The Walking Dead

4. Рик се обиде да го прекрие тоа емотивно ’’крварење“ да кажам и изреагира како да не слушнал ништо притоа ги согледува фактите, дека Шејн е човекот кој му е најдобар пријател, да не бил тој немаше да биде жив, и дека ги чувал жената и детето за времето кое сите го смета мтрво ( гледано од страна на Рик).

Сакам само да напоменам дека иако Шејн во очите на гледачите изгледа како лош лик (и во моите), ако подобро ги разгледаме и разглабаме ситуациите (кога го уби Отис, кога му се закани на Дејл дека ќе го убие..), сето тоа и ние би го направиле во таква ситуација за да преживееме.
 
Да тука малце забега ликот но тоа е нормално и добро направено од страна на продуцентите.
Како прво тие се изолираат од урбани средини што значи дека има помалку зомбиња еднако на помалку акција, и за да не осетиме дека ликовите “спијат“ тој создава демон““.
Како второ, тие се една од малкубројните групи на преживеани луѓе, тоа допира до Дејл емотивно и го создава демонот. Тој од страв го убава Отис не од задоволство, тој му се заканува на Дејл од страв (дека тој имаше желба да го сокрие оружјето) не од задоволство.
Мислам дека добро ја завршија втората сезона, гледајќи го фактот дека имаше навистина досадни сцени.
 
Дојдов до прва сезона, 13 гига :vozbud: Пресудувачко да ја почнам, ама барем уште некоја сезона да имаше.. џабе чекав да се насоберат.
 
Може некој во ПП да ми прати линк да ја сминам серијава?
Гледам има доста позитивни коментари.... а и љубител сум на зомби филмови,па зошто да не и серија да изгледам? :)
 
Ја има веќе по торентите 8-ма епизода од 2 сезона, колку да ве потцетам де. :)
 
Глејте датумот да е од 13 Февруари. Се заебав со неприметување на него и симнување фејк торенти, кои за чудо имаа по околу 50-60 сидери.

Инаку очекував тие двајцата у кафаната да бидат дебили и да го јадат од Рик Олмајти. И онаа па жена му, Лори, што такво бараше да трга по нив? Демек она е способна да ги заштити? Ма ајде... Се на се, интересна епизода. Дали поради фактот дека ги нема од декември или стварно беше интересна, не знам :)
 
И јас многу се изнервирав со Лори. Глупа жена.
Како и да е очекувам повеќе акција во останатиов дел од сезонава. Редно е да ја напуштат фармава, многу беше поинтересно ко талкаја по автопати и напуштени градови.
 
Прва епизода од целиот серијал која ја премотував и едвај чекав да заврши. Како да не е истата серија од пред една година. Ликовите се однесуваа како да имаат блага ретардација, дијалозите смешни, зомбија никаде нема. И дај нека си одат веќе еднаш од фармата.
 
^Баш смешни дијалози, како и некои непотребни работи ко превртувањето на Лори. Маж и е шериф. Не ли е доволно способен сам себе да се заштити ?
 
432142_388725491153615_110475388978628_1502879_1672988654_n.jpg

Нешто најкреативно што досега видов за празников :)
 
Ја изглеав прва сезона и прекинав. Глобалните случувања се премногу предвидливи.
 
Ги гледав Torn Apart. Сите шест дела траат по околу 2-3 минути. Раскажуваат за почетокот на зомби-инвазијата. Да не откривам за тие што не гледале :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom