The Americans

  • Креатор на темата Креатор на темата Alex Baratheon
  • Време на започнување Време на започнување
Само што ја завршив првава сезона и можам да кажам дека серијава е дефинитивно добра, не е врвна како ББ, Сопранос, Жица, ама многу добра, посебно Кери Расел:love:
 
The.Americans.2013.S02E01.720p.HDTV.x264-2HD
 
И вторава сезона сега за сега е добра, можеби за нијанса помалце акција до сега од првата сезона али пак има заплет а и ќеркава почна да се сомнева во чудното однесување на родителите.

Глеам слабо активна темава, а на продукциско ниво а и по приказна мислам дека е у топ 5 серии што идат во моментов.
 
како само им легна тајмингот на овие ко што е актуелно ова со Русиве и Украина .
 
Три сезони тераат еј, страшна серија посебно психолошко трилер сцените се јаки. Добра серија ама малку изгледа тука ја гледаат.
 
Слушам ептен добри работи за третава сезона, ама немав време минатата година и ја баталив втората. Еве сега секако немам ништо за гледање ќе почнам од почеток вечер. Планирам да ги стигнам пред да завршат.

Некој друг гледа или слабо?
 
Слушам ептен добри работи за третава сезона, ама немав време минатата година и ја баталив втората. Еве сега секако немам ништо за гледање ќе почнам од почеток вечер. Планирам да ги стигнам пред да завршат.

Некој друг гледа или слабо?


Слабо гледаат турски серии во кои братот ја фрла сестрата од мост в река, заради одбрана на честта од семејството.
 
Една од најдобрите серии во моментов. Чудно како еден куп серии со детективи или акциони херои слични една на друга се толку популарни а вакви серии кои се поуникатни и сместени во одреден период и тематика се помалце земаат популарност барем кај нас. Добра шпинуска серија со солидна продукција на доловување на 80тите години. Баш ме занима дали у оваа сезона се ќе и откријат на ќерката (ако воопшто и откријат нешто). Чекам само еден момент кога ќе биде блиску лажнава жена да го види со вистинскава жена.
 
После неколку неуспешни обиди конечно успеав да ги изгледам 3те сезони. Не знам баш дали ми се допаѓа или не ама дефинитивно серијата е добра
 
Мошне јака серија. Интересни ликови, напнатост, прав трилер.
 
Тераат овие четврта сезона премногу емотивни ми станаа оваа главните ликови, ја губат својата КГБ бесчуствителност. Изгледа сака да се прикаже дека должината на задачата и американскиот живот ги стигнува, тоа ќе е изгледа нивна најголема слабост.
 
Веројатно се ближи крајот на серијата, почнаа да се навраќаат на сцени од прва сезона (мислам на ова со поправката на роботот) исто така средбата на Стен со Пастор Тим мислам дека е клучен момент
 
Тапа беа последните 2 епизоди
 
Мајко моја, какво срање стана серијава! не ми се верува каков дроп во квалитет, тотално разочарување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom