Тенисот во Македонија. Игра ли некој тенис?

  • Креатор на темата Креатор на темата JOE
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли некој клуб за тренирање тенис во Скопје, и која е идеалната возраст за дете да почне да тренира?
Aко сакаш да го спремаш про од 2, 3 год. возраст, кординациски вежби (тапкање, фаќање топче) до 5 години веќе треба да ги развие моторните скилови и тука веќе гледаш дали го бива или не. За клубови види тука
 
А летово каде има да се игра тенис рекреативно ама не на земјена подлога во Скопјево? А ако нема такво нешто да биде некоја нормална цена од саат?
 
За никој спорт немам поголема мотивација за трчање од тенис. Проблемот кај нас е што покрај снабдување со квалитетна опрема мораш да плаќаш и термин и тука од старт се губат половина и повеќе потенцијални играчи и љубители на овој спорт во Македонија (n) (зборувам за поредовно играње), е сега друга е приказната ако некој се одлучи да ангажира тренер и поозбилно да ја сфати работата. Во поразвиените градови во ЕУ, барем сигурно знам за Берлин и Виена, си има паркови со по минимум четири бесплатни игралишта и често има тениски зналци кои набљудуваат од страна и се одлучуваат да го пренесат знаењето бесплатно на вистинските таленти и потенцијали.
 
Во кој смисол мислиш за снабдување со квалитетна опрема мораш да плаќаш и термин??

Во другите поразвиени држави има цел систем како одат работите со тенисот. Се прашувам кога ќе видиме некој наш тенисер/ка да направи посериозен пробив. Да, тенисот е спорт што бара доста финансиско вложување, но мислам дека тоа е само еден од проблемите. Очигледно и самите млади не се доволни упорни, знам некои што имаа потенцијал и беа онака добри ама после се откажаа.
Мислам дека има и тренери несериозни и што не се залагаат, а не можам да кажам точно и дали тениската федерација се залага за нешто плус.

Инаку, би можело и од луѓево тука што се (претпоставувам повеќето горе-доле се рекреативци) да се направи едно турнирче :)
 
За тенисот можам да ви кажам дека кај нас најголема активност(турнири) за овој спорт има до 16 или најмногу до 18 години, работата е кога ке ја надраснеш оваа возраст имаш три опции:
1. Да продолжиш да тренираш рекреативно и не се такмичиш
2. Да одиш во странство и да не се враќаш повеќе, бидејќи тенисот во МК за професионалци функционира до 16 години
3. Да се откажеш
Тенисот е одличен спорт но за жал во МК никој не е заинтересиран да го промовира, а и да се грижи за играчите, со цел тие да напредуваат понатаму, се разбира секогаш има неколку исклучоци :D
 
Во кој смисол мислиш за снабдување со квалитетна опрема мораш да плаќаш и термин??

Во другите поразвиени држави има цел систем како одат работите со тенисот. Се прашувам кога ќе видиме некој наш тенисер/ка да направи посериозен пробив. Да, тенисот е спорт што бара доста финансиско вложување, но мислам дека тоа е само еден од проблемите. Очигледно и самите млади не се доволни упорни, знам некои што имаа потенцијал и беа онака добри ама после се откажаа.
Мислам дека има и тренери несериозни и што не се залагаат, а не можам да кажам точно и дали тениската федерација се залага за нешто плус.

Инаку, би можело и од луѓево тука што се (претпоставувам повеќето горе-доле се рекреативци) да се направи едно турнирче :)

Во многу убава смисла мисли дечкото, и јас се согласувам со него. Во Америка и Европа во секој парк имаш игралишта на кои не се наплаќа. Во местото јас каде што бев имаше 8 игралишта во паркот. Многу е кај нас, под 300 денари саат не се наоѓа игралиште.
И јас играв тенис, се откажав на 14 пошо сум од Охрид, на времето јас кога тренирав на зима трениравме по салите на средните училишта. Ужас, не се напреднува така. Башка и тренерот не беше нешо посебно заинтересиран да не носи по турнири, секаде каде што сум била тоа било по иницијатива на татко ми ( без тренер ). Настрана тоа што беше изгор скапо ( рекет и точиња за тренирање ме чинеа 10 000 денари ), а за часовите да не прам муабет....400 мислам дека беше час.
 
има тениски клуб во прилеп ???
 
има тениски клуб во прилеп ???

2-3 би требало да се. Еден маркови кули, еден над пивара и еден пред металец. :D Сега имина не му знам, ама ко сме играле таму, имало и деца шо тренираат.
 
2-3 би требало да се. Еден маркови кули, еден над пивара и еден пред металец. :D Сега имина не му знам, ама ко сме играле таму, имало и деца шо тренираат.
маркови не постои повеќе, а за другиве ќе прашам .
 
Нешто слабо ми сте заинтересирани за играње некој саат тенис, иначе од Охрид сум па ако има некој од Охрид нека каже да изиграме :) На факултет доаѓам во Скопје од 15ти септември така да и со Скопјани може да се пробаме од 15ти па натака. :D
 
Ако немаш тренирано, можи да прајме тројцава, да се менуваме на гемој пошо и онака капнувам ја. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom