Изјавите беа за тоа колку ќе е брутално финалето, за тоа како ќе има доста солзи и ќе е тешко за гледање, а тоа го добивме во последните петнаесетина минути. Реално никој не очекуваше таков брутален крај, ни самата група не очекуваше дека може да ги снајде тоа, едноставно се преценија самите себеси.
За тоа кој ќе е жртвата, едноставно може да биде секој. Јуџин и Абрахам имаа доста сцени во последните неколку епизоди, но што знам не мислам дека тоа беше за да наведува дека е некој од нив, не во онаква ситуација кога може да биде секој. Е сега ако биде некој од Дерил, Карл, Глен, Меги, Мишон или Рик (не ми се верува) ќе биде доста тешко за нас, публиката. Aко биде некој од другите, публиката полесно ќе го прифати тоа.
Како и да е, според мене беше доста лошо решение да не се покаже кој е жртвата. Се дигна голем хајп околу финалето, се кренаа очекувањата со сите тие изјави и со Неган, сите очекуваа некој да загине. За на крај така да заврши и сега 6-7 месеци да се чека за да се дознае, доста ќе падне интересот дотогаш. Впрочем и доста голем број фанови го мислат тоа, видете што прават на ФБ на TWD страницата, ги бомбардираа со коментари на секоја објава за тоа.