Теории на заговор vs. Coincidence theory

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување
Прилично интересно:
Со секое позначајно случување во светот во пакет доаѓаат и разни теории на заговор. И додека за некои од старт сме свесни дека се глупост, други те тераат да се подзамислиш.
j.f.kennedy455.jpg

Ви ги пренесуваме 10-те најпознати теории на заговор според изборот на Times, заедно со нивната не-конспиративна, односно научна верзија. За која од двете варијанти да “гласате“, вие одлучете си, ние не сугерираме :).
Убиството на Џ.Ф.Кенеди
Теорија на заговор:
Американскиот претседател на 22. февруари 1963. година во Далас не го уби Ли Харви Освалд, туку ФБИ, КГБ или мафијата. Раните на телото на Кенеди не одговараат на истрелите. Освалд тврдел дека е невин, но не успеал тоа да го докаже затоа што два дена подоцна бил убиен од мафијашот Џек Руби. Некои сметаат дека Кенеди е убиен затоа што сакал да ја запре Студената војна, а други затоа што ја поддржал инвазијата на Кина.
Наука:
Discovery Channel во 2008. собрал тим научници и спровел истрага за нападот на Џ.Ф.К. Притоа е користена најсовремена технологија како сурогати на делови од човечкото тело, распрскувач на крв и 3Д компјутерски симулации. Тимот заклучил дека силината и насоката на ветерот, аголот и оддалеченоста на куршумот како и оштетените делови од автомобилот се во согласност со официјалната верзија според која Освалд пукал од шестиот кат од магацинот во кој е пронајдена пушката.
9/11
9.11-240.jpg
Теорија на заговор:

Федералните власти на некој начин биле дел од терористичкиот напад или ништо не превземале затоа што им требало оправдување за почеток на војна на Блискиот Исток. Кулите на Светскиот трговски центар не можеле така лесно да се срушат само од ударите на авионите затоа што биле изградени за да ги издржат, а челичната конструкција била заштитена со противпожарна изолација.
Наука:
Симулациите на тимот од Универзитетот Пурду покажаа дека ударите на авионите ја уништиле топлинската изолација на носечките столбови на кулите, па температурата на согорување на авионското гориво од 1.100 целзиусови степени била и повеќе од доволна за да омекнат и да попуштат под тежината на зградата. Во симулацијата структурата се срушила после 4 минути. Освен тоа, подметнувањето на експлозиви би било премногу сложено за да остане незабележано.
Појавата на ХИВ
Теорија на заговор:
Според едни ХИВ е биолошко оружје кое во 1978. година го создал Пентагон за да ги контролира пониските класи на американското општество, особено црнците. Според други, вирусот побегнал од лабораторија во која научниците експериментирале со вакцина против детска парализа.
Наука:
Научниците ги отфрлиле овие теории и заклучиле дека вирусот е резултат на комбинација од видовите на слични вируси со кои биле заразени приматите. Се покажало дека вируси слични на ХИВ во Африка постојат веќе илјадници години, а од мајмуните на луѓето кои го јаделе нивното месо ХИВ преминал пред околу сто години.
Случајот Росвел
Теорија на заговор:
Во јули 1947. година во Росвел, Ново Мексико паднало вселенско летало во кое се пронајдени тела на вонземјани. Војската прво ја објавила веста за падот на НЛО-то, меѓутоа подоцна го затскрила целиот случај. Локалниот патолог Глен Денис објавил дека во базата Росвел се изведени аутопсии на вонземјаните, а во медиумите протекле и нивните наводни фотографии.
roswllcase455.jpg

Наука:
Американската војска ја демантирала веста за падот на НЛО-то и објавила дека всушност се срушил метереолошки балон и на медиумите им ги претставила неговите остатоци. Подоцнежната воена истрага заклучена во 1995. година покажала дека балонот во склоп на тајниот проект “Могул“ бил посебно конструиран за да од големи височини ги открива советските тестирања на нуклеарни бомби и балистички проектили, што во екот на Студената војна не можело да се признае.
Прв човек на месечината
manonmoon240.jpg
Теорија на заговор:

Луѓето во 1969. година не можеле да слетаат на Месечината. Технологијата, особено заштитата од зрачење, се'уште не била доволно развиена за таков подвиг. Претставата ја режирала НАСА, Холивуд и американските главешини, а доказ за тоа се фотографиите од Месецот на кои се гледаат наводни нелогичности како криви карпи, веење на знамето и отсуство на ѕвезди на небото. САД со ова лажирање не само што сакал да заработи политички поени, туку и големи пари кои се собирани за слични мисии.
Наука:
Советскиот Сојуз кој во тоа време водел вселенска трка сигурно би реагирал и би ја разоткрил измамата. На проектот 10 години работеле околу 400.000 луѓе, па би било невозможно сите да се замолчат - полесно би било да се слета на Месецот. Водителите на ТВ емисијата Myth Busters во 2008. година ги истражиле некои од тврдењата за нелогичностите и покажале дека тие се неодржани. НАСА во 2009. година од леталото Lunar Reconnaissance Orbiter го снимила местото на слетување на Аполо 11 за да покаже дека на него се'уште се наоѓаат траги од мисијата.
Бермудскиот триаголник
Теорија на заговор:
За исчезнувањето на голем број на летала во подрачјето на Бермудскиот триаголник кој се протега од Бермудите до Флорида и Порто Рико одговорни се, според една теорија, вознемјаните, а според друга митскиот континент Атлантида. Во тој дел од планетата се забележани необични грешки или откажување на компасите и другите инструменти.
bermudiantriangle455.jpg

Наука:
Американската крајбрежна стража смета дека бројот на несреќи во тоа подрачје не е невообичаено голем ако се земе во предвид големата густина на сообраќајот во него. За исчезнувањето ги сметаат одговорни природните појави како големите изненадни бранови и тропските олуји. Стручњаците тврдат дека во Бермудскиот триаголник не се забележани никакви магнетски аномалии и дека сите компаси работат во рамките на стандардните отстапувања.
Со земјата владеат рептили
david-icke-240.jpg
Теорија на заговор:

Водителот на БиБиСи Дејвид Ајк оваа идеја ја претставил по разговорот со Кристина Фицџералд, некогашна познаничка на принцезата Дијана која е изјавила дека Лејди Ди во една прилика самата и' рекла дека припадниците на кралското семејство се вонземски рептили од друга галаксија. „Тие богови може да владеат со земјата затоа што се малку по број, ги менуваат облиците и се претвораат во луѓе“, тврди Ајк.
Наука:
И покрај фактот што теоријата од ден на ден собира се' повеќе следбеници и поборници, стручњаците не се ни обидуваат да ја побијат затоа што ја сметаат за премногу несериозна и луда за да губат време на неа.
Хемиско запрашување на небото
Теорија на заговор:
Сигурно многу пати сте виделе бели траги на небото од авионите. Според некои теории на заговор тоа се хемиски отрови со кои властите се обидуваат да ги контролираат граѓаните и временските прилики. Илјадници граѓани на САД и Канда покренале тужби против своите влади поради ова тврдење.
Наука:
Бројните истраги покажале дека белите траги настанале со кондензација на нормални емисии на издувни гасови на авионите, Ниедна не открила ништо сомнително.
Електронско банкарство
Теорија на заговор:
Кредитните картички ги осмислила тајна група која се обидува да завладее со светот. Кога луѓето со текот на времето целосно ќе ги напуштат банкнотите и ќе преминат на електронско банкарство, тајното општество ќе предизвика целосен колапс на снабдувањето со електрична енергија во кое ќе се изгубат сите податоци. Ќе завладеат хаос и паника што “тие“ ќе ги искористат за повторно воведување на ропство во современиот свет.
mastercards455.jpg

Наука:
Стручњаците не се ни обиделе да ја коментираат оваа теорија.
Потсвесно рекламирање
Теорија нa заговор:
Медиумите и властите се служат со пораки под нивото на свесно забележување кои се емитираат заедно со некои други содржини за да ги контролираат умовите на луѓето и да ги натераат да ги купуваат нивните производи или да се однесуваат на одреден начин. Терминот “сублиминално огласување“ во 1957. година го осмислил истражувачот на пазарот Џејмс Викари кој во еден филм внимателно сокрил порака за гледачите дека треба да јадат пуканки и пијат Кока Кола. Американските власти во 1974. година покренале постапка која потврдила дека таквото рекламирање постои и го забраниле.
Наука:
Стручните студии покажале дека сублиминалното огласување нема траен ефект и дека истиот не е значително поголем од плацебо ефектот. Освен тоа, неговата делотворност е поврзана со состојбата на учесниците во истражувањето - така, жедните учесници во истражувањето покажале поголема склоност да ја прифатат сокриената реклама за освежителниот пијалок, отколку оние кои не биле жедни. Со други зборови, директната реклама се покажала како многу по исплатлива.

www.Kajgana.com

ti be so sfakas pod nauka ...naucnici ne izlazaa za klimata i globalnoto zatopluvanje i gi fatija zivi , naucnici vraboteni vo svetskata zdravstvena organizacija lazea i proglasija svetska pandemija vo vrska so svinskiot grip (plateni i finansirani od BIG PHARMA .. i ova se sluci samo lani a koj znae kako ne lazat so godini i ova se dokaza DOKAZANO E..

ne me smej samo so ovie postovi

:pos2::pos2::pos2:
 
Што е докажано?! Дека рептилите владеат со луѓето?:pos2:

И уште веруваш дека глобалното затоплување е лага?!
Имам постирано на друга тема за глобалното затоплување....кој не може да сфати...негов проблем. Ќе верува во се...

Бај д веј, дали знаете дека конспираси теорииве земаат огромен замав со наглото проширување на интернетот во светот???
Секој си пишува што сака....а во тоа веруваат доста...
 
PO 1000 TI PAT .....GLOBALNOTO ZATOPLUVANJE PREDIZVIKANO OD COVEKOT E LAGA
 
PO 1000 TI PAT .....GLOBALNOTO ZATOPLUVANJE PREDIZVIKANO OD COVEKOT E LAGA

НЕ!

Глобалното затоплување предизвикано од природата нема да се случи за 3-4 децении.
Да не одиме офтопик, има друга тема за ова.
 
За Кенеди ...
можеби испитувањата покажале дека било пукано од 6ти спрат, но не демантира дека ЦИА или било кој друг е замешан, а па најмалце демантира зошто бил убиен ..

за 9/11 се шо имам си кажав на соодветната тема .. патем „телото“ оформено за испитување на случајот е воспоставено после месеци месеци, со многу мал фонд на пари .. за разлика од други случаеви за кои се оформуваат комисии за недела дена ..
зградите паднаа со брзина скоро на слободен пад .. шо не е можно а да не е контролирано рушење ..

за Хив .. не сум запознает ..

Розвел ... после падот ... има изјава од армијата во весници со наслов Го најдовме дискот и е во наш посед .. за потоа да се демантираат и да испаднат со сликите од балонот .. има нешто тука матно .. од кога демант на армијата се смета за научен доказ? :)

Месечината .. се сомневам дека Првиот Пат е баш првиот пат .. иако верувам дека стапнале .. а Мит Бастерс да се земаат како релевантни за доказ е смешно ..

Бермудски триаголник ... Крајбрежната смета .. но и тоа не е доказ .. може да смета шо сака .. патем од кога Крајбрежната стража е Наука :)

Дејвид Ајк како и секогаш несватен .. не оти некој сватил шо се подразбира под рептилска раса ..

Хемиско запрашување ... кондензациите не траат со саати .. се губат за неколку минути ... а овие траги траат ..

Електронско банкарство .. нема веза .. не е така теоријата .. ќе предизвикале колапс .. глупости ..

Потсвесно рекламирање .. науката само ја докажала како шо гледам оваа теорија а не ја побила ..

најсмешно од се е поистоветување на Крајбрежна стража со Наука, демант на Армија со научно тврдење .. и хемиско запрашување било кондензација .. а трае со часови за разлика од кондензација која за макс 3-5мин се губи трагот :)
 
Хемиско запрашување ... кондензациите не траат со саати .. се губат за неколку минути ... а овие траги траат ..
Не баш.... зависи од времето и висината... не секогаш авионите летаат на иста висина, па затоа понекогаш изгледа како воопшто да не оставаат трага зад нив...
Да не зборувам која е целта на тој заговор и што што се постигнува со тоа...
 
Бермудски триаголник ... Крајбрежната смета .. но и тоа не е доказ .. може да смета шо сака .. патем од кога Крајбрежната стража е Наука :)

Единствена мистерија тука што прави забуни е исчезнувањето на 4 воени авиони во педесеттите години од минатиот век... Сите 4 авиони летале заедно..

А со оглед пространоста на Бермудскиот триаголник и сообраќајот таму...ништо не е чудно...скоро ист процент на несреќи како и во другите региони.

--- надополнето ---

ke pukne meracot be Human

bullshitdetector.gif

Хех, каква иронија...
Булшит теоретичарите да кажуваат за ова.... па ПОБУЛШИТ теорија дека не владеат Рептили НЕМА!
 
Единствена мистерија тука што прави забуни е исчезнувањето на 4 воени авиони во педесеттите години од минатиот век... Сите 4 авиони летале заедно..

А со оглед пространоста на Бермудскиот триаголник и сообраќајот таму...ништо не е чудно...скоро ист процент на несреќи како и во другите региони.

--- надополнето ---

Хех, каква иронија...
Булшит теоретичарите да кажуваат за ова.... па ПОБУЛШИТ теорија дека не владеат Рептили НЕМА!

kazi post deka jas velam deka ne vladeat reptili ili deka ja podrzuvam taa teorija ...ne obvinuvaj mnogu mnogu bezvrska na prazno

nemas nikakvi argumenti a obvinuvas onaka kako TROL nekoj , tebe ti kazav da te klecne vonzemjanin ti treba pod itno toa e FIFTH KIND ..(.ne biva znaes so e third ili fourth kind )
 
Месечината .. се сомневам дека Првиот Пат е баш првиот пат .. иако верувам дека стапнале .. а Мит Бастерс да се земаат како релевантни за доказ е смешно ..

Одиме следно...

И јас не ги земам за релевантни Мит бастерес, ама уште помалку оние другите....
Имаме за оваа тема дискутирано, за реакциите на СССР, за знамето и сл и сл...

Плус тоа откако НАСА направи снимки на местата каде што слетале Аполо мисиите, консприаси теоритичарите тврдат дека само првото слетување е лага...

--- надополнето ---

kazi post deka jas velam deka ne vladeat reptili ili deka ja podrzuvam taa teorija ...ne obvinuvaj mnogu mnogu bezvrska na prazno

Кога сме кај обвинувањето.... не почнав ПРВ!
Ако не тврдиш ова со рептилите, тврдиш дека глобал ворминг е лага... и еве ти за тоа:

Само како пример дека природата неможе да го стори тоа за толку кратко време..... особено кога не е забележана зголемена активност на Сонцето...

Како и повеќето теории и оваа се губи во своите лаги...

--- надополнето ---

За Кенеди ...
можеби испитувањата покажале дека било пукано од 6ти спрат, но не демантира дека ЦИА или било кој друг е замешан, а па најмалце демантира зошто бил убиен ..

Кенеди е доста сомнително.
Досега САД немаат кажано кои стои позади тоа....дали КГБ, ЦИА, мафијата.... мене не ми се верува ова да е дело на еден човек.... сепак, постојат секакви фанатици..... или можеби САД не признаваат дека КГБ биле толку моќни - класично....како што постојат и луѓе што тврдат дека конспираси теориите се создадени од УСА говермент... <<<--- Обрни внимани Фајрвол на ова.... што викаш за оваа теорија?:vozbud:
 
hahahahahhaaha :pos2:

mi postavil dve sliki ovde ....abe ima 50 strani tema posebna za ova od citaj tamu educiraj se ....prirodata sto moze da napravi ne si svesen a kamoli pak za 60- 70 godini (plus ovie dve slikicki se slikani zime i lete i mozda se fake)

eve za edna minuta sto moze da napravi prirodata
guatemalaSinkhole.jpg

za Kenedi e jasno kako den ..voeno industriskiot kompleks mu ja raznese glavata sred bel den za da im pokaze na drugite kukli predsedateli vo idnina ....go ubija i Bobi Kenedi ..go ubija i Martin Luter King
 
Сакаат да верувате во теории на заговор дека така се владее со светот, така се креира илузија на семоќни и секонтролирачки властодршци, а всушност се е игра на случајност. Па оди приинцип што се случи, што можам да сторам во врска со тоа за моите интереси, и што може да се искористи во моментот за постигнување на таа цел.
Дајте им леб и игри и народот ќе биде задоволен, затоа што уште старите римски елити знаеле дека народот владее, ако не е задоволен ќе прави буни ќе крева востанија, ќе менува систем и ништо од бизнисот.
 
hahahahahhaaha :pos2:

mi postavil dve sliki ovde ....abe ima 50 strani tema posebna za ova od citaj tamu educiraj se ....prirodata sto moze da napravi ne si svesen a kamoli pak za 60- 70 godini (plus ovie dve slikicki se slikani zime i lete i mozda se fake)

eve za edna minuta sto moze da napravi prirodata
guatemalaSinkhole.jpg

Земјотреси уриваат цели планини, менуваат текови на реки, вулкани создаваат нови планини...
Но не се работи тука за тоа...
На оваа слика е преставен глечер со милиони и милиони кубни метри мраз.... мраз за кој е потребна огромна енергија да се стопи, создаван со милиони години во предели со температура под нулата...
Вакво нешто не може да биде стопено за 50 години како резултат на природни промени на Земјата, а нема зголемена активност на Сонцето.

Ќе преминам веднаш на темата глобално затоплување, да не одиме офтопик.
 
Сакаат да верувате во теории на заговор дека така се владее со светот, така се креира илузија на семоќни и секонтролирачки властодршци, а всушност се е игра на случајност. Па оди приинцип што се случи, што можам да сторам во врска со тоа за моите интереси, и што може да се искористи во моментот за постигнување на таа цел.
Дајте им леб и игри и народот ќе биде задоволен, затоа што уште старите римски елити знаеле дека народот владее, ако не е задоволен ќе прави буни ќе крева востанија, ќе менува систем и ништо од бизнисот.

Да бе...сосема случајно е...ситуацијата со свинскиот грип беше случајна...18.000 умреа за некој да профитира во тек на економската криза...а на време некои поединци кои обично ги ставаат во категорија “теоретичари на завери“ предупредуваа и кажуваа што ќе се случи...
Сакаш линкови од потврдени и докажани завери? ако те интересира...чисто онака...

За почеток нешто околу 9-11...чисто случајно...
http://www.newamericancentury.org/RebuildingAmericasDefenses.pdf
 
За почеток нешто околу 9-11...чисто случајно...
http://www.newamericancentury.org/RebuildingAmericasDefenses.pdf

На прв поглед изгледа доста интересно..... штом го испечатам ќе го прочитам (на екран е заморно за очи :)).
Колку што разгледав ова е текст од пред 2001 година, се зборува за Амер. одбрана. Како мала забелешка тука (дека САД не го владеат светот) не се спомнуваат (барем колку што видов) воените технологии развиени од Русија и поранешен СССР, како што е и тајниот проект на СССР за соборување на Американските ракети од вселената....(колку е лансиран не знам)...
Сепак доста интересно...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom