The Last of Us

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
A зиштоќе ја менуваат Бела Ремзи?
 
Ф

Флеш

Гостин
Многу добра балансирана епизода. Малку акција,малку раскажување . Милина за гледање . Каква никаквица испадна Марлин . Очекував ќе има симпатија . Скроз ладен лик. Заслужуваше таков крај .

Супер епизода .
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Сите епизоди по 55+ мин, последнава 43 :facepalm:
9,5 има на имдб последнава, реално не е за толку.
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.631
Поени од реакции
2.593
A зиштоќе ја менуваат Бела Ремзи?
Нема да ја менуваат, така се зборуваше на почетокот и така и многумина мислеа, како и јас. Причината е тоа што Ели во втората игра е поголема, негде 16-17 години има ама да дур снимаат дур се среди све ќе поминат 3-4 години и Бела таман ќе биде.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.378
Нема да ја менуваат, така се зборуваше на почетокот и така и многумина мислеа, како и јас. Причината е тоа што Ели во втората игра е поголема, негде 16-17 години има ама да дур снимаат дур се среди све ќе поминат 3-4 години и Бела таман ќе биде.
Бела има 19 години :D
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Некаде прочитав дека делот Part II (вториот дел од играта) во серијава ќе го поделат на неколку сезони.
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.631
Поени од реакции
2.593
Бела има 19 години :D
аау види идиот ама сум, јас мислев има исто 14 години и некаде тоа како да го видов.. и си реков таман исто како на играта ќе биде хахаха, ама толку е ниска и бејби фејс што стварно поверував во тоа дека има 14 години..
Некаде прочитав дека делот Part II (вториот дел од играта) во серијава ќе го поделат на неколку сезони.
И јас го прочитав ова, но се надевам дека нема да го направат, бидејќи не знам како би го извеле тоа и дека приказната во втората игра е прилично таа, од почетокот до крај се работи за тоа.. а да и се надевам дека ќе има повеќе инфицирани, повеќе убиства и повеќе акција од првиот дел.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.669
Поени од реакции
10.062
Која легенда е овој Милош, ретко ваков талент може да се види на овие простори. Очекував Стева Џубре да се избаци као некој дебел кликер да им ебе се живо до 5 колено
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Имав време да ја изгледам сезоната викендов и генералниот впечаток ми е доста позитивен - ми се допадна повеќе одошто очекував, иако знаев се за продукцијата и меморијата од играњето на играта ми е се уште свежа.

ТЛОУ уште еднаш потврдува дека клучот за успех и квалитет не е темата, плотот, кинематографијата или буџетот, туку ликовите. Педро Паскал и Бела Ремзи беа одлични како Џоел и Ели и мислам дека немаа утка во перформансите. Овој Педро го гледам првпат после ГОТ и ме фасцинира. Типот има некоја таква допадлива и харизматична фаца која иако нема којзнае колку гримаси на неа, знае суптилно да долови емоција или момент. Се околу дечкото ми е feel-good. Девојката не преглумува и не се преоптеретува, што значи дека некој добро ја водел низ процесот, затоа што верувам дека главна улога во најочекуваната серија е доста голем залак дури и за некој што почнал да глуми од 11 годишна возраст.

На моменти бев вчудовиден како ја доловиле атмосферата од играта. Дури имаат и заеднички сетинзи/кадри што потврдува дека е направена со многу љубов и внимание од сите инволвирани во процесот. I'm a sucker for faithful adaptations when necessary, и мислам дека се што одлучија да копираат од играта или да изменат, им се исплати затоа што ја направи серијата пристапна за сите. Не ми сметаше тоа што нема повеќе заразени или помасовни сцени со нив - доволен беше климаксот во епизода 5 за да не хајпне и да ја однесе сезоната во друга насока.

Она што лично ми сметаше и мислам дека е најслабија карика е дијалогот, особено во првите епизоди. Алергичен сум на дијалог you know that... или do you remember when... кој има за цел да пласира информација за backstory-то на публиката и притоа звучи фејк. Имаше премногу такви моменти помеѓу ликовите, особено Џоел и Тес и Марлин кои егзистирајќи во апокалиптичниот свет цели 20 години, не верувам дека би направиле муабет за Фајрфлајс или Федра токму сега и во овој момент, затоа што овие разговори сигурно се случиле едно 14674325 пати досега.

Знам, ја сфаќам поентата на овој тип на дијалог, но можеле да се потрудат да му дадат повеќе финеси. Како резултат, најважната сцена од првата епизода (Џоел и Тес се согласуваат да ја земат Ели) ќе беше подобро изведена. Јас лично не видов причина Марлин да се откаже од Ели толку брзо и да му ја довери на Џоел, но ако посветеа повеќе време на овој момент, pay off-от во последната епизода исто така ќе беше подобар. Јасни се мотивите, но некако премногу избрзаа во однос на приказната со Фајрфлајс и колку Ели и значи на Марлин.

Помеѓу малкуте слабости би го спомнал и сценариото, кое се познава дека е климаво кога креаторите одлучуваат дека секоја втора сцена треба да биде ужасно долга. Првите епизоди имаа доста сјебано темпо, а епизода 7 со флешбекот на Ели ме уби во поим. Red flag ми е кога нешто што се кажува во 2 минути, се растегнува во 5-6 со цел да се стигне до тие 60 минути. Наместо тоа, имаа доста прилики да ни го „продадат“ Џоел како протагонист, затоа што се до епизода 4, не добив ништо конкретно и покомплексно за Џоел надвор од темата на серијата. Дури и во првите 2 епизоди, Тес е таа што ја движи приказната затоа што е повеќе инволвирана од него.

Но сепак, како што споменав погоре, можам да преминам преку се ова затоа што чувството за ликовите и грижата за нив ми беа посилни него очигледните слабости. Епизода 3 со Бил и Френк беше емотивен ролеркостер, и иако и таа си има свои маани и функционира подобро како епизода од спин оф серија, беше онака пиц-пец направена по стандарди и ми ги надмина очекувањата. Се на се, си поминав супер викенд со ТЛОУ, а во однос на втората сезона, со поголем буџет и пообемен материјал, сигурен сум дека ќе изгазат поштено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom