The Walking Dead

И кај вас заврши епизодава со Јуџин и Двајт на оградата или торентов мене лош ми се погодил?
 
Да, освен ако ист торент не сме симнале :D
Хаахаа наеднаш некако темница дојде, мислев подолга пауза е за нешто потеатрално што следи.

Солидна епизода, Јуџин може делува глупаво ама баш таквите се испод мира триста вира. Убаво им рече на кокошките вие сте заменливи, јас не сум, сега ќе се труди да го импресионира Неган на секое за да собира бодови кај него. Демек па стварно и на Неган му беше дојдено до легурата за шетачите, го тестираше џиги дали знае нешто од тоа што го ломоти.

последната сцена како да наговестува дека еден од Јуџин/Двајт ќе почне да врбува луѓе и да креира контра Неган група одвнатре.
 
последната сцена како да наговестува дека еден од Јуџин/Двајт ќе почне да врбува луѓе и да креира контра Неган група одвнатре.

Двајт мислам само прашање на време е кога ќе се сврти против Неган, според све што му има направено. Мислев дека оваа епизода ќе е тоа, ама ме изненади. Со Јуџин не знаеш на што си, може и комплетно со Неган да се сврти тој. :icon_mrgr:
 
ad05731067a6e65f53851a5b477a0d9d.jpg


аааа е нема појако
 
Не беше нешто wow ама не беше ни запек. Сцената со Рик кога излезе од шаторот (кога Мишон виде дека е жив) беше бетер од Глен со контејнерот.
 
Им требаше оружје и храна и тоа во поголеми колични и како за беља баш на цел гарнизнон налетаја.
Што ли ке им притреба во следната епизода. Тенк ?
 
Толку романтика во една епизода, во претходниве две сезони заедно немаше. :ROFLMAO:

Росита почна веќе на нерви да ми оди, едно време Карл беше досаден како неа ама тој беше како разгалено детиште. Оваа ем на нерви, ем одбивна ти станува.
 
Наместо да плаќаат непотребни досадни ликови ко таа што за време на зомби апокалипса качи 20-30 кила и се жали не ручала со денови :pos: , можеле да потрошат некој долар повеќе на CGIто...тоа депонијата во позадина пред некоја епизода изгледаше ко вести на локална телевизија во 90те, сигурно практикантот им ги изработува сцениве. Срната епизодава беше врв, порничите изгледаат како Интерстелар во споредба со ова

 
Коа почна серијава на некој начин нешто ново и интересно, занимлива беше да се следи.
Но веќе станува толку досадна и со страшни глупости и дупки во приказните што е неверојатно како уште е толку популарна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom