што ги сруши рекордите за најгледана серија во историјата на кабелската телевизија во САД.
Она што е уште пошокантно, е рејтингот во главната демографска група 18-49, каде што серијата постигнала уште поневеројатни 7.3 милиони гледачи, што во проценти би се конвертирале некаде помеѓу 5.6 и 5.8 според проценките, а тој рејтинг би бил најголем за сезонава постигнат од било која серија заедно на националните и кабелските телевизии (претходно Modern Family за премиерата освои рејтинг од 5.5 во 18-49).
Само неделниот фудбал е погледан од The Walking Dead, но тоа е програма која е број 1 во САД и тешко кој може да ја сруши. Од другата конкуренција во истиот термин, серијата Revenge на ABC освоила 2.7 рејтинг, а The Good Wife 1.7 рејтинг.

http://www.primetime.mk/neverojatni-rejtinzi-the-walking-dead-stana-najgledana-serija-vo-sad/
 
me iznenadija ej...mnogu stvari se ispodesija...ja mislev ke go tupat epten :)
 
Абе, се супер беше, ама крајот ме испотресе. Она со Hershel си мислев сонва некој, нема шанса да го каснат него...
А после, па и Rick ногата кога му ја сече...:confused: Знам дека мораше така да е, ама...why Hershel? :(
 
Предобра епизода, многу се истренирале сите во тепање зомбиња.

На Карл му се свиѓа малата плава а?;)
 
Епизодата беше подобра и со повеќе акција од цела втора сезона. Изгледа си ја сфатија грешката дека луѓето не ја гледаат серијата поради глупавите ликови и глупавите односи помеѓу нив, туку поради акцијата, тензијата, динамиката, крвиштата. Не дека нема потреба од драма, ама хоророт треба да биде во прв план. Поради епизодава, а и поради потенцијалот на затворот, ми се врати довербата и заинтересираноста во серијата.
 
штознам некако шетачите ми се многу наивно направени... на пример кај оградата Рик си врзува жица на моменти раката му оди од друга страна овие ни а ни ш само врева креваат... па и кога се бореа очи во очи премногу лесно ги совладуваа па дури ни грабнатинка немаа ништо... а оваму шетач се буди од зимски сон и данг веднаш го фаќа за нога со рефлекс на каубој пред тоа никакви звуци ни ништо... мада друго се беше ок само Лори помалце да го тупи
 
солидно, солидно... одличен крај (знаев дека нешо такво ќе се деси) ама очекував повеќе од црнкињата со 2та роба.
 
Зошто да не? Кога можеше Шејн да умре, шо останува за Хершел?

Добра беше епизодата, претпоставив дека ќе има и други таму, оти кога влегоа внатре стражарот кој што ги имаше клучевите беше пукнат во глава, значи некој бил пред нив.

На Карл му се свиѓа малата плава а?;)

Крајот на светот е, мора да буцне нешто :icon_lol:
 
Зошто да не? Кога можеше Шејн да умре, шо останува за Хершел?

Добра беше епизодата, претпоставив дека ќе има и други таму, оти кога влегоа внатре стражарот кој што ги имаше клучевите беше пукнат во глава, значи некој бил пред нив.

Крајот на светот е, мора да буцне нешто :icon_lol:

Добро, ама Шејн беше идиот малку во последните епизоди, очекував дека ќе умри, ама ова со Hershel ни на памет не ми падна.
Си мислев ако каснат некој, тоа ќе е Carol или T-Dog. Се надевам дека нема да умри...шо ќе праат без него? :confused:
 
Зошто бе Ти-Дог? Оти е црнец? :pos:
Шо би рекла Аrya од GoT " Anyone can be killed"

и тука важи истотo
 
Добра беше епизодата, претпоставив дека ќе има и други таму, оти кога влегоа внатре стражарот кој што ги имаше клучевите беше пукнат во глава, значи некој бил пред нив.

Toj дел беше изолиран од другите, вриеше шетачи, стражарот колку што можев да видам сам се упукал, најверојатно затоа уште му стоеа клучевите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom