Ај здраво живо.
И јас ве стигнав.
Ваква серија што до толку ќе ме фрапира, не сум гледал. Првите сезона-две беа такво ремек дело што немав зборови. Визуално сите сезони беа предобри, ама првите три мислам беа врв. Глумата во серијава е стварно на високо ниво. Ме нервираше Џун низ целата серија, освен последната сезона. Тука веќе почна со по-правилни одлуки. Глумата на Емили, Џанин, Џун, Серена, Лоренс, Естер

. Ама имам огромна замерка. Зошто не ја завршија серијата после 3-4 сезони? Зошто мораше да се вртиме у круг и да пополнуваат епизоди со непотребни филери? Пари. Едвај чекам да заврши, досадно стана веќе.
Омилен лик, дефинитивно Лоренс. Од првото
негово појавување кажав - овој ќе биде важен лик! Каква харизма има човеков.. Одличен глумец!
Е сега да кажам нешто и за една од најубавите жени што ги имам видено на екран. Серена. Каква лепота е оваа жена. Со собрана, со спуштена коса, во официјална гардероба, во фустан.. Никоја не можеше да и парира. Преубава жена!
Прегледај го приврзокот 444942
Прегледај го приврзокот 444946
Шо би рекол Злате: