Тенисот во Македонија. Игра ли некој тенис?

  • Креатор на темата Креатор на темата JOE
  • Време на започнување Време на започнување
Поздрав до сите тенисери во Македонија !!! :D

Не знам како да ви се обратам, но навистина ми е криво што нема успеси во македонскиот тенис .... Јас сум само обичен обожавател на македонскиот спорт .... имаме колку толку добри успеси во фудбал,кошарка,ракомет,одбојка ... но не ми јасно што се случува со македонскиот тенис ?!! Зошто нема познати имиња дали во машки,женски или репрезентација кои се познати во европа ?! Не ми е јасно што не стопира ?! Ги гледам Србите,Хрватите,Босанците,Бугарите и другите околу нас иман некои успеси .... да не збориме за Хрватите и Србите и Бугарите ..... но зошто не успева македонскиот тенис ... а има интерес,услови,терени,знаење,се наоѓаме во регион од каде потекнуваат момемтално најдобрите тениски спортисти .... што е причината,што се случува моментално ... има некој да направиме една дебата за овој спорт .... навистина криво ми е што нема македонци во овој спорт а искрено имаме се пружено на маса и на дофат ни е ..... благодарам :)
 
ај дајте предлог каде во ск да играм тенис,немам рекети и што пари би ме чинело?
 
Штета што порано не го загледав ова за турниров во АБЦ :(
Знаете ли дали и каде има вакви турнири за тие што не се професионалци во тенис?

И да, ако случајно некој е за тенис во скоро време, нека пише..
 
Ако некој е расположен за партија тенис нека ме контактира во инбокс. Рекреативно играм тенис веќе 7 години и барам спаринг партнер кој што е во натпреварувачка форма :) Ве очекувам
 
Со цимерот сакаме да изиграме едно тенисче па ако може некој да ми каже каде е најсолидно за околу 200 денари одприлика добро теренче, со опрема дали има? На пример од овие што ги правеа од агенцијата за млади и спорт... За во Скопје прашувам.. И бројче ако може право.. :)
 
200 денари саат? У Аеродром е 300 или 400 ако не се лажам, Југ исто, ако не и посакпо. Во Илинден имаш за 230 денари саат на тврда подлога, али се сомневам дека ќе ти одговара таму. :)
 
Ти реков Прилеп да се запишиш, 100че сат. :cool:
 
200 денари саат? У Аеродром е 300 или 400 ако не се лажам, Југ исто, ако не и посакпо. Во Илинден имаш за 230 денари саат на тврда подлога, али се сомневам дека ќе ти одговара таму. :)

Имало во Ѓорче бе за 200 акординг ту пеџа д мод. :D
--- надополнето: 6 октомври 2013 во 20:32 ---
Ти реков Прилеп да се запишиш, 100че сат. :cool:

Акл за друг пат.. :D
 
Имало во Ѓорче бе за 200 акординг ту пеџа д мод. :D
--- надополнето: 6 октомври 2013 во 20:32 ---

Акл за друг пат.. :D

200 ден саат а 300 на рефлектори тврда подлога у основното Мирче Ацев се наоѓа теренот ако е заинтересиран некој можам да ви најдам бројче за конакт :)
 
200 ден саат а 300 на рефлектори тврда подлога у основното Мирче Ацев се наоѓа теренот ако е заинтересиран некој можам да ви најдам бројче за конакт :)

Се јавивме во општината ние, ни кажаа пак таму да ѕвониме утре после 8, ама ако имаш мобилен од тој Лука пиши го, да му се јавеме уште од сега. :D
 
И да, ако случајно некој е за тенис во скоро време, нека пише..

Игравме јас и Мац, во Петар Поп Арсов во К-4... бесплатно е, ама терените се ретко слободно. Ако има уште 2ца, да се измешаме :D
 
Игравме јас и Мац, во Петар Поп Арсов во К-4... бесплатно е, ама терените се ретко слободно. Ако има уште 2ца, да се измешаме :D

Ќе има, уште еден да најдеме и играме иако и во Мирче по 50 ако ни дојде не е скапо ич :) .
 
Здраво,
Барам другар за играње тенис, попладнечки после работа и/или во сабота/недела. Играм рекреативно од пред четири месеци.
Контактирајте ме во inbox или на ivo.antonijevic@mt.net.mk
 
Да не знае некој која цена е во александар палас во балон? Или предлог каде е најефтино.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom