Тетка Сабинче Almighty

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.244
Поени од реакции
964
Локација
Скопје
Ако сте загледале Амазон, одвреме-навреме се појавува една гатачка Сабина која гледа на карти. Мене женава ми е тотална глупост! А наводно тврди дека имала не знам какви моќи да фрла маѓии. Ај добро, нека има.

Ама толку провидно и е гатањево, на секој што се јавува му го кажува истото! Имате проблеми во семејството ама се ќе се реши, чекате некакви пари и некакви документи, и сите што ја прашуваат дали ќе се мажам/женам, на сите им вика Да, да, да.

А луѓево таму кажуваат хороскопски знаци, дати на раѓање (што воопшто не ги зема во предвид) и прашуваат за ФАКУЛТЕТ, а оваа им вика “Имате проблеми во љубовта“.
 
Добро де... значи типката се вика САБИНА и ја даваат на АМАЗОН... што не е јасно?:pos2:
 
Епа ваши коментари де. Ја гледате ли, можда сте пратиле порака... Шо толку
 
И заборави да кажеш...предвидува во што ќе се реинкарнира Тоше...:tapp:
 
Сабина ти е една тешка варка.Ја имам гледано уште многу по одамна на некоја друга телевизија мислам беше не сум потполно сигурен.И се јавува тип незнам ти за што ја праша, и оваа со цела памет почна да му вика,дали ме осекаш во твојот стомак AAAAAAAAAAAAAAAA!!!Почна и хируршки интервенции преку телефон да дава ЛОЛ!
 
Леле бре и за оваа тема ли сте отвориле?:)
Оваа кои глупости ги треска не е свесна.Му вика на еден у дворот имаш кајсија,ти носи малер сечи ја а типов вика во зграда живеам.:pos2:
Дури поинтересна ми е Глорија таа со теглите и оној на БТР со керамичката плочка што лечи слепо црево:vozbud:.:pos2:
 
Ја би тоа со закон да се забрани жива паганеријааа
 
Во нејзина чест ќе ги кажам нејзините омилени изреки:"Нешто ти стои" и "Ти си многу добра ама некој страшно ти љубомори"
:pos2::pos2:
 
Ја гледав еднаш кога бев кај Скул дома (она фаќа Амазон :pos:).

Кај сите го верглаше истото: Имаш нека тежина, неки документи, нешто си расеан, имаш тежина, неки документи, чекаш некој глас, нека тежина, неки документи, нешто те мачии, нешто ти стои, неки документи, нешто ти стои...

Дај бе снимајте ја :vozbud:
 
Ја глеавме еднаш - два пати .. и дознавме дека

“Убаво ти стои
Документи ќе се решат
Изненада среќа “

Сите ги чека иста судбина :)
 
Ја гледав еднаш кога бев кај Скул дома (она фаќа Амазон :pos:).

Кај сите го верглаше истото: Имаш нека тежина, неки документи, нешто си расеан, имаш тежина, неки документи, чекаш некој глас, нека тежина, неки документи, нешто те мачии, нешто ти стои, неки документи, нешто ти стои...

Дај бе снимајте ја :vozbud:

Кажете у колку саат почиње и нема да има проблем:)
 
леле ми текнува еднаш еден и се јави и оваа му вика: очигледно е дека дека си роден некаде во зима! испадна дека типот е роден во јуни, а после тоа оваа го убедуваше дека е роден во зима ЛОЛ
 
Сабина е исто како кога некоја другачка ти глеа на кафе. Имаш слон тоа значи тежине, пат отворен-ќе патуваш негде, многу си расеан, имаш некој проблем ама не го кажуваш на никој, некоја смеѓа особа те гледа итн итн.
 
Нешто че да се реши, среќа ти стои, љубов ти стои. Еве некои документи, нешто со законот си имал/а проблеми, али и тоа че да се реши. Ќе се омажиш и сречна ќе бидеш, еве тука нешто ти стои, глас некој очекујеш.
Ма супер си, немаш гајле, чим кај Сабина си се јавила све че да се реши, Боже Господе...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom