The Killing

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
Ок од претпоставките мои погодив нешто, нешто промашив, на некоја средина сум ваљда.
Кое финале го направија не ми се верува едноставно. Оволку многу емотивно финале на серија не сум гледал од Призн Брејк. Како само тоа полека се случуваа работите низ овие две сезони, имаше емоции, ама во финалево сето тоа ја доби кулминацијата.
Моментот кога почна епизодата и кога видов дека Рози има улога едноставно незнаев што да правам од среќа :)......2 сезони се спомнуваше она само преку нејзината смрт и наеднаш ја гледаме жива и здрава како се брка низ куќата со нејзините браќа (одлично смислено и реализирано дефинитивно). Потоа убиството на Џејми кое се случи многу рано и мислев дека го посраа цело финале, дека ништо интересно нема да гледаме 30 минути, а тоа интересното тек да следува. Ок тоа со тетката и не ми беше којзнае колкаво изненадување, нели го очекувавме сите, ама мислам дека никој не мислеше дека баш она ја убила.....страшен момент мислев дека стварно Стен ќе ја задави.
Жалам само што индијанката остана без никаква казна.
Финалево беше толку добро да конечно и мајка и на Рози да не биде напорна како лик во серијава.
Како и да е се на се одлично финале на серијава, можеби малку подзаборавија на приватниот живот на Линден, мислев дека син и ќе го вметнат во финалето, ама очигледно немале време.
Една конечна оценка од мене 8/10
 
Кое финале го направија не ми се верува едноставно. Оволку многу емотивно финале на серија не сум гледал од Призн Брејк

Да да ептен го погодија.

Како и да е, за тебе идеална би била SFU, бидејќи ти се допаѓаат вака добро оформени финалиња, а за ефектот наречен емоции - поврзување со гледач ќе видиш сам :D
 
Iceboy и јас помислив дека ја покакаа со Џејми :)

И завршните кадри од Линден како се шета со џемперот беа како филм од 70-тите.
 
Да да ептен го погодија.

Како и да е, за тебе идеална би била SFU, бидејќи ти се допаѓаат вака добро оформени финалиња, а за ефектот наречен емоции - поврзување со гледач ќе видиш сам :D
SFU е одамна ставена во вочлиста ама кога мислев која драма да ја почнувам дали неа или Breaking Bad, се решив за вторава и не зажалив. За SFU само позитивни коментари читам, така да во некои подобри времиња ќе дојде и таа на ред обавезно.
И уште едно нешто....таман кога помислив дека ќе изгледаме една епизода во која ќе нема дожд, ете ја сцената во гаражата кога надвор истураше :).
 
И јас да прокоментирам нешто околу финалето, без да спојлерисувам (иако изгледа нема кому би му спојлерисувал, бидејќи серијата најверојатно ја пратиме само ние четворицата + Фил Ајви). Веќе реков дека ми се допадна, ме потсети на старите добри времиња од прва сезона кога се' уште не знаевме со што си имаме работа. Уствари, не ни очекував да заврши волку добро и задоволително.

На почетокот немаше некакво изненадување, некако многу брзо и сигурно завршија. Кога погледнав дека остануваат уште 25 минути од епизодата си реков: oh shit, here we go again. Нормално дека наскоро дојде до пресврт, но за некое чудо, пресврт кој тотално одговараше на финалето. Моментот на признанието во собата беше ептен емоционален, приземен, да бев женско можеби и ќе се расплакав. Исто и откривањето на убиецот и неговата дефиниција некако ми се вклопуваше во целата мистерија - човек, кој е спремен на се' во потрага по подобар живот. На крајот тоа „се'“ му се одбива од глава. Во втората сезона од тој човек видовме манифестација на вината, па дури и некаков облик на само-порекнување. Крајното решение беше паметно, но истовремено и тажно. Како што рече Холдер, се' се сведува на тоа дека Роузи се нашла на погрешно место во погрешно време. Ова зборува за случајноста на животот и за тоа како грешките, без разлика дали се мали или големи, можат да остават огромни последици.

Сепак, доброто финале не може целосно да ги оправда маните на серијата. Колку да појаснам пак, не ми претставува проблем што на серијата и' требаше цели две сезони т.е. 26 епизоди да го реши случајот. Кога веќе вака на долго се бара виновникот, логично е дејството да оди од точка А до точка Ш преку точките Б, М, Р итн. Лошото овде беше тоа што во The Killing имаше премногу лажни надежи, премногу непотребни информации и осомничени. Односно, повеќето точки од А до Ш беа за џабе. Затоа понекогаш гледањето на серијата ми се чинеше мачно, и на секој нов заплет гледав со скепса.

На крај, генералната оцена која би ја дал е, еве да речеме 7/10, што не е малку, иако очекував, а и реално имаше простор за многу повеќе. Што значи дека, за мене, во каков-таков облик, The Killing го испорача она кое го вети уште пред две години.
 
И јас да прокоментирам нешто околу финалето, без да спојлерисувам (иако изгледа нема кому би му спојлерисувал, бидејќи серијата најверојатно ја пратиме само ние четворицата + Фил Ајви)
Имаме фанови во најава (wot, bene...)

Моментот на признанието во собата беше ептен емоционален, приземен, да бев женско можеби и ќе се расплакав.
Ај ај, признај :)

На крај, генералната оцена која би ја дал е, еве да речеме 7/10, што не е малку, иако очекував, а и реално имаше простор за многу повеќе. Што значи дека, за мене, во каков-таков облик, The Killing го испорача она кое го вети уште пред две години.
Вчера си мислев и заклучив дека воопшто не е важно дали ќе и дадам на серијата 7/8/9... важно е дека со исклучок на неколку епизоди, уживав во истата, и што конечно изгледав една серија која не ја прекинаа предвреме и не го оплеска крајот. Реално 7 за филм е солидно, за серија е малку, со ретки исклучоци сериите кои имаат околу 7 се b-продукција или серии кои потфрлиле доста. Јас мислам дека серија со вака добри актери, ликови, саундтрак, атмосфера и пред се оригиналност (знам дека е римејк, во однос на други американски серии мислам), заслужува многу повеќе, но пак ќе речам, сосема сеедно. Важно е дека на крајот сме задоволни.
 
^ Да, можеби е сеедно и можеби и дадов филмска оцена, ама сметам дека е таман. Не може да и' дадам 8-ца, или 9-ка бидејќи би ја ставил во ранг со Fringe, Breaking Bad, па и Downton Abbey (патем, кој не ја гледал нека ја гледа обавезно). Во секој случај, како што рече, финтата кај The Killing е што имаше супер крај, без разлика на неколкуте моменти на нервози кои водеа до тој крај. Во денешно време тоа е реткост, што поради предвремено укинување, што поради недостиг од креативност на сценаристите. Искрено не очекував дека токму оваа серија, која на моменти беше несмасна, ќе заврши вака, with a bang. За ова секоја чест на продуцентите.

Патем, не ми е проблем да си признаам кога ќе заплачам на филм или серија. И покрај тоа што некои луѓе поради тоа би си помислиле дека нешто не е во ред со мене. Особено ако тие луѓе никогаш во живот ја немаат гледано Lost :)

Едит: Еве нешто интерактивно од сајтот на AMC - Rosie Larsen Case File. Најјак е списокот на осомничени. Уште баба ми ја нема таму:pos:
 
:vozbud:
Mother of god, искрено, ни на крај памет не очекував дека ќе видам вакво финале сабајлево, посебно не по тоа што се случуваше првите 30 минути од епизодата.
Од една страна за мене тотално неочекувано, неочекувано у смисла на
кој е фактички главниот убиец на Роузи
а од друга страна епизода која е доста емотивна, посебно делот со признавањето во собата и сето тоа објаснето сликовито, објаснето како се' се десило, како и последната сцена со лентата кога ја гледаат сите заедно, и сето тоа што го пишуваше на листовите хартија кои ги држеше Роузи, сцена која мене лично ми еба мамата.

Ми се допадна бааги серијата, иако имаше на моменти малце тупење и верглање у место. На финалето би му дал чиста 10-ка, а севкупно на серијата 8.5.
 
15yg590.png
:cuc:
 
Излезена е втора сезона целосно така?
 
Предобар крај и предобро финале. Според мене би бил одличен крај на серијава.
Гледајќи го документарецот ми појдоа солзи кога го гледаа седнати и тажни:( Мислам дека имаат заборавено да ги проверат отпечатоците од вратата и мењачот на лимузината или па не можеле да пронајдат ништо. Сега ми доаѓа сцената од погребот кога направија чудна фаца Ејмс и Тери, што било тоа, хехе. Кога Холдер кажа дека е најдено некое тело, прво што ми падна на памет е женската со која се дружеше Мич.
Секоја чест на авторите. Мислам дека ќе е премногу ако продолжат со нов случај. Кој сака вакви серии нека ја гледа Kidnapped http://www.imdb.com/title/tt0771329/
 
Jaс уште не ве читам, ја завршив прва сезона, и некој ден пауза, тешко ми дојде сериозна серија некако..
Ќе ја почнам деновиве втора сезона.

Инаку, Srcee кога ми тури лајк ме потсети, ако не ја гледаш, мислам дека ќе ти се допадне.
 
wot јас мислев си ја догледал кога видов дека имаш пишано. Темава е еден голем спојлер така да внимавајте.
 
Jaс уште не ве читам, ја завршив прва сезона, и некој ден пауза, тешко ми дојде сериозна серија некако..
Ќе ја почнам деновиве втора сезона.

Инаку, Srcee кога ми тури лајк ме потсети, ако не ја гледаш, мислам дека ќе ти се допадне.

Спуштени ми се првите три сезони од пред некој месец. Да најдам време, ќе им седнам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom