Никогаш не се тетовирајте во лето бидејќи во тој период сте подложни на трендови, опуштени и лежерни за разлика од вообичаено. Од друга страна тетоважата веднаш ќе ви избледи од сонцето, па така уште првиот месец нема да бидете задоволни од тоа што би требало да го носите цел живот на себе. Освен тоа штотуку тетовираната кожа не треба да се влажни, а тоа е невозможно кога сте на одмор.
Ако сакате да тетовирате име не го тетовирајте своето име или пак името на својот избраник или избраничка. Наместо тоа изберете некои невообичаено име. -Не се срамете да му кажете на тој што ви ја изработува тетоважата што всушност сакате. Треба да бидете сигурни во вашата замисла и да се чувствувате добро со својата одлука.
-Направи сам не е опција. Можеби вашиот пријател е аматер кој сака да ви направи услуга, но размислете дали навистина сакате да се изложите на неквалитетни бои и болести. Ако некој ви боде иглички во кожата истите како и целата опрема треба да се стерилизирани.
Обидете се да ја одржите кожата во добра состојба. Пијте вода и нанесувајте лосион за хидратација. Не пијте алкохол ден пред тетовирањето за да не дојде до обилно крвавење и не се изложувајте премногу на сонце.