Тенисот во Македонија. Игра ли некој тенис?

  • Креатор на темата Креатор на темата JOE
  • Време на започнување Време на започнување
Каде има бесплатен тениски терен близу универзална сала ? :)
 
Па близу универзална тешко. Во Карпош нели има (Скејт парк, Петар Поп Арсов, Коменски) и нз дали имаше некои кај Аеродром..
 
Ако имаш алтернатива, не би ти препорачал да се замараш на бесплатни терени... Обично се чека саат-два, и често ќе се испокараш поради тоа ќе си дојде друштво од 5-6 души и цел ден се на терен. И во прилична лоша состојба се, со дупки, нечисти, со паднати мрежи итн. На кеј најверојатно уште имаат мрежи, во некои од основниве школи им ги извадија мрежите, а две години уназад на ниту еден од терените не работат рефлекторите.

Во Аеродром „бесплатните“ терени припаѓаат на ТК АС, лани наплаќаа 400-500 од саат. Мислам дека компензираа поради тоа што им ги срушија земјените терени со градењето на новата спортска сала на МЗТ, али бајаги време немам прашано или поминато од таму, не знам како е сегашната ситуација. Во склоп на сала Борис Трајковски се прават два нови терени со тврда подлога, па надежно од пролет ќе видиме колку ќе коштаат...

Сега кога е полошо времево, ептен луксуз станува тенисот, пар години уназад балоните (Форца, Југ и АС) коштаа околу 1000 од саат. Во Кисела Вода имало сала каде што подлогата е тепих, и наводно цената е 700 од саат, да не збориме бенефит дека нема да играш во затворено ќесе со прашина. Ако некој бил претходно и сака да сподели искуство би било супер...
 
Во Кисела Вода халата не е тепих туку тврда подлога,а надвор терените што не се покриени се тепих али не би ти препорачал таму да играш, а сега терените (тврда подлога) во Аеродром исто така се наплаќаат и се на Тениска Академија Аеродром (така се вика новиот клуб).
 
И да се стандардна цена преку зима не би играл во балон пошто не е здраво.
 
Играв јас позади Сити Мол што се терените, на кеј. Супер e, мрежата е исто така океј висина, а и немаше нешто гужва... добро и времево не е баш најдобро, најверојатно поради тоа :)
 
Дајте бе да зејме еден термин за во балон, во двојки да поиграме се исплаќа. :D
 
Каде се наоѓаат терените во Аеродром и како се движат цените одприлика? Неам играно тенис од Септември. :(
 
Аку е некој за сингл тенис нека пише, аку е сончево времево би играле позади City Mall на кеј или кај основното училиште, играв неколку пати и одлично е доколку не послужи времето. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom