- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.792
- Поени од реакции
- 33.602
Од креаторот на Chernobyl, Крег Мејзин, за HBO Max синоќа беше премиерата на првата епизода од The Last of Us, пост-апокалиптична серија направена врз основа на истоимената видео игра од 2013 година. Серијата го следи Џоел (Педро Паскал - Оберин Мартел од GoT и Хавиер Пења од Narcos), шверцер кој има за задача да ја пренесе тинејџерката Ели (Бела Ремзи) низ она што е останато од САД по пандемијата во која една габа го уништува поголемиот дел од човештвото. Во останатите улоги ги гледаме Томи, помладиот брат на Џоел (Габриел Луна), Марлин, лидерка на отпорот (Мерл Дендриџ) и Тес, помошничката на Џоел (Ана Торв - Оливија Данам од Fringe и Венди Кар од Mindhunter).
Серијата е копродуцирана од HBO (прва серија во нивната историја што е направена врз основа на видео игра), Sony Pictures TV, PlayStation Productions, Naughty Dog (креаторот на видео игратта), Mighty Mint и Word Games. Првата сезона ќе има 9 епизоди, а се уште нема официјална информација дали ќе биде обновена за втора сезона. Кастингот за серијата започнал во март 2020, преку Zoom, заради COVID-19 пандемијата, а снимањето почнало на 12 јули 2021 во Каљари, Алберта, Канада, со што ова е најскапата продукција која некогаш се снимала на канадско тло. Иако не се знае дали ќе биде обновена за втора сезона, планот е доколку има таква, да биде адаптација на The Last of Us, part 2 играта.
По премиерата на 15.01.2023, првите рецензии од критиката и гледачите се позитивни, фалејќи ја дека верно ја пренесува атмосферата од играта, но им дава поголема длабочина на приказните од неа. Некои критичари веќе ја нарекоа - „најдобрата адаптација на видео игра до сега“. Од она што јас го видов, не најдов ништо поразлично од другите слични пост-апокалиптични серии, но сметам дека ветува. За фановите на играта, веројатно е must see. Останатите - ѕирнете ја, се надевам ќе ни донесе многу возбудливи моменти пред телевизорите.
P.S. За оние кои мислат дека конечно нема да гледаме woke срања, зашто нема LGBT sub-plot-ови (барем за сега) една информација: главниот актер или актерка, Бела Ремзи, се идентификува како non-binary и се одзива на заменките They/Them. На нашки: не е ни машко, ни женско, туку нешто измеѓу, некогаш повеќе машко, друг пат повеќе женско, а за да и ја исполниме желбата, наместо со ТОЈ или ТАА, можеме да ја нарекуваме ТОА (како заменка за „суштеството“ ).