Мене новата епизода ми беше интересна. Колку што веќе може да биде интересна серијава, ама очекувањата не ми се како порано па затоа и сеуште имам интересни моменти со серијата.
Туку друго ми текна, ова гратчево Мистик Фолс, ептен е депресивно и ужасно за живеење. За неколку години им загинаа двајца градоначалници, десетици видни и угледни граѓани и стотици други жители и сите под некои нејасни и мистериозни околности. Па јас да бев жител на овој град уште одамна ќе се преселев на некое друго место.