- Член од
- 7 април 2012
- Мислења
- 1.130
- Поени од реакции
- 1.510
The Americans е нова серија oд FX, кои ни донесоа одлични серии како The Shield, Justified, Sons of Anarchy и American Horror Story.
Првата епизода беше емитувана вчера и доби генералнп добри рецензии, особено актерската екипа, предводени од Keri Russel и Matthew Rhys.
Kреатор на серијата е Joseph Weisberg, поранешен офицер на ЦИА и благодарение на него, временскиот период и уникатната приказна изгледаат автентитчни.
За што се работи:
Во екот на Студената Војна, руската разузнавачка агенција КГБ пушта голем број на прикриени агенти во САД.
Elizabeth и Phillip Jennings ( Russel и Rhys ) се агенти на КГБ стационирани во Вашингтон. Во Америка се веќе 16 години и во тоа време успеваат да создадат нормален живот и гледаат како растат нивните две деца. Но, тој живот е лага, тие се уште работат против Америка и ги елиминраат непријателите на Советскиот Сојуз.
Мое мислење:
Го гледав пилотот и многу ми се допадна автентичноста на временскиот период и операциите кои ги изведуваат двете страни во Студената Војна. Исто така, глумата ми остави многу добар впечаток, особено Kerri Russel која успева да глуми и мајка која го сака и се грижи за своето семејство, но и како безмилосен таен агент кој би сторил се за Русија.
За крај, ви оставам неколку промотивни клипови: