стабилен ли е оптичкиов нет
Јас сега брзо го сменив 3Max Start со 3Max Optic Start и за стабилност неможам објективно да зборувам дека прекратко го користам. Она што можам да го кажам е дека апгрејдот дефинитивно вреди. За 2-3 саати дојдоа и ја наместија мрежата и опремата, не ја пресекоа старата конекција се дур не ја инсталираа новата, значи не останав без интернет ни минута.
На speedtest.net вади плус минус 48Mbit download и нешто помалку upload (50Mbit е тој пакет по договор). Реален download на торенти ми е 5.5-5.7MB/s доколку има доволно сидери.
Многу поприметно е што пингот/лагот во игрите е значително намален од некои 90-120ms на 60-70ms latency (80-90ms со торент сидање во позадина што е смешно), ова исто многу зависи и од далечината на серверите на играта а инаку на speedtest дава 9ms пинг до Телеком. Youtube подолгите видеа од по саат и нешто се вчитуваат веднаш и доколку моташ на средина не чекаш 2-3 секунди дури да се вчита. Исто многу потечно е сурфањето на интернет, брзо се отвараат страниците и доколку има слики/гифови брзо ги вчитува.
Рутерот кој го инсталираат зрачи Wi-Fi сигнал половина од брзината на линијата, кај мене конкретно отприлика 22Mbit што ми е сосем доволно за лаптоп, смартфон или што и да уклучам.
Во глобала за она кратко време што го користам и што успеав да истестирам сум задоволен и не се каам што мигрирав во оптички пакет. Сега треба време да помине да видам колку е стабилен споредено со ADSL-от кој кај мене лично беше стабилен со исклучок на еднаш двапати кога имаа дефект во централа, што е нормално кога станува збор за технологија и мрежи.
Можам ако те интересира повеќе околу торенти да истестирам дали ја ограничуваат брзината или дали кочат upload и такви работи па да пишам пак. Само 2 филма симнав од приватен тракер и многу брзо се симнаа а upload не качува ни приближно колку download, дали Телеком кочи сидинг или не е баран торентот моментално не знам, треба повеќе тестирање.