Ја почнав The 100 пред недела, од прва сезона. Немав некои високи очекувања, да бидам искрен, но првата сезона сепак не ме воодушеви премногу. Забавна беше, ОК за тепање време, ама ништо WOW.
Е втора сезона веќе скалило погоре. Почнаа одлично да ги развиваат карактерите, ми се допадна што приказната се спушти на земја, доби на тензија и по секоја епизода едвај чекав да ја пуштам следната. Ми беше криво за Фин, но не очекував дека уште пострашни работи следуваат.
Сега сум до трета сезона. И ова е веќе ко сосема друга серија да гледам од онаа што ја почнав пред недела. Каков разбој, човече! Во секој поглед. И сценографија, и костимографија, и камера, и развој на ликови, и приказна, и може она што нај ме импресионираше - музика. Во првите сезони не ни забележав дали има музика, освен на почетокот со Radioactive на Imagine Dragons. Ама во оваа сезона одлично употребиле парчиња за да надополнат се. До сцената со смртта на Линколн сум (попизден, btw, прво заради Лекса, па заради Линколн), и Cloud на Elias ме доведе до морници, буквално. Значи кога нешто толку ќе ме наежи, не може а да не го наречам a masterpiece!