Теории на заговор vs. Coincidence theory

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо не е случајно, а за да објаснам што како ќе ми тебаат 2/3 страни сигурно. Затоа не благодарам :)
 
теорија на заговор............ жими мајка ......што си мислите дека постојат кои супер паметни па можат да предвидат десетици можеби и стотици настани кои на крајот би завршиле во нивна корист.......
 
теорија на заговор............ жими мајка ......што си мислите дека постојат кои супер паметни па можат да предвидат десетици можеби и стотици настани кои на крајот би завршиле во нивна корист.......

Да, да...
Како што Американците сами си ги урнаа кулите и со тоа заглавија во Авганистан, нафтата скокна скоро 3 пати, САД изгубија големо влијание. Ептен добро испланирано.
А бе конспираси булшит, некој нема што да прави па се завимава со тоа...
 
колку само површно ги гледаш работите :toe:
 
Ах, по ѓаволите... :)

Не ги гледам работите површно, туку логично, како во случајот погоре.

логика има само во математика ... но не и во политика и во интереси ...
 
логика има само во математика ... но не и во политика и во интереси ...

Баш така.

Само кога некој ќе напиши дека САД си ги урнаа кулите заради нафтата во Ирак, каков одговор сакаш да дадам освен тој дека нафтата рипна на 70, а достигна и 150 долари за барел?! :)
 
Баш така.

Само кога некој ќе напиши дека САД си ги урнаа кулите заради нафтата во Ирак, каков одговор сакаш да дадам освен тој дека нафтата рипна на 70, а достигна и 150 долари за барел?! :)

на многу погрешно место ја бараш логиката ..
 
Баш така.

Само кога некој ќе напиши дека САД си ги урнаа кулите заради нафтата во Ирак, каков одговор сакаш да дадам освен тој дека нафтата рипна на 70, а достигна и 150 долари за барел?! :)
toa e celata rabota naftata da dostigne pogolema cena.
 
ама најголема глупост е дека америте си ги срушиле кулите зараци нафта,односно заради цената на нафтата......тие и ја контролираат цената тие ги контролираат скоро сите поголеми наоѓалишта.........порано вредноста на доларот ја правеле во однос на резервите злато кои ги имаат,но сега вредоста на доларот зависи од нафтата........она амрите што ги боли е што се прават нови берзи за нафта во Иран и Венецуела кои ја продаваат нафта за евра,франци,па дури и рубљи........
 
Рубљата е неконвертибилна и не учествува како валута во меѓународната трговија.
Во Русија котира високо.
Моментално е втора најбарана валута,после американскиот долар.

Дали постојат завери...документирани и докажани?
На пример во овој случај...

http://ww2.boom.ru/Polish/gleiwitz.html

Имаме завера.31.август 1939.
Наводен напад на полските завојувачки орди врз недолжните германски цивили и нивно заземање на радио станицата Глајвиц...денешно Гливице...
Наредниот ден Германскиот Вермахт користејќи го овој инцидент ја напаѓа Полска.

Што мислите навистина Пољаците ја нападнале Германија (како што била официјалната верзија во тоа време,барем меѓу силите на оската...се до Нирнберг :) ) или мислите дека се работи за типична фолс-флег акција...

Хе хе хе...
 
тоа не е завера туку е барање причина за војна неможеш некого да нападнеш без да имаш причина за тоа.......Атила хунски најдобро тоа го знаел.........во екс-Југославија се знаеше дека ќе има голема војна во Босна сите работеаа на терен за почеток на таа војна и Србите и Боснците и Хрватите,ама војната никако да почне оти немаа никаква причина и на крај за почеток на војната одбраа еден банален чин убиство на свадба.....се е во причината......
 
Зборот завера има значење кое не е којзнае што...
Во медиумското перење мозок и холивуд теорија на заговор се прикажува како нешто забегано,нездраво,параноично...
А значењето не е којзнае какво...
Ако ја читаше темата неколку страни наназад имаше објаснување...
http://forum.kajgana.com/showthread...dence-theory&p=3544959&viewfull=1#post3544959

Не е завера туку барање повод за војна?
It`s not as black as the cattle but black as the pot? :)

Завера е по дефиниција.
СС единиците i Гестапо заеднички ја планираат и координираат оваа акција.
Под раководство на Хајдрих (Рајнхард, не форумскиот heidrich :) ) и Милер оваа операција имала за цел да се употреби како фолс-флег ситуација за оправдување за нападот врз Полска.
Под оперативна команда на Алфред Наујокс еден од најдобрите агенти-оперативци со кои располагал третиот рајх земени се дваесетина еврејски логораши од Дахау.
Извесно време се лечени и хранети.Набавени се дваесетина полски униформи.Логорашите се натерани да ги носат униформите.Донесени се до радио станицата Глајвиц.
Претходно оперативениот тим на Наујокс исто така облечени во полски униформи ја напаѓаат и заземаат радио станицата притоа пукајќи наоколу и убивајќи неколку лица (за да овој “напад“ биде веродостоен морало да има и германски жртви).
Потоа ги ликвидираат логорашите и ги оставаат нивните лешеви во полски униформи низ градот...
Пред да заминат од радио станицата емитуваат порака на полски јазик,навредлива и провокативна во која се бара Германија да биде уништена и слични срања...

Хитлер по неколку часа “шокиран“ од “полските ѕверства“ и повредата на “територијалниот интергитет на рајхот“ држи говор за лоботомија на рајата...

Ова била најголемата од 21-те акции планирани и изведени од Абверот со цел да се оправда инвазијата...

Или станува збор за завера,значи координирана и организирана акција со цел да се најде лажно оправдување за целта која била напад на Полска или све ова се случувало случајно,немало никаков план,ништо...:)

Разликата е што Германија загубила и некои пропеале на Нирнбершкиот процес па така денес оваа завера е детално позната.
Во случај да победела Германија официјалната верзија ќе си останела непроменета.
И ќе имала свои поддржувачи...секако...:pos2:
 
Eдна од најголемите теории на заговор е бомбардирањето на Дрезден со фосфорни бомби на цивилното население на 13 февруари 1945 година од страна на САД и Британија кога беа убиени повеќе од 300.000 цивили.

Кој им дал право да бомбардираат детски училишта и болници? Индикативен е случајот во Копенхаген каде што уништуваат едно училиште со сите деца во него, додека германски, француски, италијански и белгиски индустриски центри остануваат нечепнати.

За оние што го гледаат настаните не само онака како што им се сервираат туку какви што се навистина станува јасно зошто големите фабрики, дури и оние кои произведуваат оружје и воени материјали не се засегнати. Тоа е затоа што капиталот е еден и фабриките на двете завојувани страни припаѓаат на една добро замаскирана сила која се движи од скриена рака.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom