GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Де бе па ти, го мислев како комплимент. Не за согласувањето, туку како вие да сте ги пишувале, а ве знам дека не сте ни блиску лоши ко дечкиве. :D
знам дека така го мислеше, али финтата е шо ги донел истите заклучоци и тоа беше важното, другото е неважно(кој е и како го напишал) :). Иначе у глобала, ич не го можам тој "мк рецензентски речник", премногу "фенси" за мој вкус :D

И ко шо реков, ја приказна барам, ликови, глума, сценарио итн., за да ме внесат и ми ја пренесат пораката шо сакал режисерот да ја пренесе. Овде ништо од тоа не видов, тоа ми е проблемот, не сексот, он е најмал проблем
 
И ко шо реков, ја приказна барам, ликови, глума, сценарио итн., за да ме внесат и ми ја пренесат пораката шо сакал режисерот да ја пренесе. Овде ништо од тоа не видов, тоа ми е проблемот, не сексот, он е најмал проблем
Абе јас и без приказна би можел. Baraka на пример една приказна што нуди... што да ти кажувам. Ама филмот е З-А-К-О-Н. Овде ништо немаше, не само приказна, туку буквално ништо барем малку надпросечно. Освен сексот. :P
 
Да му ебам мозоците расипани да му ебам да знаев дека вака завршува не го пуштав.
 
8 од 10 од мене.
Содржински успешно претпоставив како ќе заврши, мада и не беше многу тешко со тоа што беше нафрлено и немаше баш некој посјајна опција.
Хауева, поголемиот дел од секс сцените беа за :cuc: или :drk:како сакате. Многу добра камера со прекрасни мукики/саундтрачиња у позадина. Посебно тројката. Епска сцена.
И пак има си некоја поука филмот, своето бато - што викаше бате Ване ( не е спојлер, нема никој СИДА да фати во филмот).:pos:
 
Одолговлекував да пишам рецензија за филмов затоа што заглавив во читање негативни коментари за него :icon_mrgr:

Мене ми е еден од фаворитите на годината, не сакам „да го бранам" филмот но мое мислење (и доживување секако) е дека филмов е hidden gem кој иако звучи клише, ама навистина не е за секого. Океј, на форум сите сме дечки со истенчен вкус :icon_mrgr: ама што би очекувале од човек кој цели 10 минути ја осквернави Моника Белучи на филмско платно?

Love за мене го постигна се она што го очекував од него, експлицитност и хуманост, истата формула од Irreversible, филмот ако пренесува некоја порака (а тоа е многу тешко да се дознае нели...) тоа е пораката која кажува дека на крајот, сепак, луѓето се човечни и покрај сите срања кои ги прават/им се случуваат.

Ми се допаѓа што главниот протагонист во Love беше карактер кој е толку едноставен што секој од нас барем за миг би се нашол на негово место. Тоа ми е најдобрата одлика на филмот - ликовите во него не се прават дека се нешто повеќе од тоа што можат да бидат. Дијалозите во филмот се токму на место - кажуваме клише фантазии на девојки кои ги запознаваме, прометнуваме некоја филозофија и заинтересираност, ветуваме работи и после еден ден ги нема. Звучи познато? Колку пати сме поминале низ ова? :icon_mrgr:

Експлицитноста на филмот може не мора до толку да биде нагласена, но неопходна е. Ное прави паралела помеѓу романтичната љубов (долгите прошетки на парот) и сексот со сите свои страсти and whatnot.
Ако експлицитноста, од друга страна, не ја помага приказната или не кажува нешто за ликовите, ми пречи. Има еден филм на Кроненберг, не можам да се сетам на името, со Виго Мортенсен е, каде главниот лик на сред филм од нигде никаде на скали ја присилува жена си на секс. Мене ми смета затоа што нема нешто што го води филмот до таму, со таа сцена како да ми го тргнува фокусот од приказната.
Овде не е така, овде на интрото ти покажува - еве што ќе гледаме цел филм, еве го машкиот полов орган ете го женскиот, повели.

Од друга страна, монтажата, музиката и кинематографијата се неверојатно изработени. Монтажата заедно со музиката и оние стотинки темен екран ја поткрепуваат тензијата, а кинематографијата и нејзините long dolly shots го прават филмот поетичен.

Ќе ја цитирам рецензијата што ја читав последно, дечкото рецензент вели
Колку и да зборуваат дека се грижат едни за други и да зборуваат дека врската што ја имаат е исполнета со страст, тоа никогаш не се доловува на екран. Актерите немаат воопшто меѓусебна хемија и нивните изведби се дрвени и лоши. Ликовите се потполно оставени во втор план, а тоа е разбирливо бидејќи немаат ни воопшто време да се развијат и оформат од сите секс сцени исфорсирани во приказната.
Не знам дали ја гледал menage a trois сцената, ама тука има страст како нигде во друга уметност.
Актерите имаат неверојатна хемија помеѓу себе, а главниот лик се развива и менува до крајот на филмот.

А крајот, крајот го враќав едно десетина пати досега и го чувам филмот само за да го пуштам одвреме навреме... Неверојатен крај. Го прегрнува синот и девојката која никогаш веќе нема да ја види. Јас поубаво нешто одамна не сум видел. Ме прави среќен што го сакам филмот како уметност. :angel:
 
Многу е смешно кога култна сцена го изедначувате со евтин шок фактор.
Ко уау кој би помислил дека 90% од луѓето ќе се изреволтираат ако им плеснат пенис во кино.
Неповратливо е филм од кој ми се згади, и не поради силувањето туку поради смачкување човечка глава со ПП апарат.
Контроверзија, по контроверзија луѓето го очекуваат тоа и веќе не им е интересно. Треба нова песна да пее Ное, ако сака да го памтат со повеќе од 2 филма.
Ко топла вода да се измислило се дига прашина.

ту еџи фор ми.
 
Богами каков крај извади режисеров на Arrival :cuc: Убаво филмче за дискусија, може да се стави во една подзаборавена тема.

da moze vaka
da ne spojlnate nekoj (jas)
a gledam povlekuva diskusija pa da ne bidete limitirani
 
da moze vaka
da ne spojlnate nekoj (jas)
a gledam povlekuva diskusija pa da ne bidete limitirani
Не му е рано за тука? Кој ќе дискурира, тие два-тројца што го гледале на кино? Јас уште ги бојкотирам Синеплекс. :P
 
За Arrival не ми се јасни критикиве што го дигаат до толкави рејтинзи.

Филмот не нуди ништо ново, комплетна рециклажа од веќе видени филмови како Interstellar, Contact, Independence Day итн.

Мислам дека сите што го пратат поджанров, веќе на пола филм им стана јасен наративот и концептот/идејата.
 
За Arrival не ми се јасни критикиве што го дигаат до толкави рејтинзи.

Филмот не нуди ништо ново, комплетна рециклажа од веќе видени филмови како Interstellar, Contact, Independence Day итн.

Мислам дека сите што го пратат поджанров, веќе на пола филм им стана јасен наративот и концептот/идејата.
Интересно кои филмови ги искористи за паралела, јас само што излегов од кино прокоментирав нешто ко „Баш ми се свиѓаше овој Arrival, посебно ми се свиѓаше тоа што не беше од типот на филмови како Independence Day, и другите веќе видени со инвазии и апокалипси"

Вака, без навреда на фановите на овој тип на филмови, ама мене ми се имаат смачено плотови со alien invasion, и искрено Arrival беше многу убаво освежување од тој поглед. Јас немав поим што е плотот на филмот, не следев критики, не следев рејтинзи, немав ни некој посебен интерес, очекував клише приказна, добив нешто многу подобро од секој поглед. Дури и да очекував, немаше тоа да ми ја намали импресијата. Credit WIcked, where credit is due.

Во однос на Интерстелар, мислам дека воопшто не може да се влече паралела со него, jас барем не видов нешто кај што овие два филма се слични, плотовски или било како, освен што и двата се sci fi а тоа не дава многу материјал за споредба, така што воопшто Интерстелар не го земам предвид во групата на овие филмови.

Евентуално Контакт може да е сличен, ама мене Контакт не ми е гледан така што не ни имам некаква аргументација околу оваа споредба.

Се на се драг мој, ете може јас сум ограничена, ама јас твистот не го предвидов и ме фати неспремна, и ако не друго.. тоа ми го направи цел филм, знаеш она, кога ти се поклапаат коцките во еден момент и си во состојба на epiphany, епа тоа!
 
За Arrival не ми се јасни критикиве што го дигаат до толкави рејтинзи.

Филмот не нуди ништо ново, комплетна рециклажа од веќе видени филмови како Interstellar, Contact, Independence Day итн.

Мислам дека сите што го пратат поджанров, веќе на пола филм им стана јасен наративот и концептот/идејата.
Се сложувам освен со се освен делот со крајот. Јас сфатив што се случува во сцената каде што и објаснуваше на ќерка и дека ќе биде вечна покрај езерото.

Пред некое време имаше овде коментари за Black Swan и ме натеравте пак да го гледам оти впечатоците ми беа негативни. И по второто гледање го имам истиот впечаток дека филмот е ептен преценет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom