FX has ordered a second season of The Americans that stars Keri Russell and Matthew Rhys. The network ordered 13 more episodes of the drama, which featured the most-watched debut of any FX series ever with 5.11 million viewers. There are still nine more episodes to air of the current season, which wraps May 1.
Си ги повлекувам зборовите... серијава е уникатна, барем мене не ми текнува на серија со слична содржина. И актерите, посебно главните, се феноменални, фантастична глума.
Мислев дека никој не ја прати серијава. Мене ептен ми се допаѓа. Смирена е, бавно го билда дејството, ликовите ги разработува детално и има убава ретро атмосфера. Шпионските елементи се плус.
И јас мислев дека нема заинтересирани, па ја оставив темата да умри.
Искрено, не очекував нешто посебно. Првата епизода пријатно ме изненади, а среќен сум што секоја епизода е подобра од претходната на некој начин. Ликовите се супер, а и глумата е одлична. Приказната е со шпиони, па по default ми е интересна.
Фала на препораката, иначе...Keri Russel, кога ја видов, одма ми текна која е...екстремно подценета глумица, која со своите стари улоги секогаш ме импресионираше, но за жал еден долг период се изгуби.....многу му е мило што е пак активна, една од најдобрите и најприродните актерки кои сум ги видел, капа доле, во серијава е фантастична, би рекол левел (без малце) Клер Денс...а тоа значи многу.
Одлична шпионска серија, убаво доловено времето на Студената војна и серија каде што нема добри и лоши, секој си се бори за својата земја. Само нека продолжи вака.
Mногу јако ми е што серијата е снимена - продукциски за да изгледа како да е серија од 70-те, го има она чуство на тоа време, стајлинг, како и се разбира глумцитe кои се избрани(генерално) генерациски како и според улогите во кои глумеле во таквите филмови од тоа време.
Истите актери беа дел од добар дел на шпиунски филмови, сцеријата е снимена така што дури и сценографијата и фотографијата како и топлината на колор модот со која камерите - самите ленти се снимаат се автентични и го доловуваат она чуство дека гледаш стар филм. Секоја чест за доловување на, реалноста - атмосверата и целата таа тензичност помеѓу двете страни
Нова серија 2013 година досега има десетина епизоди...
Се работи за Советски супершпиони кои што работат и живеат во САД, дејствието е во почетокот на 1980-ттите години и се однесува на нив и нивната шпионска работа. Има висока оценка на ИМДБ и доста добри рецензии за нејзе....
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.