The Vampire Diaries

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Остана ли уште некој на форумот да ја гледа серијата, каква еуфорија владееше пред 2-3 години.

Но јас најмногу мразам да оставам серија недогледана без оглед колку и паднал квалитет, а особено шо сум изгледал четири сезони, ај да некоја серија не ми се свиѓа уште у прва сезона може и би прекинал да ја гледам.

Да ви кажам дека после најглупата приказна со двојниците за кои очигледно авторите на серијата видоа дека е тапа, а ни на никој не му се допадна и ја прекратија после само 7 епизоди од оваа сезона, сега серијата е повторно поднослива за гледање, ќе речам дури и интересна.

Можда кога ќе имам време ќе ја погледам и Оригиналите, пред се заради одличната глумачка екипа, ептен јаки ликови беа Клаус и Елајџа.
 
Со двојниците стварно глупо е. Ама ете ги снема. Видоа и они дека досадно беше и ги тргнаа. Ме интересира сега со Ензо што ќе биде. Нов лик е во серијава.
Стефан некако затупи. Го нема во акција. А јас уште не сваќам, дали сеуште му е избришана меморијата или му се врати? o_O
 
Со двојниците стварно глупо е. Ама ете ги снема. Видоа и они дека досадно беше и ги тргнаа. Ме интересира сега со Ензо што ќе биде. Нов лик е во серијава.
Стефан некако затупи. Го нема во акција. А јас уште не сваќам, дали сеуште му е избришана меморијата или му се врати? o_O


Да да му се врати меморијата.
 
Да да му се врати меморијата.


Ама пак не е истиот како што беше. Дејмон со сите се испокара, сите го замразија.
И Бони некако не ја покажуваат последниве неколку епизоди. Да не умре пак а ние (гледачите) да не знаеме...? :D
 
Ама пак не е истиот како што беше. Дејмон со сите се испокара, сите го замразија.
И Бони некако не ја покажуваат последниве неколку епизоди. Да не умре пак а ние (гледачите) да не знаеме...? :D


Дејмон го маваат флешови, ради муабетот со Ензо.
А Бони е тука, и Керолајн ја нема во последно време...
 
И викате да истрпам до 7ма епизода, па после ја бидува а?
И јас мразам серии да ги оставам недовршени (поради тоа Touch ја догледувам :) ), а од оваа ми се собраа доста епизоди, ваљда ќе ги изгледам после Нова.
 
Наредната епизода ќе биде добра.

Според мене, Кетрин треба да умре. Добар лик беше ама веќе ја истрошија и осеќам дека приказната и е завршена.

Ќе чекаме до 23 Јануари за да видиме :icon_lol:
 
Okaaaay, call me crazy ама уживав во епизодиве. Не знам, далеку подобри од 4тана сезона се, значи многу далеку, жалопојки немаше многу, Бони ја вратија, хуморот на Дејмон е сеуште тука, ми се свиѓа шо заличи на прва сезона кога имаше секоја епизода нов заплет шо трае кратко и одма после него се случува друг, а во меѓувреме овој првиов го расплетуваат. Ликовиве почнаа да умираат на брза рака, уште се чудам како докторов преживеа сеуште.
Приказнава си има дупки, ама дупките и беа најмал проблем на серијава последниве неколку сезони.
Како и да е, добро мини финале и дадоа, иако не обожавам многу клифхенгери, ама мислам дека Кетрин нема да умре.
И да Дејмон сеуште си растура со глумата, овие другиве просек дури и под просекот. Ќерка и на Кетрин трагедија во движење со три фаци сите епизоди ги помина. Нина Добрев кога е Елена е мака за гледање, која ја глуми Кетрин како некоја друга актерка да е, којзнае шо и е.
Али јас чекам 23ти, ќе ја гледам епизода по епизода оти мерак ми е шо колку-толку се вратија на старите патеки.
Како шо вика Bateman која само еуфорија ја имаше за серијава во прва, па и втора сезона, абе со душа чекав петок да дојде, за да ја гледам новата епизода.
 
Iceboy ти реков дека се оправија малце, серијата повторно поднослива за гледање.
 
Да стана поподнослива за гледање, со сето тоа на Августин вампирите... Но ако во времето на Стефан има двојник на Амара (Кетрин), нели мислите дека во времево на Елена треба да има двојник на Салјас? ;)
 
@Iceboy, колега ја изгледа последнава од вчера, можеби не беше посебно интересна но беше јубилејна 100-та епизода и имаше камео појавувања на скори сите битни ликови од претходните сезони, а на самиот крај и еден ептен забеган заплет кој уште толку го компликува љубовниот триаголник.
 
Од цела сезона само 100тава епизода ми беше интересна, посебно Клаус кога се појави :3
 
Дури сега ја изгледав, испитна and shit.
Фина беше, малку досадна на моменти ама океј имаа флешбек на ликовите. Ми текна кој најјак лик беше Аларик, е епизодава само Лекси ми фалеше.
Ако го мразам Дејмон за нешто, тоа е за Лекси...
 
Знаев... не ја убија Кетрин и почнаа гомна да јадат.
Кога на нешто му иде крај, треба крај да се стави...
--- надополнето: 4 февруари 2014 во 23:35 ---
Знаев... не ја убија Кетрин и почнаа гомна да јадат.
Кога на нешто му иде крај, треба крај да се стави...
 
skyblue123331 i сколовранец.. за книгите пишувајте во литература.. за спојлери се губи пристап на темава па и форумот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom